Десет бебиња загинаа во пожар во болница во Индија


  Десрт новороденчиња загинаа во голем пожар во болница во Махараштра, најбогатата индиска држава, објавија од болницата, а водечките политичари изразија жалење. „Пожарто изби денеска во 2 часот наутро“, рече хирургот Прамод Кандате од Општата болница во оваа западна индиска држава. Седум од 17 деца на одделот за болни новороденчиња се спасени. Премиерот на државата […]

Ројтерс: Ако демонстрантите беа црнци „стотици“ ќе беа убиени


Расната нееднаквост во САД повторно се најде во центарот на вниманието, бидејќи толпа претежно бели приврзаници на Доналд Трамп лесно влетаа во Капитол хил во средата и поминаа без поголеми последици, велат жителите на Вашингтон, активисти, политичари, па дури и новоизбраниот претседател Џо Бајден. Демонстрантите пробија барикади, кршеа прозорци, грабаа сувенири и упаднаа во просториите […]

Се влошува епидемиолошката состојба во Италија


  Во последните седум дена во Италија се бележи влошување на епидемиолошката состојба, пишува онлајн весникот „Фанпејџ“, која ги пренесува податоците од Министерството за здравство. Процентот на заразени со корона вирус, во однос на тестирание расте како и индикаторот на брзината на ширење на Ковид-19, кој се добива врз основа на 21 параметар. Епидемиолошката ситуација […]

Помпео соработува со Блинкен за транзиција на власта


САД–  Државниот секретар на САД, Мајкл Помпео се состана со кандидатот на новоизбраниот претседател Џозеф Бајден за таа функција, Ентони Блинкен, со цел „да се олесни уредната транзиција и да се осигури дека американските интереси се заштитени во странство“, изјави висок претставник на Стејт департментот. „Нивната средба беше многу продуктивна“, рече официјалното лице. Тој додаде […]

Амстердам планира забрана за марихуана за туристите


Холандија – Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, предложи да им се забрани на туристите да ги посетуваат градските „кофишопови“ каде, како што првенствено се продава и конзумира марихуаната. Таа сака да ја намали „привлечноста на Амстердам како дестинација за туризам на мека дрога“, напиша во писмото до Градски совет. – Во последниве години, видовме дека побарувачката […]

Поради снежната бура „Филомена“, Мадрид и делови од Шпанија се во вонредна состојба


Шпанија –  Обилните снежни врнежи од невремето „Филомена“ ги ставија во вонредна состојба Мадрид и други делови на Шпанија, поради тоа што е нарушен сообраќајот и принудени се  некои региони да испраќаат војници да ги расчистат патишта. Со прогноза за снег до 20 см за 24 часа и температури од околу 0 степени Целзиусови, југот на […]

Во САД за првпат регистрирани над 300.000 новозаразени за 24 часа


САД– САД за првпат регистрирале повеќе од 300.000 нови инфекции со новиот коронавирус. Според секојдневниот ажуриран преглед на „Ковид Трекинг Проџект“, новите случаи за изминатите 24 часа се – 310.000, хоспитализирани се 131.889, а починатите се 3.777 – нешто под рекордните над 4.000 регистрирани вчера. Рекордно високи се и просечните бројки за истите индикатори за период […]

Пад на фрекфенцијата на струјата во Источна Европа, избегнато масовно исклучување


Франција–  „Ненадеен пад на фреквенцијата на електрична енергија“ во електричната мрежа „во Источна Европа“, е регистриран вчера што беше решено со намалување на потрошувачката, се вели во соопштение на менаџерот на француската мрежа РТЕ. Падот на фреквенцијата „резултираше со автоматско прекинување на потрошувачката на 16 француски индустриски локалитети“, што е „доброволно и според договорите“, посочува РТЕ. […]

И вториот кандидат на републиканците во Џорџија призна пораз на изборите за Сенатот во САД


САД – Досегашниот републикански сенатор од американската сојузна држава Џорџија, Дејвид Пердју, го призна поразот на изборите за Сенатот од младиот демократ Џон Ософ, што ја донесе Демократската партија на чекор до официјалната контрола над двата дома на Конгресот на САД. Републиканската кандидатка Кели Лефлер вчера призна дека ја изгубила трката за Сенатот од Демократот Рафаел […]

Aнкета: 57 отсто Американци сметаат дека Трамп треба веднаш да биде сменет од функцијата


САД – Педесет и седум отсто Американци сметаат дека претседателот Доналд Трамп треба да биде сменет веднаш, по протестите оваа недела, кои се претворија во насилство на Капитол. Анкетата на Ројтерс покажа и дека седум од 10 гласачи кои гласале за републиканскиот претседател го осудиле однесувањето на екстремните приврзаници на Трамп кои упаднаа во Конгресот, […]

