Кинески град од 9,5 милиони жители затворен поради три нови случаи на коронавирус


Кинескиот град Харбин е затворен поради нови случаи на инфекција со коронавирус, а испратени се и национални здравствени службеници за да се справат со ново можно жариште. Градот со 9,5 милиони жители во североисточна Кина денеска пријави три нови случаи на инфекција, еден ден откако беше пријавен првиот случај на инфекција во заедницата. По првиот пријавен случај, властите почнаа […]

Шефовите на француската и американската дипломатија можно е денеска да се сретнат на ГС на ОН во Њујорк, но засега не е планирана билатерална средба


Шефовите на дипломатиите на САД и Франција, Ентони Блинкен и Жан-Ив Ле Дриан, денеска во ОН можат „да разменат мислења“  на состаноците со претставници на други светски сили, но засега не е планирана средба „очи во очи“ за кризата меѓу двете сојузнички земји. Двајцата министри ќе бидат заедно вечерва во Њујорк на традиционалната средба со […]

Силен земјотрес во близина на Мелбурн


Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска југоисточниот дел на Австралија во близина на Мелбурн, објави Геолошкиот завод на САД, а на социјалните медиуми се емитуваат сцени на жители во паника кои излегуваат од своите домови. Земјотресот, кој бил на длабочина од само десет километри, ги потресе зградите во Мелбурн, […]

Џонсон и Бајден ги синхронизираа своите политики кон Русија и Кина


Британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Џо Бајден на состанокот во Белата куќа се согласија дека пристапот на двете земји кон Русија и Кина ќе продолжи да се базира на заедничките интереси на Лондон и Вашингтон, соопшти Даунинг стрит. – Премиерот и претседателот разговараа и за голем број меѓународни прашања, вклучувајќи ги Кина и Русија. Тие се согласија дека Велика […]

Германија ги повика земјите-партнери Тедрос да добие нов мандат на чело на СЗО


Германскиот министер за здравство Јенс Шпан го поддржа вториот мандат на шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, и ги повика другите земји да го поддржат овој поранешен министер за здравство на Етиопија пред да му заврши мандатот оваа недела. -Ги повикувам земјите-партнери да ни се придружат да го поддржиме назначувањето на извршниот […]

Столтенберг: Членките на НАТО мора да бидат обединети и покрај несогласувањата околу подморниците


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Њујорк изјави дека членките на Алијансата треба да останат обединети и покрај несогласувањата околу раскинувањето на договорите за продажба на француски подморници на Австралија, како дел од новото стратешко партнерство помеѓу САД, Велика Британија и Австралија. Столтенберг рече дека членките на НАТО не треба да дозволат спорот меѓу Франција и САД и […]

СЗО: Делта сојот ги замени останатите три загрижувачки варијанти


„Загрижувачката“ делта варијанта на коронавирусот, присутна во 185 земји низ светот, ги замени другите три загрижувачки варијанти – алфа, бета и гама, кои сега претставуваат помалку од еден процент од сите случаи на заразени, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО ). Сите вируси, вклучувајќи го и САРС-КоВ-2, што го предизвикува Ковид-19, мутираат со текот на […]

Кина повеќе нема да гради електрани на јаглен во странство


Кинескиот лидер Си Џинпинг во обраќањето на Генералното собрание на Обединетите нации рече дека Кина повеќе нема да гради нови електрани на јаглен во странство, како нејзин придонес во справувањето со климатските промени. – Кина ќе ја засили поддршката за другите земји во развојот на зелена енергија и нискојаглеродна енергија и нема да финансира нови проекти за јаглен во […]

Талибанците сакаат да зборуваат за Авганистан на Генералното собрание на ОН


По преземањето на власта во Авганистан, талибанците сакаат да зборуваат на Генералното собрание на Обединетите нации. Како што дознава ДПА, ОН добиле писмо од талибанскиот министер за надворешни работи Амир Кан Мутаки. Министерството за надворешни работи на милитантната група во писмото бара да учествува на 76-та генерална дебата, тврдејќи дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани е […]

Шефот на ОН ги повика САД и Кина на дијалог


 Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска на отворањето на годишната сесија на Генералното собрание на светската организација ги предупреди САД и Кина за можно ново влошување на ситуацијата во светот кој „веќе е на работ на бездна“ и ги повика двете светски водечки економии за дијалог и разбирање. „Се соочуваме со најголемата криза во […]

