Европските здравствени системи пред колапс поради брзото ширење на омикрон


Европските здравствени системи повторно се под голем притисок поради брзото ширење на омикрон сојот на коронавирусот за време на празниците, а експертите предупредуваат дека врвот на инфекцијата допрва доаѓа. И покрај првичните истражувања кои покажуваат дека ризикот од тешка болест и хоспитализација поради омикрон е помал отколку кај делта варијантата што беше доминантна досега, здравствените системи во […]

Научниците ги именуваа новите тропски видови дрвја по Леонардо ди Каприо


  Леонардо ди Каприо има Оскар, БАФТА и три награди „Златен глобус“, но неговото последно признание доаѓа од група меѓународни научници од лондонската Кралска ботаничка градина Кју и Националниот хербариум на Камерун, кои го почестија холивудскиот актер и еколошки активист со именување на нов вид тропски дрвја по него. Uvariopsis dicaprio доаѓа од шумата Ебо […]

Експерт на СЗО тврди дека следуваат уште три тешки месеци, но крајот на пандемијата е на повидок


Специјалниот пратеник на Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19 Дејвид Набаро изјави дека епидемијата на коронавирусот ќе создаде многу тешка ситуација во следните три месеци, „но можеме да кажеме дека крајот е на повидок“. Во интервју за Скај њуз, Набаро изрази стравување дека сме принудени на маратон со вирусот и оти не постои вистински начин […]

ЕУ: До 2050 ќе треба да се инвестираат 500 милијарди евра во нуклеарни централи


Европската унија од сега до 2050 година ќе треба да инвестира 500 милијарди евра во нуклеарни централи од следната генерација, изјави комесарот за внатрешниот пазар на Унијата во интервју објавено изминатиот викенд. – Само на постојните нуклеарни централи до 2030 година ќе им требаат 50 милијарди евра инвестиции. А на новите генерации ќе им требаат 500 милијарди, изјави Тиери […]

Во Казахстан приведени 7.939 лица поради минатонеделните немири


Казахстанските безбедносни сили досега приведоа 7.939 лица во врска со минатонеделните немири, соопшти казахстанското Министерство за внатрешни работи. Минатата недела централноазиската држава ја доживеа најсериозната криза од распадот на Советскиот Сојуз. Владини згради беа нападнати или запалени во неколку градови, откако првично мирните протести поради поскапувањето на горивото прераснаа во судири меѓу демонстрантите и полицијата. […]

Поранешната лидерка на Мјанмар осудена на уште четири години затвор


Судот во Мјанмар денеска ја осуди поранешната лидерка Аунг Сан Су Чи на уште четири години затвор поради незаконски увоз и поседување воки-токи и кршење на ограничувањата за коронавирус. Поранешната шефица на државата минатиот месец беше осудена на четири години затвор по две други обвиненија, а казната на крајот беше намалена на две години. Против Аунг Сан […]

Италија ја проширува употребата на „суперзелениот“ сертификат


Во Италија од денеска до завршување на вонредната состојба на 31 март ќе важи суперзелениот сертификат (сертификат за вакцинирани против коронавирус и оние кои прележале Ковид-19, но не и за тестирани со ПЦР или антиген тест) кој станува задолжителен за хотели и друго сместување, за прослави по верски или граѓански церемонии, за изложби, за конгресни […]

Преговори во Женева меѓу американската и руската делегација за ситуацијата во Украина


Дипломати од Русија и од САД почнуваат денеска во Женева преговори во врска со распоредувањето руски војници во близина на границата со Украина. Од двете страни ќе бидат двајца ветерани од дипломатијата во обид да се спречи криза. Заменичката државен секретар Венди Шерман ќе се соочи со рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков […]

Австралија надмина праг од милион заразени со Ковид-19


Австралија денеска го надмина прагот од милион случаи на заразени со Ковид-19. Повеќе од половина од нив се регистрирани во изминатата недела. Забрзувањето на инфекцијата се должи на Омикрон сојот на коронавирусот. До неодамна, Австралија успеваше да го запре вирусот со агресивни заклучувања и строги гранични контроли. Сега, сепак, земјата почнува да живее со вирусот. […]

(Видео) Најмалку 19 луѓе загинаа, а 54 се повредени во голем пожар во зграда во Њујорк


Најмалку 54 лица се повредени денеска во голем пожар во станбена зграда во Њујорк, а загинаа најмалку 19 луѓе, меѓу ки девет деца, јави Еј-Би-Си њус. BREAKING: New York City mayor says Bronx fire "one of the worst" in city's history; at least 61 injured, "numerous" feared dead pic.twitter.com/eLhcNQbpsc — BNO News (@BNONews) January 9, […]

