Како изгледа Овалната соба на Џо Бајден


Изгледот на Овалната соба пред во неа да влезе Џо Бајден. мебелот беше променет на денот на инаугурацијата

Секој претседател менува работи во прочуената Овална соба. Џо Бајден ја конципираше просторијата така да биде насочена кон масивниот портрет на Франклин Рузвелт. Во неа има бисти од Мартин Лутер Кинг, Роберт Кенеди, синдикалниот лидер Цезар Чавез…

 

ВАШИНГТОН – Претседателот Џо Бајден ја наполни Овалната соба со слики на американски лидери и икони на републиката, фокусирајќи ја просторијата околу масивниот портрет на Френклин Делано Рузвелт, кој виси спроти работното биро. Тоа е јасно почитување на претседателот кој ѝ помогна на земјата низ големи кризи, предизвик со кој се соочува и Бајден.

Овалната соба е синоним за моќта и величието на американското претседателство. Секој претседател го менува декорот на во голема мера симболична просторија за да понуди чувство за неговата личност и видот на претседателството што се надева дека ќе го има. Бајден е значаен по огромниот број портрети и бисти на познати американски историски фигури.

Некои се во пар, како слики на претседателот Томас Џеферсон и поранешниот министер за финансии Александар Хамилтон обесени едни до други – двајцата често не се согласуваа и беа составени заедно за да ги илустрираат придобивките од различните ставови. Кабинетот на Бајден соопшти дека сликите биле збратимени „како обележја за тоа како разликите во мислењата, изразени во рамките на заштитита на Републиката, се од суштинско значење за демократијата“.

Централно место во собата зазема големиот портрет на Франклин Рузвелт

„Ова е Овалната соба за Денот еден“, рече Ешли Вилијамс, заменик-директор на Овалната соба за операции, додека му овозможи на „Вашингтон пост“ ексклузивна 20-минутна обиколка во канцеларијата пред Бајден да стапне во собата.

„За претседателот Бајден беше важно да влезе во Овалната соба која изгледа како Америка и да почна да го прикажува пределот за тоа кој ќе биде како претседател“, рече таа.

Бистите на Мартин Лутер Кинг и Роберт Кенеди се на каминот во канцеларијата. Бајден честопати се повикува на влијанието што и двајцата го направија врз земјата како дел од движењето за граѓански права.

Бајден исто така покажува сегменти од базата на Демократската партија преку историски референци. Зад бирото е бистата на синдикалниот лидер Цезар Чавез. Во канцеларијата се вклучени и бисти на Роза Паркс, Еленор Рузвелт и скулптура на Алан Хоусер од племето Чирикахуа Апачи што некогаш му припаѓаше на покојниот сенатор од Хаваи, Даниел Инуе, првиот јапонски Американец избран во двата дома на Конгресот.

Бистата на синдикалниот лидер Цезар Чавез меѓу семејните фотографии

Сликата на Бенџамин Френклин е наменета да го претстави интересот на Бајден да ја следи науката. Сликата е стационирана во близина на карпа од Месечината поставена на полица за книги што треба да ги потсети Американците на амбицијата и достигнувањата на претходните генерации.

Светло-златните завеси на претседателот Доналд Трамп се заменети со поинаква, потемна златна нијанса што висеше во Овалната канцеларија на претседателот Бил Клинтон. Темносиниот ќилим исто така се наоѓаше во канцеларијата за време на администрацијата на Клинтон.

Мебелот беше сменет на Денот на инаугурацијата, рече еден соработник. За време на разгледувањето, од репортерот беше замолено да избегне да стапне на свежо вакумиран килим, така што тој ќе биде во беспрекорна состојба кога ќе пристигне Бајден.

Ги нема знамињата на гранките на војската што Трамп ги истакна зад бирото. Бајден инсталираше американско знаме и друго со претседателски амблем.

Бистата на Мартин Лутер Кинг во Овалната соба

Отстранет беше и портретот на поранешниот претседател Ендрју Џексон, кој Трамп го обеси во неговата канцеларија. Трамп и Џексон беа популисти, а Џексон беше првиот претседател кој беше избран директно и тој предложи да се стави крај на изборниот колеџ.

Џексон имаше робови и го потпиша Индијанскиот акт за отстранување, што доведе до смрт на илјадници Индијанци, бидејќи десетици илјади беа принудени да се преселат за да им дадат простор на доселениците. Актот доведе до „Патеката на солзите“, во која се проценува дека околу 4.000 Чироки умреле за време на тешките услови на долгиот марш за време на присилно преселување во 1838 и 1839 година. Чироките го нарекоа Џексон „Индијански убиец“; а племето Крик го нарече „Остриот нож“.

Обама имаше биста на Мартин Лутер Кинг во Овалната канцеларија, која Трамп ја чуваше, иако ја премести на друг дел од собата. (Вашингтон пост)

Сликата на Бенџамин Френклин е наменета да го претстави интересот на Бајден да ја следи науката