Убиен вработен на бензинска во Германија, оти од купувачот барал да стави маска


Вработен на бензинска пумпа во Германија, убиен е откако од купувач побарал да стави маска на лицето, пренесе „Дојче веле.“ Според полицискиот извештај, 49-годишен маж е осомничен дека го застрелал вработениот на бензинската во саботата вечерта, поттикнат од препирката зошто не носи маска за заштита од короона вирус. Сторителот прво влегол во бензинската, а 20-годишниот […]

САД се уште немаат одлука за влез на патници вакцинирани со АстраЗенека


Американскиот експерт за заразни болести, Ентони Фаучи објави дека се уште не е одлучено дали САД ќе дозволат влез на патници од Велика Британија и Европската унија кои ја примиле вакцината против Ковид-19, развиена од „АстраЗенека” и Универзитетот во Оксфорд.   Фаучи, кој е и главен медицински советник на американскиот претседател Џо Бајден, за Би […]

Потврдена победата на „Единствена Русија“ на изборите за Думата


  И покрај претрпените загуби, руската владеачка партија „Единствена Русија“, постигна јасна победа на парламентарните избори во Русија, јавува ДПА. По пребројувањето на сите гласачки ливчиња, партијата освои 49,8 проценти од гласовите, соопшти денеска во Москва руската Централна изборна комисија. Комунистите се втори со освоени 18,9 проценти од гласовите, десните популисти на Либерално-демократската партија на […]

Обид за државен удар во Судан


Во Судан денеска имало обид за државен удар за кој сè уште има многу неодговорени прашања, меѓу кои и кој стoи зад обидот за пуч. Ситуацијата во сега е Судан под контрола и оние што биле вмешани во обидот за државен удар се уапсени, а истрагата е во тек, јави суданската новинска агенција преку Твитер, повикувајќи се на овластен […]

Белгија во Кривичниот законик го внесува поимот согласност во делото силување


 Белгија од денеска почнува парламентарна дебата за владиниот предлог во Кривичниот законик да се внесе поимот согласност, кога станува збор за силување и сексуално насилство, јавува дописничката на МИА од Брисел. За првпат во Белгија се менува Кривичниот законик во делот на сексуалното насилство за да се внесе поимот согласност. Засега силувањето е дефинирано само […]

Двајца републиканци обвинети за прикривање на руските донации за изборната кампања на Трамп


Двајца политички стратези на Републиканската партија на САД се обвинети за нелегално финансирање од странство за изборната кампања на поранешниот претседател Доналд Трамп во 2016 година. Според обвинението објавено од Федералниот суд на округот Колумбија, Џеси Бентон и Даг Вид заговориле илегален трансфер на десетици илјади долари – сопственост на руски државјанин, за претседателските избори во САД. Американскиот […]

Фридом Хаус: Од јуни 2020 година до мај 2021 година, рекорден број апсења поради објави на Интернет


 Бројот на земји каде што корисници на Интернет биле уапсени и малтретирани поради нивни објави достигна рекорд помеѓу јуни 2020 година и мај 2021 година, покажа извештај на Фридом Хаус објавен денеска. Дигиталните права паѓаат во светот 11-та година по ред, соопшти американската невладина организација. Извештајот го оценува нивото на слобода на Интернет во различни земји, особено земајќи ги предвид ограничувањата за […]

Невакцинираниот Болсонаро вечераше парче пица на улица во Њујорк


Невакцинираните шефови на држави кои неделава присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, најверојатно не ќе можат да одат на вечера во рестораните низ градот. Британските медиуми пренесуваат дека од овие причини, најверојатно,  и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој не е вакциниран, на својата прва вечер во Њујорк вечераше само парче пица на […]

Од коронавирус починаа повеќе Американци отколку од шпанскиот грип


Во Соединетите Американски Држави од Ковид-19 починаа поголем број жители отколку од шпанскиот грип во периодот од 1918-1919 година, покажуваат податоците што ги објави Универзитетот „Џонс Хопкинс“. Според најновите податоци на Институтот, повеќе од 675.700 луѓе заразени со новиот коронавирус починаа во САД. Историчарите и Центарот за превенција и контрола на болести, главната американска агенција […]

Трудо победи на изборите во Канада, О’Тул го призна поразот


Канадскиот премиер Џастин Трудо останува на власт откако победи на вчерашните изборите, неговиот главен противник го призна поразот, но неговите либерали не успеаја да постигнат мнозинска победа. Трудо е на власт од 2015 година, а од 2019 година владее со малцинство во парламентот. Ерин О’Тул, лидер на најголемата опозициска партија во Канада, Конзервативната партија, доцна синоќа го призна […]