Франција: Задолжителната вакцинација не е најефикасниот начин за борба против Ковид-19


  Воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19 не би бил најефикасниот начин оние кои досега не се вакцинирале тоа да го направат, а плановите за заострување на мерките за поседување здравствени пропусници за вакцинирање веќе дадоа реузлтати, рече денеска портпаролот на француската влада Габриел Атал. За да влезат во ресторан и кафуле, но и да користат […]

Новата чешка влада засрамена од непознавањето на англискиот јазик на министрите


  ПРАГА – Кога новата петпартиска коалиција ја презеде функцијата во Чешката Република една недела пред Божик, се очекуваше таа да најави реафирмирање на еврофилските и западните акредитации на земјата по години амбивалентност и заштита под популистичката влада во заминување. Наместо тоа, новата администрација – на чело со Петр Фијала, поранешен професор по политички науки […]

Најмалку 200 луѓе загинаа во напад на милитантни групи во нигериската држава Замфара


Најмалку 200 луѓе загинаа во напад на милитантни групи во северозападната нигериска држава Замфара. Властите сметаат дека тоа е одговор на воените воздушни напади во кои загинаа повеќе од 100 милитанти во понеделникот. Вооружени лица влегувале во селата, палеле куќи и ги осакатувале телата на жртвите. Нигериската влада долго време е во конфликт со голем […]

Путин го враќа СССР, што ќе каже Кина?


Новогодишните празници честопати се проследенисо неочекувани кризи, а 2022 година не е исклучок. Казахстан – земјата богата со енергија лоцирана во центарот на Евроазија -западна во голема политичка криза, а претседателот Касим-Жомарт Токаев се сврте кон Русија за да му помогне да ги задуши народните протести, да го врати редот и да ја консолидира својата […]

Огромна карпа се урна врз чамци во Бразил, најмалку седум жртви (видео)


Најмалку седум лица загинаа откако огромна карпа падна врз неколку туристички чамци во бразилската држава Минас Жераис во саботата, јави Си-Ен-Ен. Три лица се водат како исчезнати, но спасувачките напори престанаа доцна во саботата поради „недостигот на природно осветлување“ на езерото Фурнас во Капитолио. Тие ќе продолжат во недела во 5 часот по локално време, […]

Нов Јужен Велс со највисок дневен број смртни случаи од Ковид-19


Најнаселената австралиска држава Нов Јужен Велс забележа највисок дневен број на смртни случаи од Ковид-19 во саботата, откако варијантата Омикрон ја зафати земјата. Државата, во која живеат 25 милиони Австралијци, пријави 16 смртни случаи од коронавирус еден ден претходно и 30.062 новозаразени. Втората по големина држава Викторија, која овој месец е домаќин на тенискиот турнир […]

Блинкен и Борел разговараа за безбедносните предизвици


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараше со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел за актуелните безбедносни прашања. „Секретарот Блинкен ја потврди својата посветеност за зајакнување на соработката меѓу САД и ЕУ и укажа на заедничките предизвици, се вели во соопштението на Стејт департментот. Блинкен ја нагласил важноста од координирана акција […]

Јапонија и САД се договорија за задржување на американскиот воен персонал во базите поради коронавирусот


Јапонија – Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека Јапонија и САД постигнале „основен договор“. Според договорот, на членовите на американскиот воен контингент не им е дозволено да ги напуштат своите бази во Јапонија, поради загриженоста за наглото зголемување на бројот на случаи на коронавирус. Кишида рече дека американските војници нема да ги напуштат своите бази […]

Саудиската принцеза ослободена по три години во притвор без обвинение


Саудиска Арабија – Саудиските власти ги ослободија принцезата и нејзината ќерка, кои беа затворени без обвинение речиси три години, соопшти Организацијата за заштита на човековите права во Саудиска Арабија. Басма бинт Сауд (57), членка на кралското семејство која долго време се сметаше за застапник за правата на жените и уставната монархија, беше во притвор од март […]

Мексико со рекорден број заразени од коронавирус, над 30.000 случаи за еден ден


Мексико– Мексико во саботата постави рекорд по бројот на потврдени дневни случаи на инфекција со коронавирус, бидејќи, според официјалните податоци, се регистрирани повеќе од 30.000 нови случаи. Министерството за здравство во саботата соопшти дека 30.671 нови случаи биле заразени со коронавирус, откако во претходните три дена биле пријавени повеќе од 20.000 нови случаи. Сепак, бројот […]