Британија со 18 милиони фунти против ширење лажни информации во Источна Европа


Англија– Во наредните три години британската влада ќе одвои 18 милиони фунти (22,5 милиони долари) за борба против ширењето лажни информации во земјите од Источна Европа и за поддршка на независните медиуми во земјите од Западен Балкан. -Важно е да се создаваат услови за непречено работење на новинарите, истакна британскиот министер за надворешни работи Џереми […]

По две гласачки ливчиња за дел од британските конзервативци


Лондон – Дел од членовите на британската Конзервативна партија добиле повеќе од едно гласачко ливче за изборот на нов лидер на партијата, кој, исто така, ќе стане нов премиер, јави Би-Би-Си. Гласачки ливчиња биле испратени на адреси на околу 160.000 членови на Конзервативната партија во земјата, но истрагата откри дека некои членови добиле две гласачки […]

Трамп на твитер: „Ви благодарам господине претседател“


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на твитер објави благодарница до самиот себе, наведувајќи дека целиот свет им завидува на САД и на приказната за успехот на Волстрит. „На нашата држава ѝ завидува целиот свет. Ви благодарам господине претседател“, твитна Трамп. Со таа порака тој објави и твит од официјалниот налог на Белата куќа […]

ЕПП и Социјалистите и демократите ги задржаа позициите во Европскиот парламент


Европските народни партии (ЕПП) и Социјалистите и демократите  (СД) си поделија девет од 12 потпретседателски места на Европскиот парламент. Новата група создадена од партијата на Емануел Макрон и либералите Ренова им помогна да ја задржат оваа биполираност, која беше осудена од Зелените, јави дописникот на МИА од Стразбур. Коалициските договори меѓу политичките сили неизбежно доведуваат до компромиси. Но, изминатата […]

Владата на САД сака да заплени околу 12 милијарди долари имот на Ел Чапо


Владата на САД има намера да заплени имот од 12,6 милијарди долари од мексикански дилер на дрога, Хоакин Гусман, попознат како Ел Чапо, и тоа е износот што неговиот картел го стекнал додека тој бил на чело. Обвинителот од суд во Бруклин изјави дека е овластен да бара одземање на имот и средства што се […]

Мадуро ја повика опозицијата на дијалог


Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја повика опозицијата на дијалог со цел да се постигне национално помирување. -Го повторувам мојот повик за национален дијалог, заради мирот. Следната недела ќе имам добри вести за резултатите од нашите преговори. Продолжувам да инсистирам на воспоставување постојано тело за мировен дијалог, рече Мадуро,. Тој повика на мир и национално единство. […]

Сибир: Во поплавите 22 загинати и над 400 повредени


Повеќе од 400 лица се хоспитализирани со повреди од поплавите што го погодија регионот Иркутск на југоисток од Сибир, изјави денеска рускиот заменик-министер за вонредни состојби Павел Беришев. До петок попладне, беа пријавени 22 смртни случаја, додека 15 лица се исчезнати. -За жал, 22 лица загинаа, 410 се хоспитализирани, а медицинска помош беше обезбедена во […]

Стејт департмент: ОН обелоденија една од најзагрижувачките статистики за безнадежноста и хуманитарната криза во Венецуела


САД ја изразуваат својата загриженост поради грубо нарушените човекови права и насилствата наведени во извештајот за човекови права на ОН, се вели во синоќешното соопштение на американскиот Стејт департмент. -Извештајот ја прикажува длабочината на безнадежноста и хуманитарната криза во Венецуела. Потврдува дека режимот на Николас Мадуро и неговите бандити грубо ги нарушуваат човековите права на […]

(ВИДЕО) Земјотрес со јачина од 7,1 степени во Калифорнија, има повредени


Земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди јужна Калифорнија, оштетувајќи згради и патишта, а има и повредени, објавија локалните власти.   Епицентарот на земјотресот беше во близина на Риџкрест, на околу 240 километри од Лос Анџелес, на длабочина од околу 900 метри. Новиот потрес ги оштетил патиштата во тој дел од Калифорнија. Директорката за […]

На Алјаска рекордна температура од 32 степени


Температурата на меѓународниот аеродром во најголемиот град на Алјаска, Енкориџ, достигна рекордни 32,22 степени. Највисоката температура во овој град претходно е измерена на 14 јуни 1969 година и изнесувала 29,44 степени, информира Боб Клеј од Националната метеоролошка служба. Тој додаде дека просечната температура за јули во Енкориџ е 23,89 степени.

