Уапсен руски гувернер, маскирани агенти го извлекоа од автомобил и го ставија во комбе


 

Рсуките сили за безбедност денеска го приведоа гувернерот кој на изборите во 2018 година на истокот ја победи владејачката партија и го обвинија дека пред 15 години наредил да се убијат неколку бизнисмени.

Сергеј Фургал, гувернер на регионот Кабаровск, маскирани агенти го извлекоа од автомобил и го ставија во комбе, се гледа на снимаката на Истражниот одбор.

Од таму соопштија дека набрзо ќе биде подигнато обвинение против Фургал.

Ликвидација на бизнисмени?

Тој се сомничи дека во 2004 и 2005 година наредил да се ликвидираат претпримачи и ако се прогласи за виновен, ќе добие доживотен затвор.

Не се наведени детали за злосторствата, но во врска со овој случај порано беа уапсени четворица припадници на криминална група, и дека тие дале детали и докази против Фургал.

Фургал, член на Либерално демократската пардија и поранешен пратени, беше омилен во споменатиот пацифички регион каде власта ја освои во 2018 година, победувајќи ја партијата Обединета Русија, која го поддржува претседателот Владимир Путин.

Предупредување до опозициските партии?

Иако ЛДП го поддржува Путин, победата на Фургал се протолкува како удар за владејачката партија која во својата рака цврсто ги држи руските региони.

Политичкиот аналитичар Абас Галијамов смета дек апсењето на Фургал е предупредување со опзициските партии кои на регионалните избори во септември треба да се спротивстават на владејачката партија.

Челникот на ЛДП Владимир Жириновски се закани дека неговата партија и сојузниците моќе да излезат од парламентот во знак на пртест.

„Ви дадовме Устав, а вие ни ставате лисици“, рече Жириновски.