Марио Драги свикува итен самит на Г-20 посветен на ситуацијата во Авганистан


Италијанскиот премиер Марио Драги планира да свика итна средба на врвот на Г -20, на која ќе се разговара за ситуацијата во Авганистан, објави „Ла Република“. Претходно закажаниот самит на Г -20 ќе се одржи во Рим на 30 и 31 октомври оваа година, но според изданието, кабинетот на Драги работи на одржување на вонреден […]

Нов Зеланд со Фајзер ќе ги вакцинира деца на возраст од 12 до 15 години


Нов Зеланд– Нов Зеланд одобри употреба на Фајзер/БиоНТек за деца и адолесценти со цел да се сузбие ширењето на коронавирусот, соопшти денеска премиерката на таа земја Џасинда Ардерн. Нов Зеланд од денеска е во строго „затворање“ откако беше идентификуван еден случај на локална трансмисија на вирусот, прв по речиси шест месеци. Кластерот во Окленд сега […]

Од почетокот на годината, повеќе од 100 напади врз хуманитарни работници


Од почетокот на оваа година, евидентирани се повеќе од 100 големи напади врз хуманитарни работници, објави Европската комисија по повод денешниот Светски ден на хуманитарците. Во 2020 година, 108 хуманитарци го загубија животот, а 125 беа киднапирани, според податоците за безбедносната на хуманитарни работници (AWSD), пренесува Бета. „Им оддаваме почит на сите хуманитарни работници што […]

Како се талибанците толку моќни и ефикасни


Во изминатите денови многу се зборуваше за слабата и никаква одбрана на авганистанската армија. Во последните 20 години, САД и НАТО инвестираа огромни суми пари во развојот на авганистанските сили, давајќи им модерно оружје и логистика, и овие не издржаа ниту неколку дена во борбите со многу помалубројните талибанци.   Едната страна на приказната, значи, […]

Бајден: Кризата во Авганистан не е неуспех


Американскиот претседател Џо Бајден синоќа го бранеше повлекувањето на американските трупи од Авганистан, истакнувајќи дека не мисли оти кризата претставува неуспех, тврдејќи  оти немало подобар начин тоа да се изведе. Тој во интервју за Еј-Би-Си Њуз на прашањето дали имало грешка во разузнавачките податоци, планирањето, извршувањето или процената довеле до ситуацијата во Авганистан, истакна дека […]

Со Авганистан ќе владее врховен лидер и талибански совет


Додека од аеродромот во Кабул забрзано се изведува евакуацијата на луѓето кои сакаат да ја напуштат земјата: дипломатски персонал, странци, како и Авганистанци кои работеле за странските мисии и нивните семејства, новата талибанска власт веќе ги најавува своите првични чекори за новото уредување на земјата. Најавите од изминатиот викенд дека во иднина Авганистан ќе биде […]

Гани тврди дека го напуштил Кабул со милиони долари, туку за да спречи крвопролевање


Авганистанскиот претседател Ашраф Гани, кој од завчера се наоѓа во егзил во Обединетите Арапски Емирати, денеска излезе со прва изјава по бегството од земјата и објасни дека го напуштил Кабул за да спречи крвопролевање и ги отфрли извештаите дека ја напуштил претседателската палата со голема сума пари. Гани беше жестоко критикуван од поранешните министри за […]

Тропската бура „Грејс“ премина во ураган, се приближува кон Мексико


Метеоролозите соопштија дека тропската бура „Грејс“ денеска се засили во ураган, приближувајќи се кон брегот на Мексико, и се закани со пороен дожд, поплави и големи бранови. Во сила е предупредување за ураган за голем број приморски летувалишта, вклучувајќи го и Канкун на мексиканскиот полуостров Јукатан, соопшти американскиот Национален центар за урагани (НХЦ) во Мајами. […]

Колку антитела се доволни за имунитет против коронавирус? 


Ефикасна ли е вакцината што ја примив? Одговорот е во антителата. Но, се уште нема гранични вредности за ваквите тестови. Дополнителен проблем е новиот Делта сој По прележана корона зараза или по вакцинација телото создава антитела против таканаречениот спајк протеин. Вирусот САРС-КоВ-2 го користи овој протеин за да се закачи и да навлезе во клетките. […]

СЗО: Делта сојот најмногу циркулира во области каде има помалку вакцинирани


Швајцарија – Циркулацијата на делта варијантата на коронавирус во области со ниска вакцинација го поттикнува ширењето на Ковид-19 низ целиот свет, соопштија денеска претставници на Светската здравствена организација. – Во многу места во светот каде што има се повеќе заразени со делта варијантата на коронавирус, дури и во земји кои имаат високо ниво на вакцинација на […]

