Мистериозна болест во Јужен Судан одзеде 89 животи


Работна група на Светската здравствена организација во Фангак, во Јужен Судан, ја истражува мистериозната болест од која досега починаа 89 лица, јавува „24 часа“. Министерството за здравство на Јужен Судан минатата недела соопшти дека непозната болест убила десетици лица во оваа област, една од најтешко погодените од неодамнешните поплави. Локален претставник  здравствените власти изјави дека […]

Во Европа почнува вакцинација на децата против Ковид-19


Во Европа наскоро почнува вакцинација на помалите деца против корона вирус. Притоа, европските земји најавуваат различни стратегии и нивната успешност ќе биде показател колку родителите се подготвени на вакцинирање на своите деца. Еден италијански регион во клиниките праќа кловнови и жонглери, Франција и Германија целат на вакцинирање само на најосетливите деца, додека во Данска, децата […]

Австрија го очекува најголемиот Ковид бран во јануари


 Австриската влада го очекува најголемиот бран заразени со Ковид-19 во земјата во јануари. Оваа алармантна прогноза денеска на прес-конференција ја соопшти министерот за здравство Волфганг Мукштајн. Во Австрија во моментов се регистрирани 59 случаи на новата варијанта на коронавирус Омикрон, а десетици случаи се уште не се докажани, што на експертите им дава причина да […]

Столтенберг се кандидираше за гувернер на Централната банка на Норвешка


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, чиј мандат истекува во 2022 година, е кандидат за гувернер на Централната банка на Норвешка, соопшти денеска норвешкото Министерство за финансии. Столтенберг, поранешен премиер и министер за финансии, има диплома по економија и се наоѓа на листата од 22 кандидата за гувернер. – Министерството за финансии ме контактираше во […]

Конгресот едногласно „за“ подигнување обвинение против Медоус


Специјалниот истражен комитет на американскиот Конгрес, кој го истражува смртоносниот напад врз зградата на американскиот Конгрес на Капитол Хил на 6 јануари, едногласно одлучи да го обвини поранешниот шеф на кабинетот на претседателот Доналд Трамп, Марк Медоус, за „непочитување на Конгресот “. Седум демократи и двајца републикански членови на Претставничкиот дом едногласно го одобрија извештајот […]

Најголемата фрустрација за Борел оваа година е што нема санкции за Етиопија


Врвниот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, во понеделникот (13 декември) ги критикуваше земјите-членки на ЕУ за неуспехот да се договорат за санкциите против лицата осомничени за воени злосторства во граѓанската војна во Етиопија, изразувајќи фрустрација поради неуспехот на Европа да даде ефикасен политички одговор на „големите кршења на човековите права“ таму. Одговорот на ЕУ на […]

Норвешка забрани служење алкохол во баровите и рестораните поради сојот oмикрон


 Норвешка ја забрани продажбата на алкохол во баровите и рестораните во обид да го спречи ширењето на oмикрон сојот на корона вирусот, што предизвика драстично зголемување на бројот на заразени во земјата. Новите правила ќе ја забранат од утре продажбата на алкохол во барови, ресторани и други услужни објекти, а Норвежаните, исто така, се повикани […]

Можат ли западните фанфари да го спречат Путин да влезе во Украина


Британскиот „Тајмс“ наведува дека во дипломатските кругови постои сомнеж дека опцијата за воведување санкции ќе ја одврати Русија на Владимир Путин и ќе го обесхрабри од секој обид за инвазија на Украина. Меѓутоа, британските официјални лица сметаат дека силната демонстрација на единство за време на самитот на Г7 во Ливерпул барем ќе го поттикне рускиот […]

Се зголемува бројот на жртви од торнадото во САД


Бројот на жртвите од серијата катастрофални торнада во американската сојузна држава Кентаки се искачи на 74, а најмалку 14 лица ги загубија животите во уште четири држави – Илиноис, Арканзас, Мисури и Тенеси. Меѓу жртвите во Кентаки има шест деца. Речиси 110 лица се водат како исчезнати. Спасувачките тимови се уште ги пребаруваат урнатините во […]

Нема казни заради ударот со дрон во Кабул во кој во авуст загинаа 10 цивили Авганистанци


 „Американски трупи вклучени во напад со беспилотно летало во Кабул кон крајот на август, при што загинаа 10 цивили, меѓу кои седум деца, нема да бидат казнети“, соопшти Пентагон. – Немаше доволно цврсти елементи за да се утврди лична одговорност, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби. Одлуката за тој удар извршен во последните денови од […]

