ЕУ ја повика Турција да го почитува меѓународното право


Луксембург – Лидерите на Европската унија размислуваат за продолжување на ембаргото за оружје против Турција, во знак на протест против нејзината офанзива против курдските сили во северна Сирија. Холандскиот министер за надворешни работи Штеф Блок изјави дека „нападот врз соседна земја е против меѓународното право и Турција, како и секоја друга земја, мора да го почитува […]

Од девет до 13 години затвор за каталонските сепаратисти, одлучи Врховниот суд на Шпанија


Шпанија – Шпанскиот Врховен суд осуди девет каталонски сепаратисти на казна од девет до 13 години затвор заради нивната улога во неуспешното прогласување независност во 2017 година. Тројца други обвинети се прогласени за виновни само за непослушност и не добија затворски казни, пренесоа британските меидуми. Медиумите во земјата наведуваат дека се очекуваше дека обвинувањата за бунт, […]

Русија бара алтернатива за американскиот долар


Рускиот министер за економија Максим Орешкин изјави дека Русија размислува за воведување на еврото и рубљата како главни валути во извозот на енергенси. Тој рече дека Русија сака продажбата на нафта и бензин да ги врши во рубљи, бидејќи тоа ќе ја намали зависноста од американскиот долар. – Веќе имаме многу добра валута, таа е […]

Данскиот град Оштеред воведе четиридневна работна недела


Данска – Властите во данскиот град Оштеред вовеле четиридневна работна недела за сите вработени во општинската администрација, во која работат околу 300 лица, така што во иднина и петок ќе можат да го користат како слободен ден. Оштеред е полуостров во северозападниот дел на осторовот Зеаланд, оддалечен околу 100 километри од Копенхаген и градот има околу […]

Гутереш: Предизвиците на денешницата бараат мултилатерален свет


Србија – Во соочувањето со предизвиците на денешницата, потребен ни е мултилатерален свет со силни мултилатерални институции, како и универзално почитување на меѓународното право, рече генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, кој преку видео линк се обрати на отворањето на 41-то Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ). – На овој начин ќе изградиме просперитетен и одржлив свет […]

Излезни анкети: Право и правда победи на изборите во Полска


Полска– Владејачката полска конзервативна партија „Право и правда” освои најмногу гласови на парламентарните избори и обезбеди мнозинство во Парлментот, покажаа излезните анкети на компанијата Ипсос. Според резултатите од излезните анкети, партијата добила 43,6 отсто од гласовите, што значи дека ќе има 239 места во долниот дом на Парламентот, кој има 460 пратеници. Лидерот на партијата […]

Унгарската опозиција ја освои Будимпешта, Карачоњи нов градоначалник


Унгарија– Нов градоначалник на Будимпешта е Ѓерѓељи Карачоњи, кандидатот кој беше поддржан од неколку опозициски партии, покажаа резултатите од локалните избори по околу 80 отсто од преброените гласови. Карачоњи освоил 50,1 отсто од гласовите, додека Иштван Тарлош, кандидатот на владеачката партија Фудес на премиерот Виктор Орбан доби 44,8 отсто од гласовите. Локалните унгарски медиуми јавуваат […]

Трамп им наложи на американските војници во Сирија да се повлечат кон југ


Американскиот министер за одбрана Марк Еспер денеска изјави дека претседателот Доналд Трамп им наредил на сите американски трупи во северна Сирија да се упатат кон југ, но да не ја напуштат земјата. Во изјавата за американската телевизиска мрежа Си Би Ес, Еспер рече дека конфликтот меѓу турските сили и курдските борци поддржани од САД станал […]

Путин: Русија може да игра клучна улога на Блискиот исток


Рускиот претседател Владимир Путин ги повика САД, Израел и Иран да ги надминат несогласувањата и да ги заживеат разговорите за нуклеарната програма на Техеран. Тој потенцира дека не е соодветно да се носат еднострани одлуки за тоа дали Иран ги исполнува своите обврски од нуклеарниот договор. – Такво нешто треба да провери неутрална страна, како […]

Калифорнија забранува производство и продажба на крзна


Производството и продажбата на предмети од животинско крзно ќе бидат забранети во Калифорнија од 2023 година. Законот, потпишан од гувернерот Гевин Њусом, забранува продажба и производство на облека, чевли и торби од животинско крзно, со што Калифорнија е првата американска држава што воведе ваква забрана, јавува Би-Би-Си. Исклучок се половните производи од крзно, кожа од […]