Твитер трајно го блокира налогот на Трамп


САД- Социјалната мрежа Твитер синоќа соопшти дека итно и засекогаш го блокира Твитер налогот на претседателот на САД, Доналд Трамп.  Компанијата смета дека актуелниот претседател ги нарушил политиките на социјалната мрежа против величење на насилството и дека постои ризик тоа да се повтори. Според неа, одлуката да се блокира налогот е донесена поради „ужасните настани оваа […]

Обвинение за човекот што седеше во фотелјата на Ненси Пелоси


ВАШИНГТОН – Државен пратеник од Западна Вирџинија и човекот кој беше фотографиран како седи на работната маса на спикерот на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, се меѓу оние кои се соочуваат со федерални обвиненија кои произлегуваат од опсадата на американскиот Капитол од приврзаниците на претседателот Доналд Трамп, соопшти во петокот федералното обвинителство. Вршителот на […]

Демократите во САД ќе поднесат барање за импичмент на Трамп в понеделник


 Демократите во Претставничкиот дом на Конгресот планираат в понедленик да поднесат барање за импичмент против актуелниот американски претседател Доналд Трамп, јавија Си-Ен-Ен и британски медиуми повикувајќи се на извори од Демократската партија. Во верзија на поднесокот на демократите пишува: „…Претседателот Трамп сериозно ја загрози безбедноста на САД и нивните институции на управување. Тој се закануваше […]

Мал авион се судри со друг авион во Русија, загинаа тројца


Лесен авион кој денеска падна во Ленинградсаката област во Русија се судрил пред несреќата со друг авион, при што три лица загинале, пренесува ТАСС. Според прелиминарните податоци, лесниот авион без патници се судрил со друг друг лесен авион, во кој покрај пилотите биле двајца патници, рекол извор за канцеларијата на обинителот. Првиот авион слетал со […]

Данска ги затвора границите за патниците од сите земји


Данска ќе воведе забрана за влез на патниците од сите земји во светот, со цел да се ограничи ширењето на коронавирусот, освен во оправдани случаи и со негативен тест не постар од 24 часа, изјави министерот за надворешни работи Јепе Кофод. Оправдани случаи се оние во кои некое лице работи или има семејство во Данска, […]

Пелоси бара да му се земат на Трамп кодовите за нуклеарното оружје


 Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси  Пелоси, денеска во писмо до своите колеги конгресмени нагласува дека разговарала со началникот на Генералштабот на американската армија да преземе чекори за ограничување на пристапот на претседателот Доналд Трамп до кодовите за евентуална употреба на нуклеарно оружје. Таа наведува дека разговарала со шефот на Здружениот ГШ, Марк […]

Тедрос: Богатите земји се обезбедија, сиромашните останаа без вакцини


Швајцарија – Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека постои јасен проблем кај посиромашните земји кои немаат добиено вакцини против Ковид-19. – Богатите земји земаа најголем дел од испораките, рече Тедрос во Женева. Тој ги повика земјите и производителите да престанат да склучуваат билатерални договори на сметка на проектот Ковакс, пренесува Би-Би-Си. […]

Леброн Џејмс: Живееме во две Америки 


Американскиот кошаркар Леброн Џејмс го впери прстот во претседателот во заминување Доналд Трамп како главен виновник за хаотичните сцени што во средата се случија во зградата на Конгресот во Вашингтон. Стотици приврзаници на Трамп упаднаа завчера во Капитол Хил во обид да спречат потврда на изборната победа на неговиот наследник на должноста Џо Бајден. Во немирите животот го загубија четири лица, а вкупно 52. беа уапсени. Откако состојбата се смири, Конгресот ја потврди изборната […]

Во Британија 1.325 смртни случаи од Ковид-19, најмногу за еден ден


Велика Британија соопшти за 1.325 нови смртни случаи како резултат на Ковид-19, што е највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата, додека 68.053 лица се новозаразени со вирусот. Најголем број смртни случаи од Ковид-19 за еден ден претходно беа пријавени на 21 април, кога 1.224 лица го загубија животот поради вирусот. Нови мерки за карантин […]

Трамп потврди дека нема да оди на инаугурација на Бајден


  Доналд Трамо, американскиот претседател во заминување, на Твитер објави дека нема да се појави на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден. „За сите оние кои се прашуваа, нема да одам на инаугурацијата на 20 јануари“, напиша Трамп на Твитер. Никој во САД не очекуваше вообичаено мазна транзиција на власта по победата на Џо Бајден […]