Илон Маск избран за личност на 2021 годината на магазинот „Тајмс“


САД– Познатиот милијардер и бизнисмен Илон Маск е избран за личност на годината од страна на магазинот „Тајм“ за 2021 година. Извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс икс“ и втор најбогат човек во светот, стана централна фигура во медиумите додека тој и неговите компании продолжуваат да ја обликуваат иднината на автомобилите и патувањето во светот. […]

Макрон во Будимпешта бара „заеднички јазик“ со Орбан за безбедноста на ЕУ


Францускиот претседател Емануел Макрон, за време на неговата денешна посета на Будимпешта, вети дека ќе работи со унгарскиот премиер Виктор Орбан за области од взаемен стратешки интерес. Иако ги призна своите политички несогласувања со лидерот на Унгарија, Макрон сепак најави дека ќе бара заеднички јазик со Орбан за стратешката автономија на Европа. Говорејќи пред новинарите […]

Русија се откажува од рестрикции за невакцинираните лица


Руските власти денеска се откажаа од воведувањето ограничувања за невакцинираните граѓани, што беа објавени минатиот месец и наидоа на остри критики во јавноста. Претседателот на Долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин, денеска изјави дека од парламентарна процедура се повлекува законот со кој на невакцинираните лица ќе им се забрани да патуваат со авион или […]

Русија вели дека можеби ќе мора да распореди нуклеарни ракети по Европа


Русија објави дека можеби ќе биде присилена да распореди нуклеарни ракети со среден домет во Европа како одговор на сличните планови на НАТО. Заменик-министерот за надоврешни работи Сергеј Рјабков изјави дека Москва ќе мора да го повлече тој потег ако НАТО не соработува на смиринување на напнатоста, пенесе Хина. Неговите изјави дополнително ќе ги зголеми […]

Ерупцијата на Канарските Острови трае три месеци, предупредување за 33.000 луѓе


Речиси 33.000 жители од неколку општини на шпанскиот канарски остров Ла Палма мора да се засолнат во своите домови од токсични гасови кои ги испушта вулканот Кумбре Виеја, кој почна да еруптира пред три месеци, одлучија локалните власти. Регионалната влада на архипелагот нареди жителите на општините Лос Љанос де Аридане, Ел Пасо и Тацакорте да […]

Британија го потврди првиот смртен случај од Омикрон


Англија– Премиерот Борис Џонсон потврди дека во Велика Британија починал најмалку еден пациент заразен со новиот сој на коронавирусот, омикрон. „За жал, да. Омикрон доведува до хоспитализации и досега починал најмалку еден пациент“, кажа Џонсон при посетата на клиника за вакцинирање во близина на Лондон. Ова следува откако министерот за здравство Саџид Џавид кажа дека […]

По 10 години на власт Ким Џонг Ун е на критична крстосница


Авторитетот на Ким е апсолутен, но економијата во Северна Кореја драматично се влошува. И нуклеарната програма назадува   СЕУЛ – Премногу млад. Премногу слаб. Премногу неискусен. Откако ја презеде власта по ненадејната смрт на неговиот татко пред 10 години, оваа недела, Ким Џонг Ун ги избриша оние широко распространети сомнежи кои ги поздравија неговите први […]

Дополнителни 30 милиони евра од ЕУ за јакнење на демократијата во Белорусија


Белгија– Европската комисија најави дека ќе одвои дополнителни 30 милиони евра за натамошно јакнење на ЕУ поддршката за народот и демократијата во Белорусија. Средствата ќе ја надополнат и прошират постоечката поддршка на ЕУ во Белорусија со цел зајакнување на отпорноста и капацитетот на белорускиот народ да промовира демократски промени во земјата. – ЕУ е со […]

Зошто вакцинацијата има смисла?


Падот на имунизацијата и потребата од дополнителна бустер вакцина повторно предизвикуваат сомнеж за ефикасноста на вакцината. Погрешно! Најважна работа при вакцинацијата е заштита од тешка болест.  Дали да се вакцинирам или не? Лекарите се сложни: Да, дефинитивно! Еве ги најважните аргументи:   Линк од целиот текст на Дојче веле тука

Омикрон се шири со ракетна брзина во Британија


Новиот сој на корона вирусот Омикрон се шири со исклучителна брзина, така што луѓето треба да добијат дополнителна доза од вакцината бидејќи двојно вакцинираните лица се ранливи, изјави денеска британскиот министер за здравство Саџид Џавид. Иако Џавид рече дека досега нема потврдени смртни случаи во Англија, тој додаде дека околу 40 отсто од заразените во […]

