По смената на методологијата, во Чиле речиси двојно повеќе починати од Ковид-19


Бројот на смртни случаи во Чиле е речиси двојно по усвојувањето на новиот метод за регистрирање на жртвите на коронавирусот, во кој се вклучени и оние кои се можни жртви на Ковид-19. Со новиот метод бројот на починати се зголеми од околу 4.000 на близу 7.000 лица. Владата, по многу критики, направи напори да го […]

Едно лице убиено, 11 повредени во пукотница во Минеаполис


Едно лице е убиено, а 11 се повредени во пукотница во Минеаполис, соопшти денеска локалната полиција. Во објавата на Твитер полицијата соопшти дека сите ранети се со различен степен на повреди, но никој не е во животна опасност. Засега не се соопштени учесниците или мотивот за пукањето, но на социјалните мрежи се прошири информација дека […]

Трамп: Барав помалку тестирања бидејќи имаме многу позитивни на Ковид-19


Претседателот на САД, Доналд Трамп, на неговиот прв предизборен митинг во Тулса, Оклахома, на кој присуствуваа помалку луѓе отколку што се очекуваше, објави дека им рекол на членовите на неговата администрација да го намалат обемот на тестирање на коронавирус поради зголемениот број случаи во САД. – Знаете, тестирањето е меч со две острици. Кога масовно […]

Англија: Три лица убиени, три повредени со напад со нож во Рединг


Три лица се убиени, а тројца сериозно повредени откако вчера маж со наж ги нападна во парк во градот Ридинг на југот на Англија, соопшти локалната полиција, која засега не го оквалификува нападот како тероризам. 25-годишниот напаѓач е уапсен. Сведоците рекоа дека мажот нападнал околу 18 часот по локално време, напаѓајќи случајни минувачи во парк […]

Шпанија денеска ја укинува вонредната состојба и ги отвора границите


Шпанија денеска ја укинува вонредната состојба прогласена поради пандемијата на коронавирусот и ги отвора границите. На посетителите од Европската унија, земјите од Шенген и Велика Британија ќе им биде дозволено да влезат без обврска да поминат две недели во карантин, соопшти шпанското Министерство за надворешни работи. Туристите ќе поминат „тројна проверка“, која вклучува проверка на […]

Обвинителот што ги истражуваше соработниците на Трамп поднесе оставка


Неизвесноста во една од најважните канцеларии на обвинителството на САД заврши во саботата кога Џефри Берман се согласи да се повлече од функцијата обвинител на јужниот округ на Њујорк, канцеларијата што го истражуваше личниот адвокат на претседателот Доналд Трамп, Рудолф Џулијани. Потврдата на Берман за неговото заминување дојде откако јавниот обвинител Вилијам Бар му рече […]

Илјадници здравствени работници во Шпанија протестираа против приватизација на здравството


Шпанија– Илјадници здравствени работници вчера излегоа на улиците на шпанските градови за да изразат несогласување со идејата за приватизација на јавното здравство и побараа подобри услови за работа. Тие воедно им оддадоа почит на колегите кои починаа од коронавирус поради недоволна заштитна опрема. Во бели мантили, со маски на лицето и одржување на растојание од […]

Пенс избегна да го каже слоганот „Црните животи се важни“


Американскиот потпретседатател Мајк Пенс во интервју за телевизијата Ај-би-си избегна да ги каже зборовите „Црните животи се важни“ и наместо тоа рече „сите животи се важни“. -Сакам да истакнам дека она што му се случи на Џорџ Флојд е трагедија. И оваа нација, посебно на празникот Џунтин, го слави фактот дека од нејзиното основање се […]

Ковид-19: Рекорден број новозаразени во Индија


Индија– Бројот на заразени со коронавирусот во Индија денеска надмина 400.000, откако во послелдните 24 часа се потврдени уште 15.413 нови случаи, соопшти Министерството за здравство. Вкупниот број заразени достигна 410.461, а уште 306 лица починаа во последното деноноќие, така што вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата е 13.254, пренесува Си Ен Ен. […]

Израел ќе гласа за легализација на канабисот


Израел – Израелскиот парламент денеска треба да гласа за предлог-закон со кој се легализира употребата на канабис, пишува „Ерусалим Пост“. Според израелскиот весник, Кнесетот треба да го усвои предлог-законот што го предложи Шарн Хаскел од владејачката партија, конзервативната Ликуд. – Мојот предлог-закон за декриминализација на канабисот ќе биде усвоен денеска од законодавниот комитет. Тоа е одлична […]

