Девојче тужи машки затоа што не сакале да ја примат


Деветгодишно девојче поднесе тужба против берлински хор составен од момчиња, бидејќи не ја примиле да биде член. Судот утре ќе ја донесе одлуката.

Во тужбата се посочува дека девојчето било одбиено само поради полот и оти тоа е родова дискриминација.

Државниот катедрален хор, основан 1465 година е еден од најпознатите хорови од момчиња во Германија. Основач бил Фридрих Втори од Бранденбург и во изминатите 554 години никогаш не примил член од женски род.

Девојчето чие име и потекло не се соопштени, се јавила на аудиција во март годинава и не била примена.

Хорот тврди дека била одбиена не само што е од женски пол, туку дека би и бил понуден ангажман доколку покажела исклучителен талент. Судот констатирал дека не покажала дека гласот ги исполнува барањата потребни од кандидатите кои доаѓаат на аудиција.

Мајката на девојчето, која ја поднела тужбата во нејзино име, тврди дека одбивањето да биде примена е дискриминаторно и оти го крши нејзиното право да и се дадат истите шанси како на другите кандидати, иако се работи за хор кој делумно го финансира и државата.