Калин: Турција соодветно ќе одговори на нападот во Ербил


Турција на соодветен начин ќе им одговори на оние кои го извршија издајничкиот напад врз турските дипломати во Ербил, главниот град на автономниот регион Курдистан, на северот од Ирак, напиша денеска на Твитер Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Тој наведе дека се во тек напори за фаќање на напаѓачите, пренесоа американските […]

Протоколот за ратификација на членството на Северна Македонија во НАТО пред француската влада


 Француската влада на денешниот министерски совет го разгледа Предлог-законот за  одобрување на ратификацијата на Протоколот од Северноатлантската спогодба за пристапување на Република Северна Македонија, претставен од министерот за Европа и надворешни работи, јавува дописникот на МИА од Париз. –Влегувањето во сила на протоколот кон Северно-атлантскиот договор за пристапување на Северна Македонија ќе ѝ овозможи на оваа земја да стане […]

Турскиот заменик конзул во Ирак, убиен во напад врз ресторан во Ебрил


Турски дипломат е убиен во Ебрил, главниот град на ирачки Курдистан, соопштија безбедносни извори, пренесува Би-Би-Си. Жртвата наводно е заменикот турски конзул во овој град. Тој бил меѓу неколкуте лица кои вечерале во ресторанот „ХуКабаз“, кога непознати вооружени напаѓачи отвориле оган врз нив. Турскиот весник „Џумхириет“ пишува дека во нападот загинале двајца турски дипломати, а […]

Меркел денеска работно го слави својот 65-ти роденден


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска работно го слави својот 65-ти роденден, со нов успех на нејзината политика. Меркел има намера денот да го мине „сосема нормално“- со седница на владата, бидејќи, како што вели, таа била предвидена со календарот за работа. Покрај тоа, на денешната седница Меркел имаше и што навистина да прослави -Урсула фон […]

Јоханес Хан повторно ќе биде номиниран за комесарска функција во ЕК


На вонредна седница на австриската Влада, закажана за утре,   Јоханес Хан повторно ќе биде именуван за австриски кандидат за некоја функција во идниот состав на Европската комисија. Австриската канцеларка Бригите Брилајн минатата недела најави дека официјална Виена ќе го предложи Хан за нов еврокомесар од оваа земја. Тоа ќе треба да биде трет мандат на […]

Берлин купи 670 стана на алејата „Карл Маркс“ од приватен сопственик


Сојузната држава Берлин откупи 670 стана на историската алеја „Карл Маркс“ од приватен сопственик по децении на приватизацијата на имотот во германската престолнина. Престижниот проект од 1950-тите за социјалистичката Источна Германија, големиот булевар кој се протега од центарот на градот до Фридрихшајн на исток, е прва линија на долгогодишна борба за гентрификацијата и зголемувањето на […]

Крим: 40 деца и возрасни хоспитализирани поради труење со храна


Околу 40 деца и возразни се хоспитализирани поради труење со храна во летен камп на Крим, соопштија локалните власти. Според здравствени официјални претставници, повеќе од 40 лица се пренесени в болница, главно со слаби симптоми, а има деца и возрасни. Директорот на летниот камп Ренат Кајумов изјави дека децата пристигнале од Казањ, главниот град на […]

Поранешниот претседател на Перу уапсен во САД


Поранешниот претседател на Перу, Алехандро Толедо е уапсен во САД врз основа на издадена потерница, соопшти Канцеларијата на јавниот обвинител во Лима. Толедо, кој во Перу се смета за бегалец, одби да ја почитува одлуката на локалниот суд и да помине 18 месеци во притвор пред судењето под обвинение за наводна корупција во случај поврзан […]

Претставничкиот дом на Конгресот ги осуди „расистичките“ коментари на Трамп


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои резолуција со која се осудуваат „расистичките“ коментари на претседателот Доналд Трамп за членките на Конгресот од малцинските заедници. За резолуцијата гласаа сите демократи и четворица републиканци. Со резолуцијата, усвоена со 240 гласа, силно се осудуваат „расистичките коментари на Трамп кои го легитимираа и зголемија стравот и омразата кон новите […]

Крамп Каренбауер е новата министерка за одбрана на Германија


Германија– Наследничката на Ангела Меркел на местото лидер на Христијанско демократската унија (ЦДУ), Анегрет Крамп Каренбауер ќе ја преземе функцијата министер за одбрана од Урсула фон дер Лајен, изјави владиниот портпарол Штефан Зајберт. Урсула фон дер Лајен, која вчера беше избрана за претседателка на Европската комисија, денеска ќе поднесе оставка од функцијата министер за одбрана. […]

Која е Урсула фон дер Лајен, новата претседателка на Европската комисија?


