Ердоган објави почеток на воена акција во Сирија


  Турскиот претседател Реџеп Tајип Ердоган објави дека турската војска покренала воена операција на северот на Сирија. Како што рече, воената операција на Турција носи назив „Извор на мирот“, пренесе Спутник. порано денеска, курдските сили и две сириски групи активисти објавија дека екстремистите од исламска држава рано утрово извеле напад на рака, на северот на […]

Едно лице приведено по вооружениот напад врз синагогата во Хале


Најмалку две лица загинаа при вооружен напад во синагога во германскиот град Хале. Полицијата соопшти дека е приведено едно лице. Инцидентот се случи кога непознато лице влегло во синагогата и почнало да пука од автоматска пушка, а потоа избега. Се претпоставува дека напаѓачот се упатил во правец на Лајпциг. Според дел од медиумите врз синагогата […]

Протест против Брегзит пред Европската комисија


Група активисти против Брегзит денеска протестира пред седиштето на Европската комисија во Брисел, барајќи од Европската унија да ги отфрли предлозите на британскиот премиер Борис Џонсон за планираниот излез на земјата од ЕУ. Демонстрантите носеа слогани како што е „Стоп Брегзит“, а се собраа пред зградата на ЕК, каде што треба да продолжат разговорите на […]

(Видео) Двајца убиени во синагога во Германија, напаѓачот во бегство


  Најмалку две лица загинаа во пукотница во синагога во германскиот град Хале. Како што јавуваат светските медиуми, непознато лице неколкупати пукало и сега е во бегство. Последните информации се дека се двиќи кон Лајпциг. Се верува дека напаѓачот пукал од автоматско оружје, убил една жена и повредил неколку луѓе. Според извештаите, на синагогата фрлена […]

Индија ја обвинува пакистанската тајна служба дека земјата ја преплавила со лажни пари


Индија од оптек ги исфрли бенкнотите во поголеми апоени во обид да ја блокира циркулацијата на лажни пари, со кои е преплавена земјата. Со нив, се тврди, се финансираат терористички организации. Индиските медиуми цитираат неиуменувани индиски функционери кои го обвинуваат Пакистан за користење на дипломатски канали во Непал, Бангладеш и други земји за внесување и […]

Турската операција во Сирија сѐ уште не е почната


Планираната турска воена операција во Сирија не е почната и во моментов се извршуваат финални подготовки, соопштија турски воени извори. Според истите извори, распоредувањето на сили и воена опрема веќе е завршено. Војници со тешка техника отстранија бетонски огради на пунктови на границата. Турскиот министер за одбрана Хусур Акар денеска изјави продолжуваат подготовките за очекуваниот […]

Анкета: Од демократите 79 отсто бараат импичмент за Трамп


Повеќе поддржувачи на Демократската партија на САД бараат импичмент за претседателот Доналд Трамп, дури и ако тоа значи дека ќе им се намалат шансите за победа во Белата куќа во 2020 година, покажуваат резултатите од последната анкета на Ројтерс/Ипсос. Според анкетата, поддршката за импичмент меѓу Американците останува непроменета од минатата недела – 45 проценти. Сепак, […]

Рохани ја повика Турција на воздржаност


Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска апелираше до Турција да покаже воздржаност и да избегне воена акција во северниот дел на Сирија. Истовремено тој им порача на американските сили дека треба да го напуштат регионот. – Турција со право е загрижена за својата јужна граница. Веруваме дека треба да се најде прав начин да се […]

Нобелова награда за хемија за научници за развој на литиум-јонски батерии


Шведска– Нобеловата награда за хемија за 2019 година е доделена на тројца научници за развој на литиум-јонски батерии. Наградата им припадна на Џон Б. Гудинаф, Стенли Витингем и Акира Јошимо. „Литиум-јонските батерии предизвикаа револуција во нашите животи и се користат во се, од мобилни телефони до лаптопи и електрични автомобили“, се вели во образложението на […]

Врие околу Турција


  Иранската армија почна со ненајавени воени вежби во северозападниот дел од државата во близина на границата со Турција, јавија ирански медиуми. Воените вежби се спроведуваат во момент кога турските сили се подготвуваат да навлезат во територијата на Сирија. Според медиумите во Техеран, во вежбите се вклучени единици за брза реакција, мобилни и офанзивни бригади […]

