Новиот вид на корона вирусот се шири на Стариот континент – омикрон откриен во уште две европски земји


Новиот вид на корона вирусот омикрон е откриен во Италија и во Германија, откако првите случаи на зараза беа регистрирани во Холандија, Белгија, Израел и Велика Британија.

Според италијанскиот национален институт за здравје, геномот бил секвенциониран во Лабораторијата за клиничка микробиологија, вирусологија и биохитичка дијагностика на болницата Сако во Милано од позитивен примерок на пациент кој пристигнал од Мозамбик.

Контактите на пациентот и неговото семејство се во добра здравствена состојба, се вели во соопштението на Институтот.

Се додава дека примерок е во процес на дополнителна потврда, што може да се припише на онаа што Светската здравствена организација ја дефинира како омикрон.

Два случаи на новиот вид на корона вирусот омикрон се потврдени во германската покраина Баварија, на југот на земјата, соопшти регионалното Министерство за здравство.

Станува збор за две заразени лица кои влегле во Германија на 24 ноември на аеродромот во Минхен, а сега се во изолација.

Овој вид на корона вирус првпат беше идентификуван во Јужна Африка.