Судир на два брода во Балтичко Море, во тек е спасувачка операција


Шведска– Два товарни брода се судрија во Балтичкото Море меѓу данскиот остров Борнхолм и јужниот шведски град Истад, јавија денеска шведските медиуми, повикувајќи се на шведската поморска управа. Едниот брод е регистриран во Данска, а другиот е британски, објави шведската телевизија СВТ на својата веб-страница. – Еден брод се преврте. Не знаеме точно како се […]

Русија се откажува од рестрикции за невакцинираните лица


Руските власти денеска се откажаа од воведувањето ограничувања за невакцинираните граѓани, што беа објавени минатиот месец и наидоа на остри критики во јавноста. Претседателот на Долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин, денеска изјави дека од парламентарна процедура се повлекува законот со кој на невакцинираните лица ќе им се забрани да патуваат со авион или […]

Осуммина повредени во експлозија во манастирот Серпухов кај Москва


08:47 Осум лица, меѓу кои седум деца, се повредени во експлозија во манастирот Серпухов кај Москва, пренесува ТАСС, повикувајќи се на извор од полицијата. Машко лице активирало рачно изработен експлозив во близина на манастирот Серпухов. Експлозијата се случила на влезот на православната гимназија, која се наоѓа во рамките на манастирот. Напаѓачот е повреден и хоспитализиран. […]

Милиони Германци работат без да земат ниту евро


Помеѓу 16 и 29 милиони Германци се вклучени во волонтерски иницијативи. Тие работат како пожарникари на доброволна основа, помагаат во грижата за постарите и бездомните животни или тренираат млади фудбалери. Во текот на летото, стотици луѓе доброволно се пријавија да им помогнат на настраданите од поплавите. Милиони луѓе во Германија се вклучени во различни волонтерски […]

Путин возел такси по распадот на СССР


  Рускиот претседател Владимир Путин откри дека возел такси за да врзе крај со крај по распадот на СССР. Неговите зборови г пренесе државната новинска агенција РИА Новости во неделата, со филмот „Русија. Неодамнешна историја“ прикажан на телевизискиот Канал 1. Путин откри дека повремено работел како таксист за да ги зголеми своите примања. „Понекогаш морав […]

СЗО: Омикрон варијантата на коронавирус утврдена во 63 земји во светот


Омикрон варијантата на коронавирусот е утврдена во 63 земји во светот, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), прецизирајќи дека податоците се заклучно со 9 декември. Според СЗО, варијантата Омикрон е позаразна од Делта и ја намалува ефикасноста на вакцините, но предизвикува поблаги симптоми, како што покажуваат првичните податоци. Побрзо ширење на варијантата Омикрон е забележано во […]

Француските власти водат 400 истраги за лажни сертификати за коронавирус


Франција почна 400 истраги за мрежи што обезбедуваат лажни сертификати за коронавирус, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дармамен, во време кога се зголемува хоспитализацијата на пациенти со Ковид-19 во државата. Во изминатите денови вниманието на француските медиуми го привлече случајот со жена заболена од вирусот, која почина во регионалната болница во Париз, откако презентираше […]

Во САД бројот на починати од Ковид-19 достигна 800.000 лица


Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во СAД достигна 800.000, додека земјата се подготвува за потенцијален нов бран поради повеќе собири во затворени простории во текот на зимските месеци и високо заразниот сој Омикрон. Бројот на жртви од коронавирусот во САД сега го надминува целото население на Северна Дакота. И покрај достапноста на вакцината, оваа […]

Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Кентаки по смртоносни торнада


Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Кентаки, откако во петокот серија смртоносни торнада ја погодија сојузната држава, изјави претставник на администрацијата. Таквата одлука го отвора патот за дополнителна федерална помош. Донесување таква одлука вчера официјално побара гувернерот на Кентаки, Енди Бешер. Гувернерот оцени дека торнадата се најразорните во историјата на државата, […]

Претседателот на Јужноафриканската Република позитивен на Ковид-19


Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса е позитивен на коронавирусот и има благи симптоми, соопштија од неговиот кабинет. Тој се наоѓа во самоизолација во Кејптаун, а должностите во текот на неделата му ги додели на заменикот Дејвид Мабузи. Рамафоса (69) бил вакциниран со две дози вакцина против Ковид-19. Во соопштението не се наведува дали е заразен со […]