Девојката која истрча на теренот во финалето на ЛШ, планира да го повтори делото


Американскиот модел со полско потекло Кинси Волански, која истрча на теренот во финалето на Лигата на шампионите меѓу Тотенхем и Ливерпул (0:2) има намера да го повтори делото.

По финалето, Волански драматично го зголеми бројот на претплатници на Инстаграм, од 300.000 до 2 милиони.

Покрај тоа, Волански и нејзиното момче, Виталиј Здоровски, по „инцидентот“ во финалето, заработија околу четири милиони евра на различни реклами.

– Кога ќе наполнам 30 години, планирам да заработaм доволно пари за да го напуштам бизнисот со модели, а втрчување на терен во финале на Лигата на шампионите само ќе ми помогне во тоа. Планирам повторно да се симнам на терените за да ја зголемам популарноста. Реакцијата беше неверојатна, јас бев среќена. Тоа беше највозбудливиот момент во мојот живот, изјави русокосата Кинси.