Белгија – Новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен има 60 години и доаѓа од редовите на германската конзервативна Хритијанско демократска унија (ЦДУ). Во политиката е од 1990 година, а германските медиуми ја опишуваат како блиска и „секогаш лојална“ на канцеларката Ангела Меркел. Фон дер Лајен е родена во Брисел. Нејзиниот татко своевремено бил […]

Изгаснат пожарот во хотелот „Космос“ во Москва, 230 луѓе евакуирани


Русија – Изгаснат е пожарот што избувна синоќа во хотелот „Космос“ во центарот на Москва, кој зафати површина од 25 метри квадратни. Засега нема информации за евентуални настрадани. Според претходните информации, евакуирани се 230 луѓе од хотелот. Службата за итни случаи соопшти дека пожарот избувнал на 15. кат од хотелот од каде се гледаше густ сив […]

Бразил: Откриена фабрика за лажни „ферари“ и „ламборџини“


Бразил– Бразилската полиција затвори илегална фабрика во која се произведувале лажни автомобили од марката „ферари“ и „ламборџини“. Полицијата соопшти дека под обвинение за нарушување на индустриска сопственост биле уапсени татко и син, во чија сопственост била работилницата во бразилската држава Санта Клара. Автомобилите биле нудени преку социјалните мрежи по цена од 45.000 до 60.000 долари, […]

Шефот на грчката дипломатија во посета на САД


Грција– За прашањата од билатерален, регионален и меѓународен интерес денеска ќе разговараат шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и неговиот американски колега Мајк Помпео за време на нивната средба во Вашингтон, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција. Дендиас ќе биде во дводневна посета на САД, а ќе оствари средби и со советникот за […]

Хан: Фон дер Лејен ја потврди европската перспектива на Западен Балкан


Комесарот за пристапни преговори Јоханес Хан и честита на Урсула фон дер Лејен за изборот за нова претседателка на Европската комисија, изразувајќи и задоволство поради фактот што таа ја потврди европската перспектива на Западен Балкан. Јоханес Хан оцени дека нејзината агенда за Европа е амбициозна и оти ги опфаќа сите клучни приоритети неопходни за јакнење […]

Урсула фон дер Лејен за обединета и силна Европа


Новоизбраната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, по гласањето во Европскиот парламент, вети обединета и силна Европа. – Довербата што ми ја укажавте е доверба во обединета и силна Европа, од исток до запад, од југ до север, изјави германската конзервативка. Таа истакна дека презела голема одговорност и оти веднаш ќе почне да […]

Урсула фон дер Лејен избрана за претседател на Европската комисија


Германката Урсула фон дер Лејен е избрана за претседател на Европската комисија, јави дописникот на МИА од Стразбур. Досегашната германска министерка за одбрана, блиска на канцеларката Ангела Меркел беше избрана со тесно мнозинство од гласовите, односно за неа гласаа 383 европратеници, со што таа стана првата жена претседател на Европската комисија. На Урсула фон дер […]

Во ЕП во Стразбур во тек е гласањето за претседател на ЕК – социјалистите,сепак, ќе гласаат за Урсула фон дер Лејен


Во Стразбур во 18 часот и 15 минути почна гласањето за избор на претседател на Европската комисија, функција за која Советот на ЕУ ја предложи Германката Урсула фон дер Лајен, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Непосредно пред гласањето, социјалистите и демократите одлучија да гласаат за Урсула фон дер Лајен за следниот претседател на Комисијата. […]

Борис Џонсон сака да го спроведе Брегзит без британскиот Парламент


Борис Џонсон, фаворитот во трката за нов лидер на Конзервативната партија и иден премиер на Обединетото кралство, и неговите приврзеници ја разгледуваат можноста за прекин на работата на парламентот за да се спроведе излезот на Велика Британија од ЕУ без договор, информира  „Скај њуз“. Според извори на телевизијата, за спроведување на замислата се предвидува кралица […]

Оставка на вториот човек на француската Влада


По превирањата и полемиката предизвикана од откритијата на Медиапарт, министерот за еколошка транзиција Франсоа де Ружи поднесе оставка „за да не ја ослабне еколошката акција” на владата, јавува дописникот на МИА. Министерот за еколошка транзиција денеска пред премиерот ја претстави својата оставка. Од откритијата објавени на Медиапарт минатата среда, ситуацијата стана критична. Франсоа де Ружи е обвинет од страна на оваа интернет страница за организирање […]