Израелската полиција го уби напаѓачот кој со нож рани две лица во Ерусалим


  Израелската полиција го уби напаѓачот кој со нож повреди две лица во источниот дел на Ерусалим. Источниот дел на Ерусалим е главно место на протестите и судирите меѓу израелските сили и Плеастинците во изминатите неколку седмици. Израелската полиција преку Твитер соопшти дека напаѓачот дошол на железничката станица, извлекол нож и повредил две лица. Stabbing […]

Институтот Пастер смета дека Франција може да избегне четврти бран на епидемијата на Ковид-19


 Преку системот за моделирање на податоци, научниците од Институтот Пастер веруваат дека земјата може да го избегне 4-тиот бран на епидемијата со Ковид-19 во текот на сончевите денови. Но ова под услов тековното укинување на ограничувачките мерки да не го забави затишјето, констатирано од пред десетина дена, јави дописникот на МИА. -Условите се поволни за да се попуштиме пред […]

Протече извештај на американските разузнавачи: Вухан, лабораторија, есен 2019?


Во извештајот на американската разузнавачка служба се наведува дека повеќе истражувачи на кинескиот Институт за вирусологија во Вухан заболеле уште во ноември 2019 година, пренесе Б92. Во тој извештај се наведува дека луѓето се во болница, а новите детализ а интензитетот на симптомите кои се јавиле може да покренат нова расправа за потеклото на корона […]

Италија во тага: Објавени имињата на жртвите во жичарницата. Петгодишно дете се бори за живот – ги изгуби мајката, таткото, братот, дедото и бабата


Петнаесет лица се качија на жичарница во Стреза вчера на брегот на езерото Маџоре во северна Италија. Кабината набрзо се сруши од висина од 20 метри. Најмалата жртва има само две години. Неговото име е Том Биран. Според ANSA.it, Том е и помлад брат на дете (5) кое сè уште се бори за живот во […]

ЕУ ќе разговара за евентуални санкции кон Белорусија, ОБСЕ бара ослободување на Проташевич


Белгија – Баренд Лејтс, портпарол на претседателот на Европски совет Шарл Мишел, синоќа најави дека на денешниот Самит на Европска Унија ќе се разговара за евентуални санкции кон Белорусија. Според неименувани извори, ЕУ, која веќе има воведени три рунди санкции кон Белорусија, работела на четврта рунда санкции кон белоруски претставници, како одговор на спорните избори од […]

Белорусија го ослободи авионот на Рајанер, но го уапси опозиционерот Проташевич, Европа бесна на потегот на Минск


Авионот на компанијата Рајанер, што денеска принудно слета во Минск, го продолжи патувањето кон Вилнус, изјави еврокомесарката за сообраќај Адина Валеан. Полетувањето на авионот на Рајанер таа го оцени како „прекрасна вест за сите, посебно за семејствата и за пријателите на патниците во авионот“. Претходно, по наредба на белоруските власти авион на Рајенер, што сообраќаше […]

Белоруските власти принудија авион на Рајнер да слета во Минск поради опозициски блогер


Белоруските власти денеска наредија на авионот на Рајанер кој сообраќал од Грција до Летонија принудно да слета во Минск. По слетувањето на авионот уапсен е еден од главните блогери и активисти на опозицијата. Полицијата го уапси Роман Проташевич, по кого трагаа белоруските власти поради неговото учество во минатогодишните масовни протести што избија по изборната победа […]

Трагедија во Италија: Се скина жичарница, најмалку девет мртви


Најмалку девет лица загинаа денеска а две деца се повредени кога падна жичарница која ги поврзува градот Стреса и планината Мотароне. Агенцијата АНСА наведува дека во моментот на несреќата во кабината на жичарницата имало 11 патници, а дека повредените деца со хеликоптер се префрлени во болница во Торино. Според службата за спасување, жичарницата во моментот […]

Жителите на Гома се враќаат во домовите по ерупцијата на вулканот Њирагонго


Жителите на градот Гома во Демократска Република Конго денеска почнаа да се враќаат во своите домови по синоќешната ерупцијата на вулканот Њирагонго, а лавата стигна до градот. Вулканот Нирагонго се наоѓа во националниот парк Вирунга, на помалку од 20 километри северно од Гома и недалеку од границата со Руанда. Лавата пристигна до Гома, која брои […]

Астра Зенека и Фајзер ефикасно штитат од индиската мутација на корона вирусот


Најновото истражување на Здравствениот институт на Англија покажа дека вакцините на компаниите Фајзер и Астра Зенека се ефикасни во заштитата на луѓето од индиската мутација на корона вирусот. Анализата спроведена меѓу 5 април и 16 мај покажа дека вакцините на Фајзер се 88 проценти ефикасни во случај на индискиот вид коронавирус две недели по земањето […]

