Шкотски суд: Одлуката на Џонсон за суспензија на Парламентот е нелегална


Шкотски суд денеска ја прогласи одлуката на британскиот премиер Борис Џонсон да го суспендира Парламентот како нелегална, но не нареди укинување на суспензијата. Комисија со три судии ја поддржа тужбата од група политичари од различни партии кои се спротивставија на тој потег на премиерот. Денешната пресуда ја преиначува претходната пресуда на судот што минатата недела […]

Реконструкција на јапонски начин: Две жени во владата и синот на премиерот


Јапонскиот премиер Шинѕо Абе го реконструира својот кабинет во кој помеѓу новите министри се и две жени и синот на поранешниот премиер Јуничиро Коизуми, Шинџиро Коизуми. Шинџиро Коизуми со 38 години е најмлад министер во јапонската Влада бидејќи другите се на возраст од околу 50 години. За министерка за внатрешни работи и комуникации е именувана […]

Драма во Израел: Судбина на Нетанјаху зависи од протежето Либерман


Авигдор Либерман влезе во израелската политика како лојален штитеник на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Сега, бунтовниот политичар би можел да биде тој што ќе го собори својот поранешен ментор. Либерман, тврд на зборови имигрант од поранешниот Советски Сојуз, ги однесе Израелците на втори избори во една година и пак ќе биде клучен играч. Анкетите покажуваат дека […]

Ласло Трочањи: Извршителот на Орбан стана еврокомесар за проширување


Ласло Трочањи, кој како министер за правда на Унгарија од 2014 до 2019 година беше извршител на сите задачи од владата за поткопување на судскиот систем во државата, стана нов еврокомесар за проширување и соседска политика во Европската комисија на Урсула фон дер Лајен. Иако тоа може да изгледа како добар знак за регионот, бидејќи […]

Папа Франциск: Критичарите не и сакаат добро на Црквата


Папата Франциск ги обвини своите критичари дека „му забиваат нож во грб“ и истакна дека не се плаши од раскол во Католичката црква. Одговарајќи на новинарски прашања по враќањето од Африка, каде што ги посети Мадагаскар, Маурициус и Мозамбик, Папата рече дека конзервативните свештеници кои се почесто го критикуваат не и сакаат добро на Црквата. […]

Бугарин обвинет за шпионажа за Русија


Бугарското обвинителство обвини водач на невладина организација заради шпионажа за Русија, а во обид да одврати внимание на Бугарите од западните сојузници и да ги приближи до Москва. Обвинителите тврдат дека лидерот на Националното движење русофили, педесетгодишниот Николај Малинов, работел во Рускиот институт за стратешки студии, претежно воден од поранешни разузнавачи, и за руската невладина […]

Сцени на хаосот во британскиот Парламент, Џонсон загуби по шести пат


Борис Џонсон го затвори Парламентот среде хаотичните сцени во раните утрински часови во вторникот по шестиот пораз на Парламентот за шест дена бидејќи пратениците гласаа да ги блокираат предвремените избори и да го принудат објавувањето на тајните подготовки на Даунинг стрит за „Брегзит“ без договор. Пратениците на опозициските клупи извикуваа: „Срам да ви е“ кон […]

Песков: Смената на Болтон е внатрешна работа на САД, Косачов: Шанса за СТАРТ


Смената на американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон е внатрешна работа на САД и Русија не се меша во тоа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Претседателот на Комитетот за меѓународни работи на Советот на Руската Федерација, Константин Косачов, сепак, за агенцијата Тас оцени дека заминувањето на Болтон може да ги зголеми шансите за […]

Турски весник објави нови снимки од убиството на Кашоги


Турција – Турскиот весник Сабах пренесува дека последните зборови на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги упатени до неговите убијци биле да не му ја затвораат устата, бидејќи боледува од астма и може да се загуши. Весникот објави нови извадоци од снимката од разговорот на Кашоги и членовите на групата Саудијци кои биле испратени да го убијат. […]

Чарлс Купермен наследник на Болтон


САД– Вршител на должноста американски советник за национална безбедност ќе биде Чарлс Купермен, поранешен заменик на Џон Болтон, јави Би-Би-Си повикувајќи се на извори во Белата куќа. Откако американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека го разреши советникот за национална безбедност, се појавија информации дека Трамп и Болтон имале несогласувања за голем број предизвици […]