Ердоган: Ембаргото на продажба на оружје нема да ја запре турската офанзива


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави  дека ембаргото на оружје за Турција нема да биде доволно за да се стави крај на офанзивата во Сирија. – Уште откако ја започнавме операцијата, се соочивме со закана од економски санкции или ембарго за оружје. Оние кои мислат дека ќе нè принудат да се откажеме, не се […]

ОН: Поради турската офанзива во Сирија би можеле да се раселат до 400.000 луѓе


Турската офанзива против курдските борци во североисточна Сирија веќе принуди 130.000 луѓе да ги напуштат своите домови, соопштија денеска ОН, додавајќи дека тој број може да се зголеми на 400.000. – Сметаме дека до 400.000 луѓе ќе бидат раселени во погодените области и ќе имаат потреба од помош и заштита, рече портпаролот на ОН Јенс […]

Тајфун во Јапонија: 23 лица загинаа, владата ја распоредува војската


Јапонија распореди десетици илјадници војници и спасувачи, откако беше погодена од една од најсилните бури во последните години, во која досега загинаа 23 лица. Тајфунот Хагибис предизвика бројни лизгања на земјиште јужно од Токио, а потоа се префрли на север и доведе до поплави. Јавниот сервис НХК објави дека 13 лица се пријавени како исчезнати. […]

Во Брисел приведени околу 300 демонстранти од „Екстиншн ребелион“


Во Брисел вчера беа уапсени меѓу 250 и 300 активисти на движењето „Екстинш ребелион“ (Бунт против истребување), откако полицијата не успеа да ги растера со помош на водени топови и бибер-спреј. Активистите организираа протест како дел од кампањата Светска недела на граѓанска непослушност, со која повикуваат на акција против климатските промени. Тие се собраа пред […]

Протести на Курдите ширум Европа


Десетици илјадници Курди вчера демонстрираа низ цела Европа против турската воена офанзива во северна Сирија, а протести се одржаа во Франција, Шведска, Грција, Германија, Австрија, Швајцарија. Во Келн се собраа 10.000 луѓе, кои носеа знамиња со симболите на курдските Единици за заштита на народот и Рожава, односно „Сириски Курдистан“, барајќи запирање на турската офанзива, воведување […]

Се урна хотел во Њу Орлеанс, две лица загинаа


Најмалку две лица загинаа, а едно е пријавено за исчезнато кога се урна дел од хотел во изградба во Њу Орлеанс, Луизијана. Повеќе од 20 лица се повредени. Според американските медиуми, најголемиот дел од хотелот Хард Рок ненадејно се урнал. Повисоките катови почнале да се рушат, а потоа дел од зградата беше целосно урнат. Зградите […]

Москва не се радува на ширењето на НАТО кон границите на Русија


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ширењето на НАТО кон границите на Русија не ја радува Москва. – Тоа е воен блок и кога нејзините инфраструктурни објекти се шират до нашите граници, тоа не нè прави среќни – рече Путн во интервјуто за „Раша Тудеј“ и „Скај њуз Арабија“. Како што рече, Русија на тоа […]

Макрон: Итно да се запре турската офанзива во Сирија


  Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговараше  со својот американски колега Доналд Трамп за турската офанзива во Сирија и го предупреди дека последицата може да биде заживување на активностите на т.н. Исламска држава. Според соопштението  од кабинетот на Макрон, тој истакнал дека турската офанзива итно треба да се запре. Во соопштението не се наведува дали […]

Американски војници во Сирија под турски оган


Пентагон соопшти дека американските трупи во Сирија биле на удар на турската артилерија во градот Кобане, област за која Турците знаат дека се присутни Американци. Портпаролот Брук ДеВолт изјави дека турски гранати експлодирале на неколку стотина метри од американските војници. Тој изјави дека нема повредени меѓу Американците и дека тие не го напуштиле Кобане. Турција информира […]

Калифорнија ги укинува приватните затвори


Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом донесе закон за укинување на приватните затвори, институции кои ги обвини дека придонеле за поголем број затвореници. Њусом, демократ кој на чело на Калифорнија дојде во јануари, при потпишувањето на законот рече дека приватните затвори „придонесуваат за пренатрупаност на затворите“ и „не ги одразуваат вредностите на Калифорнија“. Во март, тој […]