Пронајдена црната кутија на бродот со хемикалии кој тоне кај Шри Ланка


 Лоцирана е црната кутија на бродот полн со хемикалии и пластика што тоне на брегот на Шри Ланка, соопштија денеска официјални лица, додека истражителите се обидуваат да утврдат што го предизвикало пожарот во пловниот објект. Снимачот за податоци за патување (ВДР), познат и како поморска црна кутија, им овозможува на истражителите да ги прегледаат процедурите […]

Мајкрософт го цензурирал Кинезот што стои пред тенковите од 1989 година


„Мајкрософт“ тврди дека било „случајна човечка грешка“ тоа што неговиот  пребарувач Бинг одредено време не ја покажувал иконската фотографија на која се гледа Кинез како стои пред колоната тенкови во Авенијата на вечен мир на плоштадот Тјенанмен во Пекинг на 5 јуни 1989 година. Таа беше направен по бруталната акција на кинеските власти против демократските […]

Во Калифорнија регистрирана серија од 152 земјотреси


Повеќе од 150 земјотреси се регистрирани долж границата меѓу Калифорнија и Мексико, а најсилниот земјотрес беше 5,3 степени според Рихтеровата скала, објавија денеска американските медиуми. Земјотресите биле со епицентар во рурална област во близина на езерото Салтон, во јужна Калифорнија, соопшти Американскиот сеизмолошки институт. – Регистрирани се 152 земјотреси од сите размери, изјави сеизмологот Пол Карузо, […]

НАТО ги предупреди Москва и Минск да не се закануваат на членките на Алијансата


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги предупреди Русија и Белорусија да не се закануваат на членките на Северноатлантскиот сојуз откако белоруските власти насилно приземјија патнички авион што леташе во рамките на ЕУ, се вели во соопштението објавено денеска. „Секако, во итен случај, ние сме подготвени да го заштитиме и одбраниме секој сојузник од каква било […]

Ракетен напад во Јемен, 17 загинати


Јеменските бунтовници Хути истрелаа балистичка ракета во градот Мариб, контролиран од владата, при што загинаа најмалку 17 лица. Меѓу нив е и петгодишно девојче, соопштија официјални извори. Ракетата погоди бензинска пумпа во областа Равда во Мариб и сите жртви се цивили, изјави претставник на локалниот гувернер. Десетици луѓе беа ранети во експлозијата на ракетата, а […]

„Во затвор во Минск секоја ноќ ме слекуваа до гола кожа“


Александар Бураков, новинар на Дојче веле (ДВ), кој беше уапсен во мај во Белорусија, откри како изгледале неговите затворски денови во земјата на Александар Лукашенко. Бураков мина 20 дена зад решетки на „воен затвор“ како што тој го опиша, за време на кое време стражарите не му дозволиле да спие. Во текот на ноќта, вршеле […]

САД ќе донираат 750.000 дози вакцини против коронавирус на Тајван


САД ќе донираат 750.000 дози вакцина против коронавирус на Тајван како дел од планот за дистрибуција на вакцините во светот, изјави американската сенаторка Тами Дакворт. Тајван се соочува со зголемен број заразени, но и со недостиг на вакцини. Земјата вакцинираше само три проценти од 23,5 милиони жители, а повеќето ја примија само првата доза на […]

Избори за регионален парламент во германската покраина Саксонија-Анхалт


Гласачите во германската источна покраина Саксонија-Анхалт денеска ќе гласаат за нов парламент, на последното истражување на јавното мислење во Германија пред парламентарните избори во септември, што може да им нанесе удар на надежите на конзервативецот Армин Лашет за наследник на канцеларката Ангела Меркел. Анкетите покажуваат мала предност за демохристијаните (ЦДУ) Лашет и Меркел, но крајно […]

Џонсон ги повика лидерите на Г7 да се посветат на вакцинирање на целиот свет


Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа ги повика лидерите на Групата седум богати земји (Г7) да се посветат на вакцинирање на целиот свет против Ковид-19 до крајот на 2022 година и тоа да го сторат до состанокот на Велика Британија следната недела. Џонсон ќе биде домаќин на првиот самит „во живо“ по скоро две години, по […]

Лидерката на германските Зелени, Бербок, под оган поради пропусти во биографијата


Лидерката на германските Зелени, Аналена Бербок, се соочува со нови прашања во врска со нејзината професионална етика по откривањето на неколку фактички недоследности на нејзиното официјално резиме. Бербок, која исто така е кандидат на нејзината партија за канцелар на изборите во Германија во септември, лажно тврдеше членство во Германскиот Маршалов фонд и во Високиот комесаријат […]

