УНИЦЕФ: Земјите од Г7 да донираат вакцини на Ковакс програмата


Индија– Индија, која во моментов е најголемото жариште на коронавирус во светот, има ограничен извоз на вакцината „АстраЗенека“ произведена од нејзиниот Институт за серум. Тие вакцини произведени во Индија беа планирани за програмата Ковакс, но Индија не може да ги испорача бидејќи и се потребни за сопственото население во борбата против големиот втор бран на епидемијата …

УНИЦЕФ: Земјите од Г7 да донираат вакцини на Ковакс програмата Read More »

„Санофи“ објави позитивни резултати од втората фаза на својата вакцина против Ковид-19


 Француската лабораторија „Санофи“ објави позитивни резултати од клиничкото испитување на нејзината вакцина против Ковид-19, развиена со британскиот ГСК, по првичниот неуспех што предизвика неколкумесечно доцнење, јави дописникот на МИА. Преодните резултати од испитувањето врз луѓе во оваа втора фаза покажуваат дека употребата на оваа вакцина „предизвикала производство на високи концентрации на неутрализирачки антитела кај возрасни …

„Санофи“ објави позитивни резултати од втората фаза на својата вакцина против Ковид-19 Read More »

После години тишина, експлодира израелско-палестинскиот конфликт. Зошто сега?


Кризата дојде кога израелската влада се бореше за свој опстанок; а Хамас – кој за Израел е терористичка група – се обидуваше да ја прошири својата улога во рамките на палестинското движење   Дваесет и седум дена пред истрелувањето на првата ракета од Газа оваа недела, еден тим израелски полицајци влезе во џамијата Ал-Акса во …

После години тишина, експлодира израелско-палестинскиот конфликт. Зошто сега? Read More »

Единаесет американски сојузни држави го забранија воведувањето ковид-пасош


Вајоминг им се придружи на другите американски сојузни држави, меѓу кои се Алабама, Минесота, Јужна Каролина, Арканзас, Аризона, Флорида, Ајдахо, Монтана, Тексас и Јужна Дакота, што досега или донесоа закони или издадоа наредби за да го спречат воведувањето на ковид-пасоши. Гувернерот на Вајоминг, Марк Гордон, ги забрани ковид-пасошите со издавање на директива според која на …

Единаесет американски сојузни држави го забранија воведувањето ковид-пасош Read More »

Израел гранатираше домови на команданти на Хамас, продолжуваат ракетните напади од Газа


Израелската војска соопшти дека утрово нападнала важни цели во Појасот Газа, додека палестинските милитанти продолжуваат да истрелуваат ракети кон Израел. И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, конфликтот што избувна пред скоро една недела не покажува знаци на попуштање, јави ДПА. Израелската армија соопшти дека во текот на ноќта гранатирала домови на девет високи …

Израел гранатираше домови на команданти на Хамас, продолжуваат ракетните напади од Газа Read More »

Репортери без граници поднесоа претставка пред МКС поради израелското уништување на зградата со медиуми вго Газа


Репортери без граници (РСФ) во неделата поднесоа претставка пред Меѓународниот кривичен суд (МКС) по израелските напади врз просториите во кои се сместени медиуми во Газа, сметајќи дека тие можат да бидат третирани како  „воени злосторства“, јави дописникот на МИА. -Во текот на изминатата недела, просториите на 23 локални и меѓународни медиуми беа уништени од насочени …

Репортери без граници поднесоа претставка пред МКС поради израелското уништување на зградата со медиуми вго Газа Read More »

„Нема безбедно место“: Новинар на Асошиетед прес го раскажува нападот на бирото во Газа


Трескавично трчање по скалите од 11-иот спрат надолу за да се избегнат бомбите што ги најавија израелските сили. Во зградата беа сместени и канцелариите на Асошиетед прес и Ал Џезира   Во саботата израелските сили ја бомбардираа зградата во која беа сместени Асошиетед прес и Ал Џезира во Газа, тврдејќи дека воената разузнавачка служба на …

„Нема безбедно место“: Новинар на Асошиетед прес го раскажува нападот на бирото во Газа Read More »

Погребите се скапи, па мртвите во Индија ги пуштаат по река или ги закопуваат на плажа


Во некои индиски реки најдени се тела, а се верува дека се работи за жртви на Ковид-19. Полицијата разговара со мештаните на северот на Индија за да ги истражи случаите во кои тела се закопани во плитки песочни гробови или реката Ганг ги исфрли на бреговите, пишува АП. Полицијата од џипови и чамци со мегафон …

Погребите се скапи, па мртвите во Индија ги пуштаат по река или ги закопуваат на плажа Read More »

На пропалестинските демонстрации во Берлин уапсени 59 лица, 93 полицајци се повредени


Во судирите на пропалестинските демонстрации во Берлин, уапсени се 59 лица, а повредени се речиси 100 полицајци, соопшти денеска германската полиција. Околу 3.500 луѓе се собраа вчера во Берлин, на еден од бројните европски собири по повод растечкиот конфликт меѓу Израел и палестински Хамас во Појасот Газа. Кога полицијата се обиде да ги растера демонстрантите …

На пропалестинските демонстрации во Берлин уапсени 59 лица, 93 полицајци се повредени Read More »

