Земјотрес од 5,21 степен на португалскиот остров Мадеира


 

Умерен потрес го погоди денеска португалскиот остров Мадеира во раниту утрински часови, што гхи преплаши жителите, објави Португалскиот институт за море и воздух.

Наведува дека земјотресот бил со јачина од 5,1 степен, а епицентаорт бил во морето, 45 километри јужно од главниот град Фуншал, на длабочина од 30 км и дека се почувствувал со најсилен интензитет од V степени според Меркалиевата скала во окрузите Камара де Лобос, Рибеира Брава и Сао Висенте.

Претходно, Европскиот медитерански сеизмолошки центар јави дека земјотресот е со јачина од 6,1 степен според Рихтер.