Огромен одрон на кал затрпа воз во Австрија, 70 луѓе заглавени помеѓу две свлечишта


Обилни врнежи проследени со град погодија големи делови од Австрија. Во Горна и Долна Австрија, Тирол и Стирија улиците беа поплавени, а во Салцбург, лизгање на земја затрупа воз Делови од Австрија и јужна Германија вчера беа погодени од силни поплави што предизвикаа бројни свлечишта, пренесува германски Билд. Свлечиште во близина на Салцбург затрпа воз […]

Рејтингот на Бајден рекордно низок поради Авганистан


Рејтингот на американскиот претседател Џо Бајден падна на рекордно ниско ниво од 46 отсто, откако радикалните талибанци го прездоа Авганистан. Тоа го покажува анкетата на Ројтерс, пренесува БГНЕС. Ова е најниската оценка за работата на Бајден за целиот период од неговиот досегашен мандат како шеф на државата. За само една недела, рејтингот на поддршката на […]

Велика Британија ќе прифати 20.000 бегалци од Авганистан


Британската влада се согласи да учествува во Планот за прифаќање на бегалци од Авганистан, а властите во Лондон одлучија да прифатат најмалку 20 илјади бегалци. Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател ги повика ЕУ и другите земји да го следат примерот на Британија. Во авторски напис објавен на веб -страницата на Дејли Телеграф, Пател […]

Смртниот биланс од земјотресот на Хаити се искачи на 1.941 лице


Бројот на жртвите од земјотресот со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала што во саботата го погоди Хаити се искачи на 1.941, а повеќе од 9.900 лица се повредени, соопшти Агенцијата за цивилна заштита на Карибите. Повеќе од 60.000 домови се уништени, 76.000 се оштетени, а многу јавни згради исто така се уништени од […]

Талибанците војната во Авганистан ја прогласија за завршена и ветија амнестија за сите, Западот внимателен


Откако пред два дена, речиси без никаков отпор, ја освоја целкокупната власт во Авганистан, талибанците вчера војната во оваа земја ја прогласија за завршена. Во своето прво појавување во јавноста преку портпаролот на движењето Забихула Мухаџид, тие ветија амнестија за сите Авганистанци и почитување на дел од западните вредности, што не беше случај при нивното […]

САД  ќе евакуираат по 5.000-9.000 лица дневно од Кабул


 Американската војска денеска соопшти дека ја засилува евакуацијата од Авганистани дека во оваа операција од аеродромот во Кабул не се попречувани од талибанците. Генералот Хенк Тејлор изјави дека американските воени претставници на аеродромот во последните денови комуницирале со талибанските команданти и добиле уверување дека повлекувањето на илјадници американски државјани и Авганистанци, кои ја напуштаат земјата […]

Бегството на Гани: На соработниците им кажал дека оди на состанок, а побегнал со хеликоптер за Таџикистан


Откако талибанците пред два дена ја презедоа контролата врз Авганистан Би -Би -Си денеска разговараше со поранешната пратеничка Елеј Ершад, која во разговорот со британскиот јавен сервис поранешниот претседател Ашраф Гани го нарече „кукавица“ поради неговото бегство во соседен Таџикистан. -Тој во неделата ја напушти претседателската палата со хеликоптер, а претходно на своите колеги им […]

МКС е загрижен поради извештаите за насилство во Авганистан


Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд изјави дека внимателно ги следи случувањата во Авганистан и дека „е најзагрижен поради неодамнешните извештаи за ескалација на насилството во земјата“.   Обвинителот Карим Кан во денешното соопштение нагласи дека ги одразува ставовите изразени во Советот за безбедност во врска со инцидентите, за кои рече дека може да претставуваат […]

Досегашниот потпретседател на Авганистан се прогласи за в.д. претседател, повика на отпор


Авганистанскиот потпретседател Амрула Салех денеска се прогласи за вршител на должноста претседател на државата и повика на отпор против талибанците. Тој прецизира дека според Уставот се смета за в.д. претседател, имајќи предвид дека досегашниот претседател Ашраф Гани избегал од земјата. – Според Уставот на Авганистан, во случај на отсуство, бегство, оставка или смрт на претседателот, […]

Талибаните со прва прес-конференција: Жените ќе ги имаат сите права според шеријатското право


Портпаролот на талибаните тврди дека по 20 години тие ги протерале странците и дека ова е момент на гордост! „Нашиот план беше да застанеме пред Кабул откако ќе ги преземеме сите други провинции, но за жал претходната влада беше толку неспособна што нивните сили не можеа да обезбедат безбедност во Кабул и затоа моравме да […]

