Талибанците го укинаа Министерството за жени и воведоа ново за спречување на пороци


Талибанците воведоа „Министерство за спречување пороци и промовирање доблести“ на местото на досегашното Министерство за жени, а промената има за цел да го наметне ригидното толкување на исламот. Потегот на талибанците е последен во серијата што го прикажува нивното враќање на  политиката на строго ограничување на правата на жените и нивно исклучување од јавниот живот, […]

Стотици уапсени за време на протести против воведените мерки во Австралија


Австралија – Неколку полицајци се повредени, а стотици демонстранти беа уапсени денеска во вториот по големина град во Австралија, Мелбурн, при жестоките судири за време на протестите против воведените ограничувања. Полицијата употреби бибер спреј и уапси повеќе од 200 лица во Мелбурн, откако неколку стотини граѓани ги прекршиле наредбите да останат дома и минаа низ кварт […]

Земјотрес го погоди Лос Анџелес


САД– Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтерова скала го погоди синоќа јужниот дел на Калифорнија, соопшти американскиот Геолошки институт. Потресот бил почувствуван во реонот на Лос Анџелес и околните градови, вклучувајќи ги Карсон, Ломита и Торанс. Според извештајот на противпожарната служба на округот Лос Анџелес, нема информации за повредени лица или причинета материјална […]

Американскиот милионер Роберт Дурст е осуден за убиство по 20 години


САД – Магнатот во областа за недвижни имоти и американски милионер Роберт Дурст денеска е осуден во Лос Анџелес. Тој е обвинет за убиство на неговата блиска пријателка Сузан Берман пред речиси 20 години. Берман сакала да и открие на полицијата информации за исчезнувањето на сопругата на Дурст во 1982 година. Пронајдена е во нејзиниот […]

Вакцинирање на момчињата наспроти ризикот од воспаление на срцевиот мускул?


Според статистиката, момчињата по примање иРНК-вакцина се повеќе загрозени од воспаление на срцевиот мускул отколку од тоа да завршат во болница поради Ковид. Експертите сепак препорачуваат вакцина поради т.н. долг Ковид  

Комисија на ФДА препорача трета доза вакцина за постари лица и изложени на ризик


САД– Независната советодавна комисија на американската Управа за храна и лекови (ФДА) изгласа препорака за трета доза на вакцина против Ковид -19 за Американци на возраст од 65 години и постари, како и за лица со висок ризик од тешки болести, откако со големо мнозинство е одбиена препораката за нејзина поширока примена. Комисијата, исто така, […]

Каква е судбината на авганистанските сили по доаѓањето на талибанците на власт?


Припадниците на поранешните авганистански владини сили продолжија да работат на меѓународниот аеродром во Кабул, откако ги напуштија своите позиции по преземањето на власта во земјата од страна на талибанците. Ова покрена неколку прашања за иднината и судбината на овие сили во контекст на новите случувања. Иако во соопштението на талибанското Министерство за одбрана се повикуваат […]

Уапсени повеќе од 250 демонстранти против мерките во Австралија, повредени полицајци


Австралиската полиција уапси 235 луѓе во Мелбурн и 32 во Сиднеј во саботата, кои учествуваа на недозволени собири против карантинот и мерките воведени против пандемијата од корона вирус, додека неколку полицајци се повредени во судирот со демонстрантите. Полицијата на сојузната држава Викотирја рече дека шест службеници се во болница, а неколку од нив биле соборени […]

Почина поранешниот алжирски претседател Абделазиз Бутефлика


Алжир – Поранешниот алжирски претседател Абделазиз Бутефлика почина на 84-годишна возраст по долго боледување. Тој управуваше со земјата речиси две децении. Поднесе оставка во 2019 година, откако неговата кандидатура за петти мандат доведе до масовни улични протести. Бутефлика одигра клучна улога во Алжирската војна за независност во 50-тите и 60-тите години од минатиот век, потсетува Би […]

Франција ги повлече амбасадорите во САД и Австралија поради подморниците


Одлуката „е оправдана со исклучителната тежина“ на ситуацијата, изјави францускиот министер за надворешни работи   Франција ги отповика своите амбасадори во САД и Австралија како одговор на нивниот договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство и поништениот договор за подморници вреден десетици милијарди евра, кој Париз го имаше потпишано со Канбера. „На барање на претседателот […]

