Русија со закон ги исфрла сојузниците на Навални од трката за влез во Думата


Рускиот Парламент минатиот четврток одобри закон според кој членовите на „екстремистичките организации“ не можат да бидат членови на парламентот, потег за кој сојузниците на притворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, наведуваат дека има за цел да ги спречи да учествуваат на парламентарните избори во септември. Законот, што беше одобрен од Долниот дом во прво читање, […]

Во три земји инјектирани 60 отсто од 1,5 милијарда дози вакцини против КОВИД-19 во светот


За шест месеци, од почетокот на националните кампањи на имунизација, во светот се инјектирани повеќе од 1,5 милијарда дози вакцини против Ковид-19, јавија француските медиуми. Најмалку 1.500.017.337 дози се инјектирани во 210 земји и територии низ светот, посочуваат официјалните извори, додавајќи дека речиси 60 проценти од овие дози биле употребени во три земји, Кина (421,9 […]

ЕУ се уште без договор за ковид-пасошот, разговорите продолжуваат утре


Лидерите на ЕУ доцна синоќа не успеаја да ги договорат деталите за европските ковид-пасоши, што големите туристички центри ги сметаат за витални за спас на претстојната туристичка сезона, јави ДПА. Преговарачите од Европскиот парламент, Европската комисија и владите на земјите-членки разговорите ќе ги продолжат утре, соопшти португалското претседателство со ЕУ. Дигиталниот сертификат може да ги […]

Блинкен – Лавров ќе го топат мразот меѓу САД и Русија на средба во Рејкјавик


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска на министерскиот состанок на Арктичкиот совет во Рејкјавик ќе се сретне со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Тоа ќе биде првата американско-руска средба на високо ниво откако американскиот претседател Џозеф Бајден стапи на должност на 20 јануари. Средбата, која се одржува во време на зголемени тензии меѓу Москва и Вашингтон околу Украина […]

„Ми се смачи од недостиг на почит“: Сестрата која го лечеше Борис Џонсон си даде отказ


Медицинска сестра која се грижеше за Борис Џонсон кога тој беше сериозно болен од Ковид-19, рече дека таа дала отказ поради нејзиното разочарување од „недостатокот на почит“ што го покажа владата кон јавниот здравствен систем (НХС) и здравствените работници, јави „Гардијан“. Џени Мекги, која бдееше покрај креветот на премиерот два дена кога беше на интензивна […]

Комбинација на АстраЗенека и Бионтек/Фајзер е многу ефикасна


Вакцинирањето со една доза АстраЗенека, a втора доза Бионтек/Фајзер е многу ефикасно, покажува нова студија од Шпанија Кога првата примена вакцина против коронавирус e АстраЗенека, а втората Бионтек/Фајзер, нивото на антитела се зголемува многу, покажува студија спроведена во Шпанија. Според ова истражување, лицата кои добиле комбинација од вакцините, односно прво биле вакциниран со АстраЗенека, а втората доза била […]

Палестинците во Израел почнаа генерален штрајк, бомбите и натаму паѓаат во Газа


Израелските сили ја урнаа и зградата во која се наоѓаа библиотеки и едукативни центри кои припаѓаа на Исламскиот универзитет   Палестинците во Израел и окупираните територии започнаа штрајк во ретка колективна акција против израелската политика во вторникот, додека израелските бомби паѓаат врз Газа а милитантите испукаа десетици ракети од територијата што ја управува Хамас. Бидејќи […]

Шпанско истражување утврдило дека мешањето на вакцините е безбедно


 Шпанско истражување посочува дека ревакцинирањето на лицата со вакцината „Фајзер“, а кои веќе ја примиле првата доза на вакцината „АстраЗенека“ е крајно безбедна и ефикасна, наведуваат самите истражувачи. Истражувањето „Комбивакс“, предводено од шпанскиот Институт за јавно здравје „Карлос III“, открило дека имунолошкиот одговор кај луѓето кои примиле втора доза вакцина „Фајзер“ е меѓу 30-40 пати […]

Во ЕУ администрирани повеќе од 200 милиони вакцини против Ковид-19


Во земјите од Европската унија досега се администрирани повеќе од 200 милиони дози вакцини против Ковид-19, а скоро 53 милиони Европејци се целосно вакцинирани. Во 27 земји се аплицирани најмалку 200 милиони дози на околу 148 милиони луѓе, што е 32 проценти од населението на Унијата. До сега во Унијата целосно се вакцинирани најмалку 52,90 милиони луѓе со две дози или една доза […]

Повеќе од 90 отсто од Британците развиле антитела по првата доза на „АстраЗенека“ или „Фајзер“


Повеќе од 90 проценти од Британците развиле антитела на коронавирусот откако ја примиле првата доза на вакцината „АстраЗенека“ или „Фајзер“, а по втората доза развиле речиси 100 проценти од вакцинираните, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено на 8.517 луѓе во Англија и Велс.   Истражувањето на научници од Универзитетскиот колеџ во Лондон покажа дека 96,42 отсто […]

