Изненадување на самитот Г7, пристигна иранскиот шеф на дипломатијата

Авионот на иранската влада Ербас А321 слета во францускиот град Биариц каде во тек е самитот на Г7.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека шефот на дипломатијата Мохамед Џавад Зариф пристигнал во Биариц.

Според извори од француското претседателство, кое е домаќин на форумот, засега не е во план средба со американската делегација.

Агенцијата АП наведува дека доаѓањето на Зариф е изненадувачки, бидејќи во претходните денови се знаело само дека ќе ја посети Азија, со цел да обезбеди поддршка за Иран кога станува збор за Нуклеарниот договор од 2015. година

„Зариф ќе го пренесе одговорот на иранското раководство на предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој има за цел да го спаси нуклеарниот договор во Иран за 2015 година“, изјави висок ирански претставник.

Иранската државна телевизија исто така објави дека портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Абас Мусави ја отфрлил можноста за каква било средба помеѓу Зариф и Трамп или лица од неговата делегација.