Научниците на ФДА не препорачаа трета доза од „Фајзер“


Научните советници на американската Администрација за храна и лекови (ФДА) гласаа да не се препорача трета доза од вакцината Фајзер за повеќето Американци постари од 16 години, што е потенцијално значаен удар за администрацијата на претседателот Џо Бајден, кој веќе објави план за „поттикнување“ на имунитетот на возрасните пред советодавните комитети воопшто да имаат шанса […]

Пентагон призна дека во Кабул се убиени само цивили


Централната команда на САД призна дека сите жртви се цивили, меѓу кои и деца, но дека никој нема да одговара. Откако Пентагон со недели инсистираше дека во нападот со беспилотни летала во Кабул на 29 август убиени се терористи на Исламска држава, Централната команда на САД сега се огласи. Американскиот напад со дрон во Кабул […]

САД ќе донираат милиони вакцини од „Фајзер“


 САД планираат да купат милиони дополнителни дози на вакцини од „Фајзер“ против Ковид -19, што ќе ги донираат низ целиот свет, објави денеска „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори. Потегот на САД треба да биде објавен на почетокот на следната недела, што се совпаѓа со состанокот на Генералното собрание на ОН во Њујорк, велат изворите […]

Холандија: Уште еден министер поднесе оставка поради Авганистан


Министерката за одбрана Анк Бајевелд прво одбиваше да поднесе оставка, но не успеа да го издржи притисокот   Холандскиот министер за одбрана стана вториот член на кабинетот кој поднесе оставка поради дебаклот за евакуација во Авганистан. Анк Бајлевелд поднесе оставка во петокот, откако министерката за надворешни работи, Сигрид Кааг, излезе од кабинетот откако парламентот официјално […]

Вашингтон подготвен за протести на приврзаници на Трамп


Вашингтон денеска е во состојба на готовност пред собирот на поддржувачите на поранешниот претседател Доналд Трамп, кои ќе излезат на улица за да ги поддржат демонстрантите кои упаднаа во Капитол на 6 јануари. Црната ограда, што беше поставена околу комплексот шест месеци по смртоносните настани во седиштето на американската демократија, беше вратена на тоа место […]

Заштитната маска нема повеќе да биде задолжителна во Белгија


Министерскиот совет кој се одржа попладнево донесе одлука дека носењето заштитна маска во затворени простории нема повеќе да биде задолжително, јави дописничката на МИА од Брисел. И покрај предупредувањата на научниците, владата денеска сепак одлучи да го следи примерот на соседни земји како Холандија и да ја укине обврската за заштитна маска на затворено, со […]

Напад во Холандија, двајца мртви – маж од балкон пукал кон минувачи


  Денеска во градот Алмело во Холандија дојде до напад, при што убиени се две лица, а едно лице беше повредено. Осомничениот е ранет и уапсен, јавуваат локалните медиуми. Иако, мотивите за нападот се непознати, властите на нападот гледаат како на терористички акт, објави Телеграф, повикувајќи се на портпаролот на полицијата. На местото на нападот […]

ЕМА нема потврда за поголем ризик за жени и млади од АстраЗенека


Белгија – Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека не може да потврди дали жените и младите се изложени на поголем ризик од ретко згрутчување на крвта со ниски тромбоцити по вакцинирањето со вакцината на АстраЗенека против Ковид-19. Поради ограничувањата во начинот на собирање податоци, ЕМА не успеала да идентификува специфични фактори на ризик што доведуваат […]

Болсонаро: Ќе зборувам на ГС на ОН иако не сум вакциниран


Бразил – Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро изјави дека следната недела ќе се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, иако не бил вакциниран. Канцеларијата на градоначалникот на Њујорк претходно соопшти дека сите учесници на Генералното собрание на ОН ќе мора да поседуваат доказ за вакцинација за да можат да влезат во салата за […]

Движењето на Навални ги обвини Гугл и Епл дека попуштиле пред уцените на Кремљ


Движењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој се наоѓа в затвор од јануари, денеска ги обвини Гугл и Епл дека попуштиле пред уцените на Кремљ со отстранување на апликацијата која овозможува организирање гласање против партијата на претседателот Владимир Путин.   – Денеска во 08,00 часот по руско време, Гугл и Епл ја отстранија нашата […]