Полска: Лицата до 26 години ослободени од данок на доход


Пратениците во Долниот дом на полскиот Парламент одобрија мерка со која повеќето млади работници ќе бидат ослободени од обврската да плаќаат данок на доход. Одлуката е усвоена со цел да се спречи заминувањето на младите во други земји од ЕУ во потрага по подобри плати. Со оваа мерка се пропишува работниците помлади од 26 години, […]

Гаф на Трамп: Американската војска се борела со авиони кога не постоеле


Американскиот претседател Доналд Трамп направи кардинална грешка за време на говорот по повод Денот на независноста. Во еден момент тој ги пофали американските војници, за кои рече дека преземале аеродроми од Британците за време на револуционерната војна во доцните 1700-ти. Трамп ова го кажа за време на едночасовниот говор кај меморијалниот центар на Линколн во […]

Поранешен норвешки министер осуден за сексуално злоставување на азиланти


Поранешен норвешки министер е осуден на пет години затвор поради сексуално злоставување на тројца баратели на азил, потврди Обвинителството. Свеин Лудвигсен (72), поранешен министер за рибарство е осуден поради злоупотреба на положбата покраински гувернер и искористување на неповолната положба на тројца млади мажи, од кои едниот со психички проблеми. Мажите кои сега се на возраст […]

Еден загинат, петмина повредени при удар на камион во руска амбасада во Техеран


Камион-мешалка за бетон удрил во ѕидот на руската амбасада во Техеран, при што едно лице загина, а петмина се повредени. Според локалните медиуми, 36-годишниот возач ја загубил контролата врз камионот, удрил во два автомобили, а потоа во ѕидот на дипломатското претставништво. Возачот го загубил својот живот откако камионот го зафатил пожар. Повредените се пренесени в […]

Швеѓанка уапсена поради поврзаност со тероризам


На лондонскиот аеродром Гетвик е уапсена 40-годишна Швеѓанка поради сомнеж дека подготвувала терористички напад, соопшти британската полиција. Таа е уапсена откако со летот од Италија пристигнала во Велиак Британија. Моментно се наоѓа на сослушување во полиција, а обвинение се уште не е покренато. Британија го подигна предупредувањето за терористички напади на „сериозно“ ниво, врз основа […]

Јункер разочаран од начинот на избор на Урсула Вон дер Лајен


„Процесот не беше сосема транспарентен“ е коментарот што досегашниот прв човек на Европската комисија Жан Клод Јункер го даде за начинот на кој лидерите на Европската унија ја именуваа неговата наследничка на функцијата Урсула Вон дер Лајен. Претседателот на Европската комисија во заминување упати остри критики за именувањето на неговата наследничка на високата функција, германската […]

Германците не и веруваат на Фон дер Лејен


Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен, која е именувана за претседателка на Европска комисија, нема доверба кај Германците, покажуваат резултатите од анкетата на државната телевизија АРД. Дури 56 отсто од Германците изјавиле дека Фон дер Лејен нема добро да раководи со ЕК, а само 33 проценти оцениле дека политичарката од владејачката Христијанско-демократска унија […]

Путин доцнеше еден час на третата средба со папата


Ватикан – Рускиот претседател Владимир Путин вчера се сретна со папата Франциско, еден ден пред католичките водачи на Украина да пристигнат во Ватикан за да разговараат за кризата во нивната земја. Посетата доаѓа за време шпекулациите дека таа би можела да биде најава за првото патување на папата во Русија. „Ви благодарам за времето што […]

Полскиот Парламент одобри закон за ослободување од данок на доход за млади под 26 години


Долниот дом на Парламентот во Полска одобри нацрт закон за ослободување од данок на доход за млади под 26-годишна возраст. Документот го поднесоа владејачката партија Право и правда и е поддржан од 419 пратеници во Сејмот. Четворица гласаа против. Согласно текстот, приходите на лица ако не се над 85.500 злоти бруто (20.000 евра) нема да […]

Се урна хеликоптер на Бахамите, седуммина загинати


Седум Американци загинаа откако хеликоптер се урна што летал од островот Биг Гранд Кеј на Бахамите до Форт Лодердејл во Флорида, соопшти полицијата на Бахамите. Меѓу жртвите се Крис Клајн, милијардер и рударски претприемач од Западна Вирџинија, објави весникот „Реџистер Хералд“ од Беркли, кој се повикува на гувернерот Џим Џастис. Полицијата соопшти дека хеликоптерот исчезнал […]