Шведскиот премиер Левен поднесе оставка


 Шведскиот премиер Стефан Левен денеска ја соопшти својата оставка на функцијата, една недела откако му беше изгласана недоверба во парламентот, јави ДПА.

Гласањето недоверба беше ставено на дневен ред откако партијата Левица ја повлече поддршката за малцинската влада на Левен поради судир околу предложените реформи на шведскиот пазар за рентирање. Ова беше првпат еден шведски премиер да ја изгуби власта прелку изгласување недоверба.

Социјалдемократот Левен, на денешната прес-конференција кажа дека одлучил да не закажува нови избори поради пандемијата со корона вирусот, пренесе ДПА.

Следните општи избори се закажани за септември 2022 година