СМО: Метеоролошките услови не влијаат врз ширењето на Ковид-19


Метеоролошките услови немаат одлучувачко влијание врз пренесувањето на коронавирусот, се нагласува во извештај на Светската метеоролошка организација (СМО). Според извештајот, во оваа фаза нема докази дека „директното метеоролошко влијание врз вирусот значително влијае на неговото ниво на пренесување во реални услови ширум светот“. Фактот дека респираторните заболувања се често сезонски, особено во умерена клима, „ги …

СМО: Метеоролошките услови не влијаат врз ширењето на Ковид-19 Read More »

Порака од СЗО до Европа: Продолжете со „АстраЗенека“ за да спасите животи


Придобивките од вакцината Ковид-19 на „АстраЗенека“далеку ги надминуваат сите ризици и земјите ширум Европа треба да продолжат да ја користат за да спасат животи, изјави во четвртокот европскиот директор на Светската здравствена организација. Ханс Клуге истакна дека регулаторите за лекови во Европа испитуваат мал број случаи на згрутчување на крвта во регионот, што поттикна околу …

Порака од СЗО до Европа: Продолжете со „АстраЗенека“ за да спасите животи Read More »

Унгарија ги сруши црните рекорди на починати од корона вирусот


Во Унгарија е забележан нов црн рекорд на бројот на смртни случаи во еден ден. Во изминатите 24 часа 207 лица починаа како резултат на Ковид-19. Овие се претежно стари пациенти со придружни болести, додека регистрирани се 6.502 нови инфекции, објавено е на веб-страницата koronavirus.gov.hu, пренесува МТИ. Агенцијата наведува дека според денешните податоци на овој …

Унгарија ги сруши црните рекорди на починати од корона вирусот Read More »

Трамп изгубил 700 милиони долари додека бил претседател


  Богатството на ДОналд Трамп намалено е за 700 милиони долари во периодот додека бил претседател на САД: Според податоците на Блумберг, Трамп го почувствувал и влијанието на пандемијата од корона вирус затоа што вредноста на неговите згради, брендирани хотели и одморалишта опаднала, како и приходите. Неговата флота авиони и терени за голф исто така …

Трамп изгубил 700 милиони долари додека бил претседател Read More »

Драстична анти-ковид мерка: Децата да се врзуваат за кревет


  По усвојувањето на Законот во Израел, со кој сите кои се во карантин носат електронска алка, уште една земја има драстични анти-ковид мерки. Имено, властите во Хонконг применуваат врзување за кревет на бебињата и децата кои се во изолација, додека сè повеќе критики се упатуваат заради психолошките последици на таквите мерки против корона вирусот. …

Драстична анти-ковид мерка: Децата да се врзуваат за кревет Read More »

Русија бара извинување од САД откако Бајден го нарече Путин „убиец“


Русија бара извинување од Соединетите Држави откако претседателот Џо Бајден рече дека смета дека Владимир Путин е убиец и може да му се одмазди на Вашингтон, освен ако не добие тоа, рече висок руски пратеник во четвртокот. Во едно интервју за ABC News, емитувано еден ден порано, Бајден рече „мислам“, кога го прашаа дали верува …

Русија бара извинување од САД откако Бајден го нарече Путин „убиец“ Read More »

Европската медицинска агенција денеска одлучува за вакцината на „АстраЗенека“


  Европската медицинска агенција ЕМА, денеска треба да донесе одлука за безбедноста на употребата на вакцината против Ковид-19 на „АстраЗенека“. ЕМА ја разгледува ситуацијата откако повеќе земји привремено го сопреа вакцинирањето со оваа вакцина, поради страв од нуспојави, како што е згрутчување на крвта. ЕМА презеде детална проценка за мал број случаи кои се однесуваат …

Европската медицинска агенција денеска одлучува за вакцината на „АстраЗенека“ Read More »

Кинеските научници повеќе нема да ја разгледуваат верзијата дека коронавирусот излегол од лабораторија


Кинеските научници повеќе нема да ја разгледуваат верзијата дека коронавирусот настанал во лабораторијата во Вухан се додека не се добијат евентуално нови податоци, изјави во денешното интервју за Глобал тајмс Лианг Вангјан, шеф на групата кинески експерти вклучени во мисијата на СЗО испратен во Вухан да го испита потеклото на вирусот. По посетите на Институтот …

Кинеските научници повеќе нема да ја разгледуваат верзијата дека коронавирусот излегол од лабораторија Read More »

Израел: Електронска алка за оние во карантин


  Израелскиот парламент го одобри законот кој наложува задолжително носење електронска алка за сите кои влегуваат во Израел, а кои се во карантин заради корона вирусот. Новиот закон им наложува на луѓето во карантин дома да мора да носат електронска алка за следење за да се обезбеди почитување на прописите. Ако одбијат, мора да одат …

Израел: Електронска алка за оние во карантин Read More »

Кучињата на Бајден ќе се вратат во Белата куќа


САД– Мејџор, палавото куче на американскиот претседател Џозеф Бајден, ќе се врати во Белата куќа, но, како што пишуваат западните медиуми, откако тоа ќе мине „посебна обука“, односно дресура. Претседателот во едно скорешно интервју изјави дека Мејџор, којшто инаку беше испратен во Вилмингтон, Делавер, САД, по гризнување човек, е „симпатично куче“. Тој го објасни немилиот …

Кучињата на Бајден ќе се вратат во Белата куќа Read More »