ЕМА одлучува дали да дозволи трета доза од антиковид вакцината


 Европската медицинска агенција (ЕМА) денеска соопшти  дека ќе одлучи дали ќе биде потребна трета доза на антиковид вакцината, бидејќи американските регулаторни тела размислуваат за дополнителни дози. ЕМА изјави дека е во контакт со производителите на вакцини за да го координираат доставувањето на потребните податоци и дека е свесна дека многу европски земји размислуваат да дадат […]

Меркел подготвена за контролиран прифат на бегалците од Авганистан


Германија – Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е отворена за „контролиран пристап на особено ранливите авганистански бегалци“, кои бегаат од талибанскиот режим и призна дека има тешкотии европските партнери да постигнат договор за ова прашање. Германската канцеларка, чија земја во 2015/16 година прими повеќе од милион баратели на азил, сепак, наведе дека прво треба […]

Буш: Администрацијата на Бајден да ја забрза евакуацијата на Авганистанците


САД– Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш, кој ја започна „војната против тероризмот“ во Авганистан по нападите врз САД на 11 септември 2001 година, денеска ја повика американската Влада да го забрза процесот на давање помош на авганистанските бегалци откако талибанците ја презедоа власта. – Владата на САД има законска надлежност да ја намали бирократијата […]

Столтенберг: Не очекувавме толку брз колапс во Авганистан


Белгија – Поради враќањето на талибанците на власт во Авганистан постои закана од меѓународен тероризам изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, додавајќи дека Алијансата „мора да биде будна за да остане во првите редови на борбата против тероризмот “. Тој на прес -конференцијата во Брисел кажа дека била изненадувачка брзината на колапсот на авганистанската […]

Талибаните ги прекинаа сите летови од Кабул


Талибаните денеска соопштија дека времено ги прекинуваат сите летови од меѓународниот аеродром во Кабул, пренесува телевизијата Скај њуз Арабија. Катарската телевизија Ал Џазира објави дека талибанските бунтовници се приближиле до аеродромот и испукале неколку предупредувачки истрели со цел да ги растераат луѓето кои се собрале таму. Претходно беа откажани сите комерцијални летови од аеродромот во […]

Еве како изгледаше внатрешноста на авионот од кој паѓаа Авганистанци – во него се тискаа 640 бегалци


Илјадници Авганистанци се обидоа да ја напуштат земјата во понеделникот со авиони што ги евакуираа луѓето од Кабул. Подоцна истиот ден, беше објавена фотографија од внатрешноста на авион, на која беа натискани дури 640 луѓе. Американските војници пукаа во воздух за да ја растераат толпата откако илјадници Авганистанци се обидоа да фатат спасувачки лет пред […]

Кои се лидерите на талибанците во Авганистан?


Шест важни личности го предводат талибанското движење, кое од 2001 година се бори против владата која има поддршка од Западот. Талибанците се борат против авганистанскатра влада во Кабул, која има поддршка од Западот од 2001 година, кога талибанците беа сменети од власт. Првично беа членовите на така наречените муџахедини, кои со поддршка на САД се […]

(Фото) Кабул по преземањето од страна на талибанците


Талибанските борци патролираат по улиците на Кабул еден ден по преземањето на земјата по заминувањето на претседателот Ашраф Гани.  Ал Џезира објави повеќе фотографии на кои што се гледа како изгледа главниот град на Авганистан попреземањето од страна на талибанците. Kabul the day after the Taliban takeover — in pictures https://t.co/oEz9m16hj1 pic.twitter.com/wF31GIE7la — Al Jazeera […]

Огромен пожар избувна во југоисточна Франција


Голем шумски пожар избувна и брзо се прошири во регионот Вар во југоисточна Франција, објави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен на својата страница на Твитер. „Голем пожар се шири на територијата на регионот Вар, што е олеснето од временските услови што преовладуваат. Префектот на регионот е на самото место, јас внимателно ја следам […]

САД обезбедија 500 милиони долари итна помош за авганистанските бегалци


Американскиот претседател Џо Бајден одлучи да обезбеди 500 милиони долари за помош на бегалците од Авганистан, соопшти Белата куќа. Според меморандумот потпишан од Бајден, чиј текст го лиферуваше прес -службата на Белата куќа, сумата од 500 милиони долари ќе биде наменета за задоволување на итните потреби на бегалците, жртвите од конфликтот и другите изложени на […]