(Видео) Крадец го прекина грабежот за да спаси деца да не ги прегази автомобил


На видеото што беше објавено во вторникот се гледа моментот кога две деца преминуваат на пешачки премин, додека кон нив се движи автомобил.

Автомобилот сигурно ќе ги удреше и ќе ги повредеше ако не беа спасени од човек кој виде што се случува. И, сè ќе беше во ред ако човекот што ги спаси во моментот не ограбуваше продавница во близина.

Сепак, тој се откажа од намерата и го прекина грабежот со цел да ги спаси децата. Децата поминаа само со полесни повреди, а крадецот потоа побегна.

Полицијата ги потврди сите детали за инцидентот и сега го истражува случајот.