Тројца убиени во напaд со нож во германскиот град Вирцбург
Три лица се убиени и шест ранети во напад со нож во германскиот град Вирцбург, објави весникот „Билд“, додавајќи дека полицијата го запрела осомничениот сторител со истрел во ногата.
Полицијата потврди дека неколку лица биле убиени и повредени и дека еден напаѓач бил застрелан. Ситуацијата сега е под контрола, рекоа тие, но засега нема информации за можниот мотив за нападот.
„Напаѓачот беше совладан откако полицијата употреби огнено оружје“, објави полицијата на Долна Франконија на Твитер. „Нема индиции за втор осомничен. Нема опасност за населението“.
Видеа објавени на социјалните мрежи прикажаа млад човек кој навидум држеше нож, а други мажи држеа столици, додека не пристигне полицијата. Се појави друго видео кое покажа крв на земја.
Видеото одговараше на пријавената локација на нападите во и околу центаралниот плоштад во Вурцбург, Барбаросаплац, иако не беше веднаш можно да се потврди кога се снимени.
Вирцбург е град со 130.000 жители на југоисток од Франкфурт.