Орбан го обвини Брисел дека гради „европска империја“
Унгарскиот премер бара итен прием на Србија во Европската унија
Откако повеќе европски лидери неодамна изјавија и јавно и зад затворени врати на самитот, дека за нив ЕУ се темели на заеднички вредности, а не само на економска кохезија и единствен пазар, унгарскиот премиер Виктор Орбан им одговори викендов преку огласи во повеќе весници низ Европа, на пример во Данска и Шпанија. Во тие огласи тој ја претстави неговата идеја за Европа. За Орбан, „силата на европската интеграција се заснова на заеднички економски успеси“, се вели во огласот. „Ако не можеме да успееме сите заедно а не поделени, ЕУ е завршена“.
Орбан исто така се спротивстави на невладините организации, го обвини „Брисел“ за изградба на „европска империја“, се залага за бришење на целта за „сè поблиска“ унија отколку онаа во Договорот и испрати уште уште еден од неговите бестселери: повик за ограничување моќта на Европскиот парламент. Бидејќи тој дури и тогаш не може да биде сигурен дека има повеќе пријатели отколку непријатели, најпосле во огласот го испрати овој предлог: „Србија треба да влезе во Европската унија“.
Постојат „длабоко различни идеи“ за тоа каква треба да биде ЕУ, рече германската канцеларка Ангела Меркел во петокот на нејзината заминувачка прес-конференција по самитот. „Во тој поглед, имаме сериозен проблем“. И, далеку е од решавање: За време на дискусиите „стана јасно, и јас се согласувам со ова, дека ЕУ не е само внатрешен пазар, туку исто така е обединета врз основа на заедничките вредности. И ако ги нема, мора да разговараме. Таму има сериозни проблеми, и за нив мора да се преговара понатаму“.