Рации во Германија поради закани за џамии, партии, бегалски центри и медиуми


Во Германија во тек се рации поради електронски пораки испратени од екстремно десничарски групи до џамии, политички партии, медиуми, центри за прием на мигранти, во кои се упатени закани со напади. Рациите се спроведуваат во Баварија и три други германски држави, потврди полицијата, без да даде детали за акцијата. Рациите се иницирани поради 23 мејлови […]

Во Австралија горат 40 пожари


Најмалку 30 куќи изгореа во повеќе од 40 пожари кои без контрола горат во источна Австралија, и кои ги гасат околу 500 пожарникари. Според локалните медиуми, температурите на воздухот денеска се пониски, а на пожарникарите вчера проблем им правел силен ветер. Најмногу е погодено селото Рапвил со 250 жители, од кои повеќето ноќта ја поминале […]

Кина со обвинувања до „Епл“ дека ги помага демонстрантите во Хонг Конг


Кинеските медиуми денеска го обвинија американскиот технолошки гигант „Епл“ дека ги поддржува демонстрантите во Хонг Конг преку апликација за движење низ градот, во услови на зголемен притисок од Кина врз странските компании. Исто така, НБА   и франшизата Хјустон Рокетс се критикувани во Кина за твитањето на комесарот за лига Адам Силвер во кој изрази поддршка […]

Пентагон се обидува да ја одврати Турција од нападот врз дел од Сирија


Пентагон соопшти дека сè уште се обидува да ја одврати Турција од инвазија во североисточна Сирија. САД не ја одобруваат воената операција на Турција во Сирија и нема да ја поддржат, се вели во соопштението на портпаролот на Пентагон, Џонатан Хофман. Хофман истакна дека американскиот министер за одбрана Марк Еспер и генералот Марк Мили, началник […]

Трамп изолиран меѓу републиканците по одлуката за Сирија


Одлуката на претседателот Трамп да ги повлече преостанатите американски трупи од североисточниот дел на Сирија може да ја оживее терористичката група „Исламска држава“ и да ја дестабилизира нестабилната област, соопштија во понеделникот високи официјални претставници на САД, додека високи републиканци во Конгрес луто го прекорија претседателот додека се бори против истрага за импичмент. Трамп нагло […]

(Видео)Претседателот на Еквадор поради протестите се отсели од главниот град


Илјадници Еквадорци денеска протестираа во главниот град Кито, од каде претседателот Ленин Морено го премести својот кабинет поради антивладините протести и судири. Таа 17-милионската јужноамериканска држава е погодена од тешка криза и парализирана од затворањето на јавниот превоз и блокади на патиштата. Во Еквадор насилството трае со денови, а почна минатата недела по одлуката на […]

Гутереш: ОН во најлоша финансика криза во изминатите 10 години


САД – Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека ОН се наоѓаат во „најлошата финансиска криза“ за речиси една деценија, бидејќи 64 од 193 земји-членки не ги платиле своите годишни придонеси, вклучително и САД, што обично дава најмногу придонеси. Портпаролот на Гутереш, Стефан Дижарик, рече дека генералниот секретар им пишал на сите членови, велејќи дека […]

Бела куќа: Администрацијата на Трамп нема да соработува со истрагата


САД – Белата куќа го извести Претставничкиот дом на Конгресот дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп нема да соработува во истрагата за отповикување, нарекувајќи ја „нелегитимна“ истрага на демократите. Советникот во Белата куќа Пет Сиполоне напиша во писмото испратено до демократските лидери на Претставничкиот дом дека нивната истрага е покрената „на начин што ја нарушува основната […]

Трамп со провокација ја повика Хилари да се вклучи во претседателската трка


Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика денеска Хилари Клинтон да се вклучи во претседателската трка пред изборите во 2020 година. – Мислам дека нечесната Хилари Клинтон треба да се приклучи и да се обиде да ја украде од ултралевичарката Елизабет Ворен, напиша Трамп на Твитер, додавајќи дека има само еден услов. Тој истакна дека „нечесната […]

Убиен лидерот на Ал Каеда за јужниот дел на Азија


Лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда за јужна Азија, Асим Умар е убиен во заедничка авганистанско-американска воена акција, соопштија денеска авганистански безбедносни извори. Би Би Си објави дека Умар, кој бил шеф на Ал Каеда за индискиот субконтинент, е убиен во напад врз талибански позиции во авганистанската провинција Хелманд на 23 септември, соопшти авганистанскиот Национален […]