„Слоба Робија“ му одговара на Вучиќ: Никогаш не сум бил во затвор


Слободан Петковиќ, наречен „Слоба Робија“, за кого српскиот претседател Александар Вушиќ на прес-конференција тврдеше дека бил повеќекратно осудуван, а дека на протестот во вторникот бил претставен како херој и земјоделец, за Н1 рече дека тој никогаш не бил во затвор и дека тоа е се докажува.

Синоќа, Петковиќ беше на платото пред Филозофскиот факултет, каде се собраа група граѓани, кои подоцна дојдоа да протестираат пред Собранието. Како што рече за Н1, тој сака да го запре линчувањето што се спроведува против него и неговото семејство преку медиумите.

„Немам ниту еден ден во затвор, сите од сите страни го објавуваат мојот прекар Робија. Го добив тој прекар како дете затоа што се потстрижав ќелав“, рече тој.

На прашањето зошто претседателот го означи како личност со полициско досие, тој уверува дека не знае.

„Не знам зошто токму јас, веројатно има некои лоши советници. Јас навистина не знам за што станува збор, јас сум обичен граѓанин. Тој (претседателот) ме споменува неколку пати на конференцијата, толку за неговата сериозност“, рече Петковиќ.

Говорејќи за, како што рече, лаги и невистини што се шират од протестот, претседателот на Србија во своето обраќање го спомна Слободан Петковиќ како личност која беше претставена како херој и „земјоделец од Пазова, но дека е од Нов Белград и многукратно осудуван“.

Неколку таблоиди и медиуми блиски до властите пишуваа за Петковиќ и неговото досие вчера, во кое се наведува дека меѓу другото е „осомничен за тешка кражба, насилство, учествувал во тепачки неколку пати и немал никаква врска со земјоделството, како што скаше да биде претставен во медиумите“. (Н1)