Силен земјотрес регистриран во близина на Филипини


Силен земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Филипни.

Како што соопшти Медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) земјотресот бил на длабочина од 122 километри.

ЕМСЦ првично соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 7,2 степени според Рихтер.

За сега нема инфорамции за евентуални жртви и причинета материјална штета.