СЗО: Податоците не покажуваат дека е потребна трета доза вакцина


Швајцарија– Сегашните податоци не покажуваат дека има потреба од трета доза на вакцина против коронавирусот, изјави денеска водечкиот научник на Светската здравствена организација, Сомја Саминатан. Говорејќи за третата или таканаречена „засилувачка“ доза, која се дава во богатите земји, советникот на СЗО, Брус Ајлворд, на истата прес-конференција во Женева истакна дека има доволно вакцини во светот, […]

Претставници на талибанците се состанаа со поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи


Претставници на талибанците имале средби со други политички сили во Авганистан, вклучувајќи го и поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи, може да се види од слики споделени на Твитер, јави ДПА. На сликите се прикажани Карзаи и Абдула Абдула, претседател на Високиот совет за национално помирување, на средба со Анас Хакани, висок припадник на талибанците и […]

Криминалците во Германија и во Италија сѐ повеќе користат криптовалути


  Криминалците во Германија и во Италија сѐ повеќе користат криптовалути, објави царинската управа во Бон. „Употребата на криптовалути за плаќање по пат на интернет во контекст на криминални дела очигледно е во пораст“, соопшти управата. Во повеќето случаи криминалците користеле биткоин и валутата монеро, наведуваат истражителите. Криптовалутите се користат за потполно да се анонимизира […]

Низ цел свет кружат фалсификувани вакцинални сертификати


Голем број луѓе низ светот се поподготвени да ризикуваат да бидат фатени во фалсификат, отколку да направат ПЦР тест за патување или да примат вакцина.  Речиси секаде, вклучувајќи ги и ЕУ и САД, се забележани стотици лажни сертификати за вакцинација или фалсификувани негативни резултати од ПЦР тест. Последниот ваков случај доаѓа од САД. Американските цариници […]

Ел Паис: НАТО ќе биде предводен од жена, меѓу кандидатите Тереза ​​Меј, Могерини и Грабар-Китаровиќ


Шпанија–  Партнерите во НАТО веќе размислуваат кој ќе го замени Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО, чиј мандат истекува во 2022 година, неофицијално потврдија извори на НАТО во Брисел, пишува шпанскиот весник Паис. Според весникот изворите не можеле да потврдат дека за функцијата шест кандидати и дека сите се жени. Ел Паис наведува […]

(Видео) Талибанците пукаа во луѓето: Има мртви и ранети


Талибанците во Авганистан пукаа во учесниците на организиран притест во знак на поддршка на официјалното знаме на Авганистан во покраината Нангархар. Знамето на Авганистан е симнато во секое место кое талибаните го освоија во текот на својата куса офанзива на територијата на целата земја, покрената оној момент кога се повлекоа американските трупи. Талибанското знаме ги […]

Барадар со прекарот „касап“ се врати во Авганистан да биде претседател


Абдул Гани Барадар, ко-основач и политички лидер на Талибанците, синоќа пристигна во Авганистан, првпат по повеќе од две децении. Портпаролот на Движењето Забихула Муџахид ја одржа првата прес -конференција откако Талибанците го зазедоа Кабул, и соопшти дека Барадар, шефот на политичката канцеларија на Талибанците и еден од главните преговарачи во неуспешните мировни преговори, се вратил […]

Во земјотресот во Хаити загинаа 1.941 човек


Бројот на мртви од земјотресот во Хаити порасна на 1941, а бројот на повредени се зголеми на 9900, соопшти денеска службата за цивилна заштита. Претходниот биланс беше 1419 загинати. Во земјотресот на Хаити загинале скоро 1.300 луѓе Земјотресот предизвика свлечишта кои ја отежнаа спасувачката акција, а ситуацијата ја влоши тропската бура Грејс која вчера го […]

Трамп: Во Авганистан трошевме колку воениот буџет на Русија


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги спореди годишните расходи на САД за операциите во Авганистан со воениот буџет на Русија. – Трошевме само 42 милијарди долари годишно. Замислете, 42 милијарди. Колку што сфатив, Русија годишно троши 50 милијарди за цела војска, а ние 42 милијарди, изјави Трамп во интерјви за Фокс њуз. Тој додаде дека […]

Драматично во Германија


  Во Германија, бројот новозаразени со корона вирусот за еден ден драматично порасна на повеќе од 8.000, што во таа земја последен пат е регистрирано на 21 мај. Здравствените установи во последните 24 часа, до Институот „Роберт Кох“ пријавија 8.324 новозаразени, што е речиси двојно повеќе од претходниот ден. Во текот на последните 24 часа […]