Меркел побара сите Германци да инсталираат апликација за следење на короната


Сите жители на Германија треба да ја искористат апликацијата за корона вирус, наменета за „препознавање и раскинување на синџири на инфекции“, побара канцеларот на земјата, Ангела Меркел, во нејзината седмична видео-порака во саботата, по новото избувнување  на вирусот. „Колку повеќе луѓе учествуваат, толку е поголема нејзината корисност“, рече Меркел, според ДПА. Апликацијата Corona Warn беше […]

Во САД само за еден ден нови 30.000 заразени од корона вирусот


Соединетите Држави објавија повеќе од 30.000 нови инфекции во петокот, што е најголема вкупна бројка од 1 мај, со случаи на пораст во 19 држави низ југот, западот и средниот запад. Властите во јужните држави зборуваат со зголемен аларм за големиот број случаи што се појавиле кај млади луѓе. Најмалку 100 случаи биле поврзани  со […]

Во Италија нови 262 случаи на корона вирус, 49 починаа


Во Италија денеска забележани се нови 262 случаи на корона вирус, а починаа 49 пациенти, соопшти Агенцијата за цивилна заштита. Од почетокот на епидемијата вкупно починаа 34.610 луше, па италија се најде на четвртото место по бројот на жртви во светот по САД, Бразил и Велика Британија, пренесе Ројтерс. Вкуониот број на заразени е 238.275, […]

Шест члена од тимот за реизбор на Трамп позитивни на корона


Шест члена на тимот на кампањата за реизбор на претседателот Доналд Трамп, позитивно се тестирани за Ковид-19 пред контроверзниот митинг во Тулса, Оклахома во саботата, соопшти кампањата. „Шест члена на напредниот тим беа тестирани позитивно од стотици извршени тестови и веднаш беа спроведени карантински процедури“, рече Тим Муртаух, директор за комуникации во кампањата. „Ниту еден […]

Конго: Висок функционер осуден на 20 години затвор


  Врховниот суд на Конго го осуди денеска на 20 години затвор Витал Камерхе, шеф на кабинетот на претседателот, поради проневера на 48 милиони долари јавни пари. Тој е највисока политичка личност на кого му се судело во конго за корупција, пренесува Ројтерс Камерхе го поддржа претседателот Феликс Чисакеди на изборите во 2018 година, а […]

Во Бугарија регистрирани нови 81 заразен, во Грција 19


Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани 81 новозаразени со коронавирусот, од извршени 2.371 тестови, покажуваат податоци од Националниот информативен центар.Во истиот период има 67 излекувани пациенти. Во Бугарија до сега има вкупно 3.755 случаи на новиот коронавирус, од кои 2.008 се излекувале а 193 луѓе починале. Според Националниот информативен систем заразата е потврдена […]

Градоначалникот на Бриж избоден со нож


Градоначалникот на Бриж во Белгија, Дирк Де Фов (62) денеска беше прободен со нож во вратот, а по операцијата закрепнува и е вон животна опасност, додека неговиот напаѓач е уапсен, објави обвинителството на градот. – Тој е добар, но мора да остане во болница до утре, додаде обвинителството во соопштение. Според првичните извештаи, градоначалникот, кој […]

Тирана ги повика Албанците од Прешево да излезат на изборите во Србија


Официјална Тирана денеска ги повика Албанците од Прешевската долина утре масовно да излезат на изборите во Србија и да гласаат за заедничката кандидатска листа на петте политички партии на Албанците од овој дел на Србија. Во објавата на Твитер премиерот Еди Рама уште додава дека „обединувањето во гласањето го зајакнува гласот на Албанците“ – Посакувам […]

(Видео) Aвтомобили пливаат по улиците на Москва


Москва денеска ја погоди силно невреме, проследено со обилни врнежи од дожд и град, а во сила е портокалов метео-аларм. Жителите на Москва на социјалните мрежи објавија снимки и фотографии на кои се гледаат автомобили кои пливаат по улиците како чамци. https://twitter.com/tccfsstan/status/1274324431368839171 Центарот за контрола на сообраќајот во Москва објави на Твитер дека се поплавени […]

Инфекциите во Флорида од корона се зголемуваат со ракетна брзина


Бројот на заразените достигна 90.000, со дневни рекордни инфекции од близу четири илјади. Гувернерот, близок сојузник на Трамп, вели дека Флорида е на „вистинскиот пат“   Поминаа седум недели откако гувернерот на Флорида, Рон Десантис, го направи коронавирусниот „круг на победата“, продолжувајќи со брза програма за повторно отворање, додека ги обвини медиумите дека пишувале за […]