Наришкин: Руската разузнавачка служба не стои зад кибер нападот врз институции и компании во САД


Русија– Шефот на руската надворешна разузнавачка служба, Сергеј Наришкин, денеска негираше дека агенцијата што ја раководи стои зад кибер нападот врз САД. Нападот, со кодно име „Кибер ветрови“, ја загрози работата на девет американски федерални институции и стотици приватни компании. САД и Велика Британија ја обвинија руската надворешна разузнавачка служба за нападот, а Наришкин посочи […]

Мистериозната болест повторно во Белата куќа, се истражува нов случај


Белата куќа се уште ги истражува случаите на мистериозна болест откако кон крајот на минатата година двајца службеници во Вашингтон доживеаја ненадејни симптоми слични на синдромот Хавана. Еден случај се случи во близина на големиот овален тревник на јужната страна на Белата куќа кога на еден функционер ненадејно му се слоши. Имаше главоболка и несоница, […]

Веран: Во Франција наскоро ќе прекине носењето на маска на отворен простор


Франција наскоро ќе ја достигне точката кога маската повеќе нема да биде задолжителна на отворено, изјави министерот за здравство, Оливие Веран, без да даде притоа датум, кога тоа ќе се случи, јави дописникот на МИА. -Се уште не сме на ова ниво, но ќе стигнеме наскоро, рече Веран во интервјуто за БФМТВ. „Кога сте надвор, […]

Индонезија воведе шема на приватно компаниско вакцинирање против Ковид-19


Индонезија денеска ја почна шемата на приватно вакцинирање со која ќе се имунизираат најмалку 10 милиони луѓе против Ковид-19, јави ДПА. Овие вакцинации ќе ги плаќаат компаниите, почнувајќи од трудоинтензивни производители до микро, малите и средни претпријатија. -Мило ми е што почна приватната шема за вакцинација. Се надевам дека сите ќе бидат заштитени од Ковид-19 […]

Нова линија на фронтот го дели Израел


Меѓу израелските Евреи и израелските Арапи избувна жестока борба и таа е поопасна од конфронтација со Хамас во Газа, предупредува Питер Мунк, новинар во германскиот весник „Зидојче Цајтунг“. Израел минува низ тешки денови, но земјата е навикната на војни. Искуството покажува: гранатите паѓаат, но во одреден момент ќе завладее мир. Но, сега, среде новата битка […]

Нетанјаху: Израел ќе продолжи со нападите врз терористичките цели во Газа


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека Израел ќе продолжи со „нападите врз терористички цели во Појасот Газа“ по еднонеделниот судир со палестински екстремисти. По состанокот со највисоките претставници на одбраната, Нетанјаху соопшти дека Израел „ќе продолжи да дејствува колку што е потребно за да ги врати мирот и безбедноста за сите израелски граѓани“. Судирите […]

Бајден: Следните шест недели ќе испратиме 80 милиони вакцини низ светот


Американскиот претседател Џо Бајден најави дека САД до крајот на јуни ќе донираат 80 милиони американски вакцини – претходно најавените 60 милиони дози вакцини на Астра Зенека и најмалку дополнителни 20 милиони дози на вакцини кои се одобрени за употреба во САД, соопшти Белата куќа. Оваа најава на администрацијата на Бајден е следниот чекор во […]

Ердоган ја проколна австриската Влада за кревањето на израелското знаме на зградата на канцеларот


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека ја проколнува австриската Влада откако го крена израелското знаме во австриските федерални министерства. -Ја проколнувам австриската Влада што го закачи израелското знаме на зградата на администрацијата на канцеларијата. Кревањето на знамето на терористичка држава на своја државна зграда значи идентификување со теророт. Австрија очигледно се обидува да ги […]

Германија од 7 јуни ќе им понуди вакцини на сите возрасни лица


Германија до 7 јуни ќе заврши со вакцинирањето на ранливите групи и ќе им овозможи на сите возрасни лица бесплатно да се вакцинираат, изјави германскиот министер за здравство Јенс Шпан. -Одлуката за укинување на приоритетите во германската кампања за вакцинација не значи дека сите ќе бидат вакцинирани веднаш во јуни, рече Шпан, посочувајќи на постојните […]

Њусвик: Пентагон создаде досега невидена тајна армија од 60.000 луѓе


Во изминатата деценија Пентагон создаде досега невидена тајна армија од десетици илјади војници, изведувачи и цивили кои дејствуваат под прикритие на терен и во кибер просторот, дознава Њусвик. Американскиот неделник денеска објави ексклузивен материјал за „овој таен свет… од малку познатите сектори на американската армија“, составен од над 60.000 луѓе. Истражувањето е плод на двегодишна […]