Фармацевт од САД осуден на три години затвор, намерно уништил вакцини


  Американски фармацевт осуден е на тригодишна затворска казна, откако признал дека намерно ги извадил вакцините на „Модерна“ од фрижидер, иако знаел дека мора да бидат на ниска температура, објави Министерството за правосудство. Стивен Р.. Бранденбург (46) намерно ги отстранил шишенцата со вакцини од фрижидерот, иако знаел дека мора да стојат на точно одредена температура […]

Мисијата на Бајден на самитот Г7: Да регрутира сојузници за следната студена војна


Џо Бајден оваа недела го минува Атлантикот со бран на добра волја. По четири години Доналд Трамп, европските лидери се благодарни за самиот факт на американскиот претседател кој верува во демократија и ја разбира дипломатијата. Трамп немаше концепт за историски сојуз, стратешко партнерство или заеднички интерес. На мултилатералните институции гледаше како на заговор против моќта […]

Ново откритие: Околу 50.000 диви животни се продале илегално на пазарот во Вухан


Повеќе од 47.000 диви животни се продадени во кинескиот град Вухан две и пол години пред да се најде првиот потврден кластер со Covid-19, покажа новата студија, обезбедувајќи нови критични докази дека коронавирусот може да се шири природно од животни на луѓето. Студијата, објавена во списанието за отворен пристап „Научни извештаи“, откри дека дивите животни, […]

Милијардерите Маск, Сорос, Безос… не плаќале данок на доход со години, открива истражувачки портал


Некои американски милијардери меѓу кои се и најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос и Илон Макс, во изминатите 15 години повремено успевале да избегнат федерален данок на доход, објави ПроПублика. ПроПублика, портал кој се занимава со новинарски истражувања, ги црпи своите податоци од опширни „тајни“ материјали добиени од Даночната служба на САД (ИРС). Досега се […]

Советот за безбедност на ОН го предложи Гутереш за втор мандат


Советот за безбедност на ОН усвои денеска резолуција, со која препорачува актуелниот генералниот секретар на организацијата Антонио Гутереш да биде избран за втор мандат. Претстои Генералното собрание на ОН да донесе одлука во врска со кандидатурата на Гутереш. Бидејќи има само еден кандидат за функцијата генерален секретар, постои голема веројатност Генералното собрание да ја усвои […]

Анархист му удри шлаканица на Макрон


Претседателот на Франција Емануел Макрон на внатрешна турнеја во земјата при средба со публиката, доби шлаканица од еден посетител, јави дописникот на МИА. По инцидентот, уапсени се две лица. Настанот се случи во регионот Дром, во југоисточна Франција. Сакајќи да се поздрави со присутниот народ, едно лице извикувајќи „Долу Макронија” и претставувајќи се како анархист, […]

Британски полицаец призна дека ја киднапирал, силувал и убил Сара Еверард


Поранешен полицаец на градската полиција на Лондон, Вејн Кузенс, призна пред судот дека ја киднапирал и ја силувал Сара Еверард. Кузенс (48) урово на суд се изјасни за виновен за наведените точки од обвинението. Исто така, призна дека ја убил 33-годишната Еверард, но за обвинението за убиство ќе се изјасни на следното рочиште кое е […]

Германија и Унгарија во клинч за надворешната политика на ЕУ


Трпението на Берлин поради постојаните вета на Будимпешта е при крај, особено што тоа се случи и за последното коминике за Кина поврзано со Хонгконг   Германија и Унгарија се судрија околу политиката на ЕУ за Хонгконг, во спорот што направи надворешниот сервис на ЕУ да изгледа глупаво. „Не можеме да оставиме да бидеме заложници […]

Рации во Германија поради перење пари и организиран криминал


 Германските специјални полициски единици денеска извршија претрес на околу 30 објекти, како дел од истрагата за перење пари и организиран криминал во западногерманската држава Северна Рајна-Вестфалија. Истражителите извршиле претрес во домови, канцеларии и продавници во Дуизбург, Леверкузен, Гелзенкирхен и други градови во регионот Рајна-Рур. Во кацијата приведени се неколку лица и конфискуван е имот. Истражителите […]

Европарламентарци ќе ја судат ЕК за толеранцијата кон Бугарија, Унгарија и Полска


Европската комисија е неактивна и не ги крати европските средства на неолибералните земји како Унгарија, Полска или Бугарија. Затоа Европскиот парламент сака да ја тужи, пишува германскиот  „Тагесцајтунг“. Овој медиум  веќе ја сместува Бугарија меѓу т.н. нелиберални земји во ЕУ, во кои до неодамна беа вклучени само Унгарија и Полска. Големото прашање е: дали ќе […]