Во Холандија отворени киносалите, музеите, театрите и рестораните


Холандија– Во Холандија, со олеснувањето на мерките, денеска се отворени киносалите, музеите, театрите и рестораните. Локалните медиуми објавија дека многу ресторани, каде што луѓето сега можат повторно да јадат во затворен простор, се во голема мерка резервирани, а влезниците за киносалите и театрите се распродадени, но бројот на посетители, сепак, е ограничен. На некои места, […]

Рекордно уништување на шумите во бразилска Амазонија


Прелиминарните државни податоци ја зголемија загриженоста дека претстојната сува сезона ќе донесе уште повеќе уништување на шумите во бразилскиот дел на Амазонија отколку минатата година. Областа каде имаше сеча на шума во мај, утврдена врз основа на сателитски снимки, е поголема за 41 процент во споредба со истиот месец во 2020 година, според Државниот институт […]

Дали политиката на три деца во Кина е само евтин блеф


Откако Кина им дозволи на двојките да имаат трето дете, следуваа голем број полемики, но и едно прашање – зошто воопшто некогаш и го ограничуваше бројот на деца. За време на спроведувањето на политиката на едно дете, на етничките малцинства, вклучувајќи го и ујгурското малцинство во Синџијанг, му беше дозволено да имаат најмногу три деца, […]

Бела куќа: Русија ќе биде во фокусот на форумот на НАТО


Русија ќе биде во фокусот на претстојниот самит на НАТО, кој ќе се одржи на 14 јуни, соопшти синоќа Аманда Слоут, виша директорка за Европа во Советот за национална безбедност, зборувајќи за време на видео конференција во Центарот за нова американска безбедност. – Претседателот на САД Џо Бајден ќе ја потврди нашата силна посветеност кон […]

ЕУ ги забрани авионите на Белорусија на нејзиниот воздушен простор


ЕУ ги забрани белоруските превозници на нејзиниот воздушниот простор и аеродромите поради присилното слетување на летот на „Рајанер“ и апсењето на опозицискиот активист и новинар Раман Пратасевич. Амбасадорите на ЕУ се согласија за време на состанокот во петокот да побараат од земјите-членки да им забранат на авионските превозници да слетуваат и полетуваат и да им […]

Евростат: Малта со највисока стапка на смртност кај новороденчињата


Белгија– Највисока стапка на смртност кај новороденчиња во ЕУ во 2019 година е регистрирана во Малта (6,7 смртни случаи на 1.000 живородени деца), Романија (5,8) и Бугарија (5,6). За разлика од нив, најнизок процент е регистриран во Естонија (1,6 смртни случаи), а потоа следуваат Словенија, Финска и Шведска (сите со по 2,1 смртни случаи на […]

Триесет проценти од територијата на ЕУ ќе бидат заштитени подрачја


Европска Унија на 7 јуни ќе дебатира за Стратегијата на ЕУ за биодиверзитет до 2030 година, а следниот ден Европски Парламент ќе гласа за резолуција. Предлог-резолуцијата предвидува 30 проценти од територијата на ЕУ, копно и вода, да бидат заштитени подрачја и веднаш да се преземат мерки против намалувањето на пчелите и другите опрашувачи. ЕУ сака […]

Германија: ЦДУ се мачи со популистите од АфД на изборите во Саксонија Анхалт


Конзервативците во Германија се подготвуваат за она што веројатно ќе биде резултат со многу лузни на регионалните избори во неделата во источната држава Саксонија Анхалт, каде според анкетите крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) треба да освои повеќе од една петтина од гласовите. Најновата анкета за радиодифузерот ЗДФ предвидува AfD да добие 23 отсто од гласовите […]

Белорусија: Во интервју, притворениот опозициски блогер го фали Лукашенко, родителите веруваат дека бил принуден


Во Белорусија, државната телевизија по првпат емитуваше долго интервју со затворениот владин критичар, младиот блогер Роман Протасевич, јави ДПА. Во интервјуто за радиодифузерот ОНТ, што беше емитувано синоќа, 26-годишниот блогер призна дека организирал протести против претседателот Александар Лукашенко. Во исто време, тој рече дека му се восхитува на Лукашенко. Неговата мајка Наталија Протасевич, која живее […]

Ванг: Изјавата на Блинкен за Тиенанмен е мешање во внатрешните работи на Кина


Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, денеска како „мешање во внатрешните работи“ ги оцени коментарите на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на годишнината од масакрот на плоштад Тиенанмен. -Изјавата на Бликен претставува мешање во внатрешните работи на Кина, рече Ванг на редовната прес-конференција. „На 4 јуни е 32-годишнината од крвавото задушување на […]