Истражување: Повторното заразување со Ковид-19 почесто кај повозрасните лица


Данска–  Повеќето луѓе кои оздравеле  од Ковид-19 се заштитени најмалку шест месеци од повторно добивање инфекција, но повозрасните луѓе имаат поголема веројатност повторно да заразат отколку помладите, покажува најновото истражување. Студија објавена во медицинско списание „Лансет“ открива дека само 0,65 проценти од луѓето вторпат биле позитивни на Ковид-19, откако претходно биле заразени за време на …

Истражување: Повторното заразување со Ковид-19 почесто кај повозрасните лица Read More »

Танзанискиот „ковид-скептик“ претседател почина од наводна срцева болест


Танзанија– Претседателот на Танзанија Џон Помбе Магуфули, кој долго време негираше дека Ковид-19 претставува закана за неговата земја, почина по мистериозно двонеделно заболување, пренесува Фајненшл тајмс. 61-годишниот Магуфули исчезна од очите на јавноста на 27 февруари, предизвикувајќи шпекулации дека се заразил со Ковид-19, иако премиерот Касим Маџалива, минатата недела инсистираше на тоа дека претседателот е …

Танзанискиот „ковид-скептик“ претседател почина од наводна срцева болест Read More »

САД: Во близина на резиденцијата на Камала Харис уапсен маж воооружен со полуавтоматска пушка


САД- Американската тајна служба соопшти дека вчера во близина на резиденцијаta на потпретседателката Камала Харис уапсила маж од Сан Антонио, кој бил пронајден со опасно оружје. Во неговото возило пронајдени сe пушка и муниција, се вели во соопштението на полицијата, пренесува Си Ен Ен. Полицискиот извештај до кој дошол Си Ен Ен покажува дека 31-годишниот Пол …

САД: Во близина на резиденцијата на Камала Харис уапсен маж воооружен со полуавтоматска пушка Read More »

Американските разузнавачки агенции предупредуваат на раст на домашниот тероризам


САД– Американските разузнавачки агенции соопштија дека расно мотивирани екстремисти и десните екстремистички групи претставуваат најсмртоносни терористички закани во земјата и предупредија дека е можно интензивирање на нивните активности  годинава. Според нивните проценки расно мотивираните екстремисти најверојатно стојат зад нападите врз цивилите, додека нападите на припадниците на десничарските групи насочени се врз полицијата и владините претставници …

Американските разузнавачки агенции предупредуваат на раст на домашниот тероризам Read More »

Дваесет и една американска држава го тужи Бајден поради блокирање изградба на гасовод


САД –  Главни обвинители од 21 американска држава поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Џо Бајден во врска со указот за блокирање на изградбата на гасоводот Keystone XL на границата меѓу САД и Канада. Тоа го објави јавниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон. Од тужбата станува јасно дека Бајден „нема еднострано овластување да ја менува …

Дваесет и една американска држава го тужи Бајден поради блокирање изградба на гасовод Read More »

Поради страв од мутациите на корона вирусот, Словачка забрани одмор во странство


Словачката влада го забрани патувањето во странство за време на празниците во наредните месеци за да ја забави пандемијата на корона вирусот, објави во средата телевизијата ТА3. Владата изјави дека патувањето ќе биде дозволено за работа и други не-туристички цели, а забраната е продолжување на мерките за ограничување на движењето во земјата, според кои луѓето …

Поради страв од мутациите на корона вирусот, Словачка забрани одмор во странство Read More »

Бајден изјави дека Путин „ќе ја плати цената“ за мешањето во американските избори


Џо Бајден рече дека рускиот претседател, Владимир Путин, ќе се соочи со последици поради обидите да ги пренасочи претседателските избори во САД во 2020 година во корист на Доналд Трамп и дека тие ќе дојдат наскоро. „Тој ќе плати цена“, изјави Бајден за ABC News во интервјуто емитувано во средата наутро. Запрашан од водителот на …

Бајден изјави дека Путин „ќе ја плати цената“ за мешањето во американските избори Read More »

ЕК: Производството на вакцини се забрзува, до крајот на јуни 466 милиони дози


По првичните тешкотии во производството на вакцини против Ковид-19, процесот сега се забрзува и сè уште е можно да се исполни целта за вакцинирање на 70 отсто од возрасната популација во ЕУ до крајот на летото, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. – Сега треба да се фокусираме на вториот квартал и периодот до летото. Знаеме дека можеме да …

ЕК: Производството на вакцини се забрзува, до крајот на јуни 466 милиони дози Read More »

Ханкок: Очекуваме целосно исполнување на договорите за вакцините


Британскиот министер за здравство, Мет Ханкок, изјави дека неговата земја очекува целосно да бидат исполнети договорите за вакцини со производителите, откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска кажа дека Унијата може да го запре извозот, јави ДПА. На брифинг со новинарите, Ханкок попладнево кажа дека вакцината „АстраЗенека“/ „Оксфорд“ е произведена со истражување …

Ханкок: Очекуваме целосно исполнување на договорите за вакцините Read More »

Последниот примерок на „Ербас А380“ излезе од фабриката во Тулуз


Франција– Последниот произведен примерок на „Ербас А380“ го напушти Тулуз, полетувајќи  од аеродромот Блањак кон центарот каде се финализираат авионите во Хамбург, Германија, јави дописникот на МИА. Последниот Суперџамбо во Хамбург ќе ги добие своите внатрешни делови и таму ќе биде обоен во боите на компанијата „Емирати“, последниот клиент на „А380“. Досега се насликани само …

Последниот примерок на „Ербас А380“ излезе од фабриката во Тулуз Read More »