Во Германија лани е регистриран најмал прилив на странци во последните 10 години


Германија– Во Германија лани е регистрана најмала стапка на новодојдени, па затоа бројот на странци кои живеат во земјата минатата година се зголемил за само 1,8 проценти, што е најниска стапка регистрирана во последните 10 години, соопшти денеска Федералното биро за статистика. Германското Федерално биро додава дека населението родено во странство лани се зголемило за […]

Десетици доктори бараат затворениот Навални да добие итна медицинска помош


Русија – Десетици руски лекари денеска испратија апел затворениот дисидент Алексеј Навални да добие итна медицинска помош, откако се појавија извештаи дека тој страда од проблеми со грбот, јави ДПА. Во отвореното писмо до шефот на затворската управа, лекарите повикуваат Навални да добие соодветен третман за да се избегне „опасноста по неговиот живот и здравје“. ДПА […]

Најбогатиот Чех, милијардерот Петр Келнер, загина во хеликоптерска несреќа во Алјаска


Петр Келнер, најбогатиот човек во Чешка, е еден од петемина загинати кога нивниот хеликоптер се урна на патување на скијање во Алјаска. Овој 56-годишник беше меѓу патниците и пилотот кој загина во саботата во несреќата кај глечерот Кник североисточно од најголемиот град Енкориџ. Еден преживеан е пренесен во болница. Келнер избегнуваше внимание од јавноста, но […]

Русија ја регистрира вакцината „Спутник лајт“ што ќе се инјектира во една доза


Русија – Русија ја регистрираше верзијата на вакцината против коронавирусот „Спутник лајт“, што ќе се дава во една доза, соопшти денеска Министерството за здравство, пренесе Тасс. Русија минатата недела соопшти дека ги завршила клиничките испитувања на „лесната“ верзијата на вакцината против Ковид-19 што е „привремено решение“ за помош на земјите со високи стапки на инфекција. Москва […]

Евростат: Во ЕУ живеат 23 милиони државјани на трети земји


Вкупно 23 милиони државјани на трети земји живеат во членките на Европската унија, а Луксембург е земја со најголем процент на жители кои не се негови државјани. Според европската агенција за статистика Евростат, на 1 јануари 2020 година, граѓаните на земјите што не се членки на ЕУ сочинуваат 5,1 процент од населението на Унијата. Исто така, 13,5 милиони […]

Премиерот на Словачка поднесе оставка по набавката на руските вакцини


Словачки премиер Игор Матович во неделата објави дека ќе се повлече од функцијата, во обид да се повлече границата под едномесечна политичка криза, предизвикана од едностраното купување на руската вакцина „Спутник V“ против корона вирусот. Матович рече дека ќе ги смени местата со сегашниот министер за финансии, Едуард Хегер, кој ќе стане нов премиер. Говорејќи […]

Лондон без смртни случаи од Ковид-19, првпат после септември


Првпат после шест месеци во Лондон за 28 март нема пријавено смртни случаи од Ковид-19, покажуваат официјалните податоци. Бројките на Заводот за јавно здравство Англија (PHE) за 28 март покажаа дека нема регистрирано смрт кај пациенти со Коцид-19, додека во екот на корона-кризата во април минатата година, во Лондон беа регистрирани околу 230 смртни случаи […]

Во Чешка откриена нова мутација на корона вирусот


Вработени во лабораторијата „Елизабет Фармакон“ во чешкиот град Брно откриле претходно нерегистрирана мутација на корона вирусот. Ова на Твитер го објави шефот на лабораторијата, познатиот чешки епидемиолог Омар Шери. – Тоа е мутација на … карактеристичен протеин што се појавува на површината на вирусот САРС-КоВ-2. За него се насочени вакцините кои се користат денес, изјави […]

Бродот „Ever Given“ е ослободен, нејасно кога ќе биде отворен повторно Суецкиот канал


Египет–Гигантскиот товарен брод „Ever Given“, кој од минатиот вторник го блокираше Суецкиот Канал, е ослободен денеска од спасувачките екипи, соопшти компанијата за поморски услуги Inchcape Shipping. – „Ever Given“ е успешно вратен во соодветна положба изутринава во 04.30 часот и моментно е безбеден, напиша компанијата на својот твитер-налог. Но иако спасувачките екипи успеале да го […]

Вакцинираните против грип се поотпорни на Ковид-19 – зошто?