Неколкумина ранети во напад од автомобил во источен Ерусалим


Четворица израелски полицајци и уште неколку други лица се ранети во напад од автомобил во источниот дел од Ерусалим. Полицијата соопшти дека напаѓачот е убиен. – Напаѓачот е убиен од страна на полицијата, изјави Мики Розенфелд, портпарол на полицијата без да даде засега други детали. Нападот е ивршен во Шеик Џарах дел од источен Ерусалим …

Неколкумина ранети во напад од автомобил во источен Ерусалим Read More »

Германски експерт: Идната година веројатно нова вакцинација против корона вирусот


 Шефот на Постојаниот независен советодавен комитет на Германија за вакцини вели дека е веројатно следната година сите да треба повторно да се вакцинираат против Ковид-19. Томас Мертенс изјави за групацијата весници Функе дека сè уште нема доволно податоци за да се каже точно кога ќе бидат потребни нови дози и ќе мора да се почекаат …

Германски експерт: Идната година веројатно нова вакцинација против корона вирусот Read More »

Во експлозија на гас во Англија, загина едно дете


Во експлозија на гас во Хајшам, Ланкашир, загина едно дете, а други четири лица беа повредени пренесуваат медиумите во таа земја. Како резултат на експлозијата, две куќи се уништени, а третата е сериозно оштетена. Експлозијата се случи синоќа во 2:30 часот на авенијата Мелодајл во Хајшам, на западот од Англија, објави британскиот дневен весник „Гардијан“. …

Во експлозија на гас во Англија, загина едно дете Read More »

Синдикатот на медицински сестри во САД се противи вакцинираните да не носат заштитни маски


Најголемиот синдикат на медицински сестри во САД ја осуди препораката на Центрите за превенција и контрола на болести дека целосно вакцинираните лица не треба да носат маски во затворено и на отворено, освен ако не се бара со локални регулативи. – Новите препораки на ЦДЦ не се научно засновани, тие не го штитат јавното здравје, …

Синдикатот на медицински сестри во САД се противи вакцинираните да не носат заштитни маски Read More »

Универзитетот „Јејл“ бара од вработените да се вакцинираат


Универзитетот Јејл бара професорите  и вработените да бидат вакцинирани против коронавирусот пред есенскиот семестар, со што ќе се прошири условот што веќе важи за студентите. Универзитетот соопшти дека членовите, вработените и академските специјализанти мора да бидат целосно вакцинирани до 1 август, иако постојат одредби за исклучоци од причини засновани на здравствени причини, религиозни или „силни“ …

Универзитетот „Јејл“ бара од вработените да се вакцинираат Read More »

Богати Индијци плаќале до 65.000 долари за лет до Малдиви за да избегаат од ковид


 Малдиви ги затвори границите за туристите од Јужна Азија, отсекувајќи им ја патеката за бегство на богатите Индијци кои на тој начин ја избегнуваа кризата со Ковид 19 во сопствената земја.Министерството за туризам и имиграција на Малдиви објави привремена забрана која се однесува на сите носители на визи од Индија, Непал, Бутан, Авганистан, Бангладеш, Пакистан …

Богати Индијци плаќале до 65.000 долари за лет до Малдиви за да избегаат од ковид Read More »

Израел ја бомбардираше куќата на главниот лидер на Хамас во Газа


Војската соопшти дека ги погодила домовите на Јехије Синвар, највисокиот водач на Хамас во рамките на територијата и неговиот брат Мухамед, друг висок член на Хамас   ГАЗА СИТИ – Израелската војска во неделата соопшти дека го уништила домот на главниот водач на Хамас во Газа, трет ваков напад за исто толку дена, по речиси …

Израел ја бомбардираше куќата на главниот лидер на Хамас во Газа Read More »

(Фото галерија) Новинарите на Асошиетед прес позираат пред разурнатата редакција


Во еден од израелските напади врз Газа, што според премиерот Бенјамин Нетанјаху тешко ќе престанат, беше разурната до темел и редакцијата на агенцијата Асошиетед прес. Зо знак на протест новинарите излегоа на улица и направија фото сесија од која се гледа лудилото на тоа што се случува на релација Израел и Палестина.  

Бајден го предупреди палестинскиот претседател Абас да го запре ракетирањето


Американскиот претседател Џо Бајден изрази голема загриженост до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во врска со ескалацијата на насилството, потврдувајќи го „правото на Израел да се брани од нападите на Хамас“, истовремено предупредувајќи го палестинскиот претседател Махмуд Абас да престане да го ракетира Израел. Бајден исто така рече дека е загрижен за безбедноста на новинарите откако …

Бајден го предупреди палестинскиот претседател Абас да го запре ракетирањето Read More »

Гутереш шокиран од убивањето цивили во Газа


Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш рече дека е „шокиран“ од цивилните жртви во Газа и „длабоко шокиран“ од израелскиот напад врз зградата во која се сместени канцелариите на меѓународните медиуми, изјави неговиот портпарол Стефан Дујарик. Изјавата доаѓа откако Израел го нападна Појасот Газа со воздушни напади во кои загинаа 10 члена на семејство и …

Гутереш шокиран од убивањето цивили во Газа Read More »

Принцот Ендрју тивко или јавно тргнат како покровител на 50 организации


Англија– Војводата од Јорк е тивко или јавно отстранет како покровител на скоро 50 организации, откри Телеграф, и покрај неговата изразена намера еден ден да се врати во јавниот живот. Процентот на неговите добротворни организации и организации, за кои се сметаше дека е најмалку еден од четири, кои се решија да ги раскинат врските со …

Принцот Ендрју тивко или јавно тргнат како покровител на 50 организации Read More »