Отпуштени 27 припадници на воздухопловните сили на САД, одбиле да се вакцинираат


Воздухопловните сили на САД соопштија дека 27 војници биле отпуштени откако одбиле да се вакцинираат против Ковид-19. Пентагон ја прогласи во август вакцината за задолжителна за сите припадници на војската, а повеќето активни војници примија најмалку една доза. Портпаролката на воздухопловните сили Ен Стефанек рече дека војниците добиле шанса да објаснат зошто одбиле да бидат […]

Индонезија ја погоди земјотрес од 7,4 степени по Рихтер, предупредување за цунами


Земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот дел на Индонезија. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, а издадено е предупредување за цунами. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 112 километри северозападно од Ларантука, во источниот дел на индонезискиот остров Флорес, на длабочина од 12 километри. […]

Холандија конечно ќе добие нова четирипартитна влада, девет месеци по изборите


Четири холандски партии денеска соопштија дека постигнале договор со кој Марк Руте, актуелниот вршител на должноста премиер, ќе ја формира својата четврта влада по ред, речиси девет месеци по изборите. Владејачката коалиција ќе се состои од четири партии кои се на власт од 2017 година, но им беше потребен најдолгиот период на преговори во историјата […]

Најмалку две лица загинаа во поплавите во Шпанија, повеќе од 50 се евакуирани


Најмалку две лица загинаа во поплавите во северна Шпанија, а повеќе од 50 се евакуирани од погодените области, соопштија денеска властите. За смртта на две лица во претходните три дена, владата го обвини излевањето на надојдените реки по обилните врнежи од дожд и снег. Поради излевање на реката Ебро, властите денеска наредија евакуација на 55 […]

Вирусот Омикрон стигна и во Кина


Континентална Кина го пријави својот прв случај на Омикрон во северниот град Тијанџин, додека источната провинција Жеџијанг во земјата се бори со пораст на нови инфекции на варијантата Делта во последните неколку недели. Кинеските власти известија дека случајот Омикрон бил откриен од повратник во странство, кој не покажал никакви симптоми по пристигнувањето на 9 декември. […]

Им се смачи од бучавата: Амстердам го намалува бројот на сувенирници за помалку туристи


Амстердам планира во следниот период сувенирниците да ги замени со објекти кои повеќе одговараат на резидентите, а помалку привлекуваат туристи. За да го намали бројот посетители и метежот кои го комплицираат животот на локалното население, холандскиот град ќе понуди на непрофитни организации пари за локалите кои би ги користеле во други цели, кои ќе придонесуваат […]

Претседателот Земан попушти и в петок ќе ја именува новата чешка Влада


Чешкиот претседател Милош Земан денеска неочекувано попушти и за да избегне тужба пред Уставниот суд за прекршување на Уставот, се согласи в петок да ја назначи новата влада составена од две коалици, на десниот цеднтар и на либералите, и тоа во комплетен состав, онака како што предложи новиот премиер, Петр Фијала, во која ќе биде […]

Еден загина, еден исчезнат во судар на бродови во Балтичкото Море; се истражува пијанство и грубо невнимание


Шведската крајбрежна стража денеска објави дека разгледува „грубо невнимание“ и пијанство во кривичната истрага што беше отворена по сударот на два брода во Балтичкото Море, при што едно лице загина, а едно се уште се води како исчезнато. Дански товарен брод се преврте рано изутринава, откако се судри со британски товарен брод во маглива ноќ […]

Русија стави вето на резолуција на ОН која климатските промени ги поврзува со безбедноста


Русија денеска стави вето на резолуција на Обединетите нации, прва од ваков вид, со која климатските промени се претставени како закана за меѓународниот мир и стабилност. Нацрт-резолуцијата ја изготвиле Ирска и Нигер и во неа се бара „вклучување на информации за безбедносните импликации од климатските промени“ за да може Советот за безбедност на ОН „да посвети соодветно внимание на сите основни […]

Германија издвои 60 милијарди евра за климатски фонд


Германија – Новата германска влада денеска усвои дополнителен буџет од 60 милијарди евра за климатскиот фонд, со цел да овозможи дополнителни инвестиции во транзицијата кон зелена економија, соопштија властите. Дополнителниот буџет беше едногласно усвоен од кабинетот на канцеларот Олаф Шолц. Износот од 60 милијарди во овогодинешниот буџет ќе биде насочен за идните трошоци од Фондот за […]