ЦДЦ истражува случаи на миокардитис кај помлади кои примиле вакцина


Случаи на воспаление на срцевиот мускул, миокардитис, се пријавени кај тинејџери и млади возрасни кои примиле вакцина против КОВИД-19, соопшти советодавната група на Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ), препорачувајќи понатамошно истражување на оваа ретка состојба. Советодавниот комитет за практики на имунизација на ЦДЦ на 17 мај соопшти дека ги проучувал […]

Студен бран убил 21 натпреварувач на маратон во Кина


Најмалку 21 лице го загубија животот од последици од ненадејно, екстремно студено време, за време на ултрамаратон што се одржа во кинеската провинција Гансу, јавија денеска државните медиуми на земјата. Трката почнала вчера наутро од туристичкиот центар на брегот на Жолтата река, а за време на патеката долга 100 километри, натпреварувачите мораа да поминат низ длабоките кањони […]

(Видео) Ерупција на вулкан во Конго – лавата голта куќи кон центарот на градот


  Еден од најактивните вулкани на светот, Нијарагонго, во Демократската Република Конго, еруптира синоча, поради што владата ги активира плановите за евакуација на градот Гома, а лавата од вулканот стигнува и до аеродромот, објавија властите и вулканолозите. Ерупцијата го зарвени небото над градот Гома на истокот на Конго, чии жители се сеќаваат последната ерупција на […]

Автомобил се залета во пешаци во Кина, пет мртви


  Автомобил се залета во група пешаци во североисточниот кинески приморски град Далаин и притоа загинаа пет лица, јавија државните медиуми во неделата. Црна лимузина се залетала во луѓе кои приминувале улица во саботата и побегнала од местото на несреќата, наведува новинската агенција Синхуа, повикувајќи се на канцеларијата за јавна сигурност во Далаин. Четворица загинале […]

МААЕ веќе нема да има пристап до податоците од Иран


Претседателот на иранскиот парламент Мохамад Бејкер Калибаф денеска изјави дека вчера истече тримесечниот договор за надзор меѓу Техеран и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). – Од 22 мај и на крајот на тримесечниот договор, агенцијата нема да има пристап до податоците собрани од камерите во нуклеарните постројки договорени со спогодбата, рече Калибаф. МААЕ претходно оваа недела соопшти дека […]

(Видео) Најмалку 21 жртва за време на ултрамаратон во Кина


Најмалку 21 лице го загубија животот од последици од ненадејно, екстремно студено време, за време на ултрамаратон што се одржа во кинеската провинција Гансу, јавија денеска државните медиуми на земјата. Трката почнала вчера наутро од туристичкиот центар на брегот на Жолтата река, а за време на патеката долга 100 километри, натпреварувачите мораа да поминат низ длабоките кањони […]

ЕУ бара начин да ја заобиколи Унгарија по серијата блокади


ЕУ може да започне да издава соопштенија во име на 26 членки, наместо на сите 27 по серијата вета на Унгарија за низа прашања, им рече на новинарите во петокот (21 мај) дипломат на ЕУ. Забелешката следи по голем број на вета на Унгарија на ниво на ЕУ за прашања од надворешните работи. Во април […]

Зголемениот криминал е главна тема за изборите за градоначалник на Њујорк


Напади со ножеви во подземната железница, масовни престрелки, вклучително и на Тајмс Сквер: откако долго време се фалеше дека е една од најбезбедните метрополи во светот, Њујорк се соочува со зголемен криминал, што стана централна тема на кампањата за општините. По седумдесеттите и осумдесеттите години од 20-от век, кога во најголемата метропола во САД, зафатена […]

САД: Бројот на новозаразени најмал од 18 јули


Бројот на новозаразени со коронавирусот во САД опаѓа, што шири оптимизам дека вакцинацијата придонесува за намалување на тешките форми на болеста и намалување на бројот на нови случаи на Ковид-19. Просечниот број на нови случаи во последните седум дена е под 30.000, а директорката на Националниот центар за контрола на болести, Рошел Валенси, потсетува дека […]

Тел Авив: Илјадници демонстранти бараа соживот на Евреите и Арапите


Илјадници демонстранти синоќа излегоа на улиците на Тел Авив барајќи соживот на Евреите и Арапите. Демонстрациите во Тел Авив се само еден од протестите во бројни градови во Израел, со кои се бара мир меѓу Израелците и Палестинците по 11 дена вооружени конфликти. Лидерот на највлијателната арапска партија во Кнесетот, Ајман Одех, повика на формирање палестинска држава покрај Израел. – Овде живеат два […]