Снимки сведочат дека Џулијани ја убедува владата на Украина да го испита Бајден


Аудио-снимки, до кои ексклузивно дојде Си-Ен-Ен, покажуваат дека поранешниот правен советник на претседателот на САД, Доналд Трамп и поранешен градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани, безмилосно поттикнува во 2019 година и ја убедува владата на Украина да ги испита неоснованите обвинувања против тогаш -претседателскиот кандидат Џозеф Бајден. Аудио-снимка направена во јули 2019 година регистрира телефонски разговор […]

Канаѓанец со камион прегази муслиманско семејство, уби четворица


  Четири члена од муслиманско семејство беа убиени во неделата во однапред смислен напад, соопшти канадската полиција. Канаѓанец на возраст од 20 години, со камион намерно се залета во муслиманско семејство во градот Лондон, провинцијата Онтарио. Загинаа сите четворица, а единствено преживеано е дете на девет години, кое се наоѓа во болница, со сериозни повреди. […]

Пожар во хемиска фабрика во Индија, загинаа 18 луѓе


  Пожар што вчера изби во хемиска фабрика на периферијата на градот Пуна на западот на Индија загинаа најмалку 18 луше. Во зградата на фабиката, во моментот на пожарот, останале 37 работници. Пожарникарите морале да ги урнат ѕидовите за да можат да ги спасат работниците, пренесува Би-би-си. Засега не е утврдена причината за пожарот. Премиерот […]

САД формираат коалиција против земјите што се домаќини на хакери


САД како дел од својата стратегија за борба против кибер нападите, имаат намера да формираат меѓународна коалиција за да ги изведат пред правдата земјите во кои живеат хакери. Ова го објави  државниот секретар Ентони Блинкен, говорејќи за време на сослушувањето во Комитетот за надворешни работи на Конгресот. „Владата на САД работи на стратегија за спротивставување […]

Блинкен: САД разгледуваат опции за затворање на затворот Гвантанамо


Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден разгледува опции за повторно воведување на позицијата пратеник во Стејт департментот за затворање на затворот во поморската база Гвантанамо во Куба, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Затворот е формиран за странци по терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година. Поранешниот демократски претседател на САД, […]

„Волстрит џурнал“: Ковид-19 можно е да протекол од кинеска лабораторија во Вухан


Според извештај на САД за потеклото на Ковид-19, хипотезата дека новиот коронавирус протекол од кинеска лабораторија во Вухан е можна и заслужува понатамошна истрага, објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на извори запознати со содржината на тајниот документ. Студија на Националната лабораторија на САД – Националната лабораторија Лоренс Ливермор во Калифорнија, беше подготвена во мај минатата […]

САД одобрија нов лек за Алцхајмерова болест, прв во последните 20 години


Американскиот регулатор во понеделникот соопшти дека одобрил нов лек за Алцхајмерова болест, прв по речиси дваесет години. „Ова одобрување е важно од повеќе причини“, соопшти Американската агенција за лекови (ФДА). Лекот, произведен од фармацевтската компанија Биоген под името Адухелм, „е првиот лек за Алцхајмерова болест одобрен по 2003 година“, забележа агенцијата. Ова е исто така […]

СЗО: Околу 420.000 лица умираат годишно од опасна храна


Околу 600 милиони луѓе низ светот годишно заболуваат од конзумирање на загадена храна, а 420.000 умираат од неа, според СЗО, пренесува Дојче веле. Овие смртни случаи можат да се избегнат со заеднички напори, потсети Светската здравствена организација (СЗО) на Денот на безбедноста на храната. – Ние имаме колективна одговорност да обезбедиме здрава и свежа храна, […]

Марксистот Кастиљо близу до победа на претседателските избори во Перу


Неизвесноста го достигна врвот во понеделникот на финалето на претседателските избори во Перу: радикалниот левичарски кандидат Педро Кастиљо за првпат поведе, откако беа изброени 94,355 проценти од гласовите. Поранешниот учител во 12 часот по локално време (19:00 часот по средноевропско време) водеше пред популистичката десничарка Кеико Фуџимори за 39.164 гласа (50,11 проценти), а имаше 72.000 […]

Хајко Мас бара да се укине правото на вето во ЕУ


    Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас а побара Европската унија да го укине правото на вето на земјите членки кога станува збор за надворешно-политички одлуки. „Не може повеќе да бидеме држени како заложници од оние кои ја парализираат европската надворешна политика со своите вета. Затоа кажувам многу отворено, ветото мора да замине, […]