САД одбележува 18 години од нападите во 2001 година


САД – Американците денеска ќе одбележат 18 години од терористичките напади на 11 септември 2001 година во Њујорк и Вашингтон. На комеморацијата ќе присуствуваат претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс. Речиси 3.000 луѓе загинаа во нападите на 11 септември 2011 година на Ал Каеда во Њујорк и кај Пентагон. Десет години подоцна, во мај 2011 […]

И Сенатот и изгласа доверба на новата италијанска Влада


Горниот дом на Парламентот, Сенатот денеска по бурна дебата и изгласа доверба на новата италијанска Влада на чело со Џузепе Конте. Припадниците на екстремната десница го обвинија Конте дека ги излажал избирачите со тоа што избегнал предвремени избори. Конте, со поддршка на Движењето 5 ѕвезди и Демократската партија на левиот центар, вчера доби доверба во […]

Нетанјаху: Ако повторно бидам избран, ќе го анектирам Западниот Брег


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја истакна денеска својата намера да ја анектира долината на реката Јордан на Западниот Брег доколку победи на изборите следната недела. – Денеска ја најавувам својата намера, по воспоставување на новата влада, да го применам суверенитетот на Израел на долината на Јордан и северниот дел на Мртво Море, изјави Нетанјаху. Тој […]

Џон Болтон ја напушти администрацијата на Трамп


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер соопшти дека ја примил оставката од неговиот советник за национална безбедност, Џон Болтон. -Изутринава примив оставка од Џон Болтон, откако синоќа го информирав дека неговите услуги веќе не се потребни во Белата куќа. Како јас, така и останати во администрацијата, не се согласувавме со многу од неговите предлози, […]

Џонсон: Ќе постигнеме договор и ќе излеземе од ЕУ


Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека ќе биде постигнат договор за Брегзит и земјата ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври. – Ќе постигнеме договор и ќе работиме многу напорно за да успееме во тоа. Бев вчера во Ирска, каде со нашите пријатели разговарав како тоа да го направиме. Планираме да одиме во Брисел […]

Мицотакис: Турција продолжува да провоцира околу Кипар


Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека Турција продолжува да провоцира со својот пристап кон етнички поделениот Кипар. Мицотакис, на денешната средба со претседателот на Кипар Никос Анастасиадис во Атина оцени дека Анкара е меѓународно изолирана. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера изјави дека кипарските Грци мора да се согласат дека кипарските Турци […]

Блер: Само нов референдум може да ја надмине кризата со Брегзит


Само втор референдум за членството на Велика Британија во ЕУ, а не предвремени парламентарни избори, може да ја решат кризата околу Брегзит, изјави поранешниот британски премиер Тони Блер. Британскиот Парламент вчера го отфрли предлогот на премиерот Борис Џонсон за предвремени избори. Џонсон, кој првично изјави дека не сака избори, првиот пат поднесе предлог за нивно […]

Кој е Унгарецот Ласло Трошањи, нов комесар за проширување на ЕУ?


Белгија – Новата претседателка на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен денеска го номинира Унгарецот, Ласло Трошањи за нов комесар за соседство и проширување на Европска Унија. Трошањи (63) е адвокат, поранешен судија, дипломат и универзитетски професор, а специјалност му е уставно европско и компаративно право. Тој од 2019 година е член на Европскиот Парламент, од […]

Унгарецот Трошањи предложен за еврокомесар за проширување


Ласло Трошањи, поранешниот министер за правда во владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан е предложен за еврокомесар за проширување од страна на новата претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Европскиот Парламент допрва треба да ја потврди оваа номинација. Урсула фон дер Лајен денеска ги презентираше своите предлози за новиот состав на Еврокомисијата. Кандидатите […]

Швајцарската полиција спровела тајна акција во Австрија


Швајцарската погранична полиција тајно спровела надзор и следење лица на територијата на Австрија. Во рамки на акцијата „Кнобли“, според весникот „Блик“, швајцарски полицајци „шпионирале“ свои граѓани четири дена во цивилна облека во австриската провинција Форларберг. Причината за акцијата, за која не биле запознати австриските власти, е тоа што има неколку продавници во Форларберг кои легално […]