Вакцинираните од грип заболуваат поретко и не толку тешко од Ковид-19. Дали тоа се должи на однесувањето или на имунолошкиот систем? Дали вакцината против грип штити од Ковид-19? Ако е така, тогаш кои се причините? Овие прашања ги преокупираат медицинарите, а тимот на чело со Ана Колон од Универзитетот Мичиген во студија објавена во Американскиот […]

Путин ги повика Русите да се вакцинираат против коронавирусот


Русија– Рускиот претседател Владимир Путин ги повика Русите да се вакцинираат против коронавирусот. Според Путин, кој неодамна беше вакциниран против Ковид-19, вакцинацијата против коронавирусот е неопходна. Неговата изјава беше дадена по бавното темпо на руската кампања за вакцинација. Речиси четири месеци по пуштањето во употреба на руската вакцина Спутник V, само четири милиони Руси примија […]

Се бара кревет повеќе за заболени од Ковид-19 во Париз


Франција– Зголемувањето на бројот на новозаболени од Ковид-19 наскоро може да го доведе во прашање капацитетот за згрижување пациенти на интензивна нега во болниците во Париз.  Таков апел упатија лекари од таа држава кои нагласуваат дека таквата ситуација може ги доведе да изберат кој пациент ќе го спасат. Таквите предупредувања беа објавени во весникот Журнал ди […]

Во хеликоптерската несреќа на Алјаска загина најбогатиот жител на Чешка – Петр Келнер


Алјаска– Пет лица загинаа во хеликоптерска несреќа на Алјаска меѓу кои е и еден од најбогатите луѓе во Европа, откако леталото се урна за време на, како што велат властите, хели-ски патување. Меѓу жртвите е и Петр Келнер, најбогатиот жител на Чешка, кој го заработи своето богатство продавајќи канцелариски материјали, а потоа купувајќи удел во […]

Здравствената криза во Бразил се влошува, експерти очекуваат половина милион смртни случаи од Ковид-19 до јули


Бразил– Здравствената криза во Бразил се влошува поради рекордно ниво на нови инфекции и смртни случаи, предупредија здравствените. Здравствениот систем на земјата е пред колапс, јавија локалните медиуми. Лекарите пријавуваат просечно 2.400 смртни случаи на ден во изминатите седум дена. Во петокот имаше 3.650 смртни случаи. Претходно, во државата имаше по околу 100.000 новоинфицирани дневно. Експертите […]

Меркел побара од германските држави да ги засилат напорите поради се поголемиот број инфекции


Германија– Германската канцеларка Ангела Меркел побара од германските сојузни покраини да ги засилат напорите поради се поголемиот број инфекции со коронавирус и ја најави можноста за воведување полициски час за да се обиде да биде под контрола третиот бран. – Имаме сопирачка за итни случаи … за жал, тоа не се почитува насекаде. Се надевам […]

Фејсбук го блокира Мадуро – тврдел дека мајчина душица е лек за Ковид


  Венецуелската влада во неделата го обвини Фејсбук за „дигитален тоталитаризам“ откако го замрзна профилот на претседателот Николас Мадуро на 30 дена поради ширење дезинформации за Ковид-19. Од Фејсбук за Ројтерс велат дека овој викенд избришано е и видео во кое Мадуро го промовира „карвативир“, век од венецуелско производство, за кој тврди, без докази, дека […]

(Видео) Вака ќе изгледаат „ковид пасошите“! Европскиот комесар го покажа документот за кој сите зборуваат


Тиери Бретон денеска во интервју за неколку француски медиуми го презентираше „европскиот здравствен сертификат“ за вакцинација против вирусот корона, кој ќе им биде достапен на граѓаните од 15 јуни, но додаде дека нема да биде задолжителен. „Знаеме како ќе изгледа идниот здравствен сертификат, кој ќе биде достапен од 15 јуни. Тоа ќе биде документ со […]

По успешната вакцинација Британија се враќа во живот


  Велика Британија презема уште еден мал чекор кон излез од рестриктивните мерки во време кога со внимание се гледа на новиот бран на вирусот што ја зафаќа Европа. Речиси 30 милиони луѓе, што се 56 отсто од возрасните, досега ја примија првата доза од вакцината во кралството. Бидејќи стапката на вакцинација во Обединетото кралство […]

Драги: Некои фармацевтски компании продавале исти вакцини два или три пати


Одредени производители на лекови кои развија вакцини против корона вирусот можеби ветија повеќе отколку што може да испорачаат, ефикасно продавајќи ги истите ограничени дози на различни купувачи, рече италијанскиот премиер Марио Драги. Говорејќи за предлогот на ЕУ да ги прошири овластувањата на блокот за блокирање на извозот на дози на вакцини, Драги им рече на […]

Трет бран во ЕУ: Франција критично, Полска и Белгија воведуваат построги мерки


Франција, погодена од третиот бран зараза од корона вирус, се наоѓа на епидемиолошки „критична“ точка, па денеска дополнително го ограничи движењето, а заострени се и епидемиолошките мерки во Белгија и Полска. Премиерот на Франција, Жан Кастекс рече дека третиот бран не престанува да расте, што Франција ја доведува до „критична“ состојба. Француските власти од денеска […]