Во Израел 4.900 здравствени работници се во карантин; има недостиг на персонал


Речиси 4.900 здравствени работници во Израел се во карантин, покажуваат денешните податоци. Во претходните 24 часа во земјата се регистрирани 43.815 нови случаи на коронавирус, јави „Џерусалим пост“. Во изолација се 690 лекари и 1282 медицински сестри. За споредба, до вчера во карантин беа околу 3.800 здравствени работници. Меѓу нив имаше 542 лекари и 1.000 […]

Екипажи на Катај Пацифик поминале вкупно 73.000 ноќи во карантин


Екипажи на авиокомпанијата Катај Пацифик од Хонг Конг минатата година поминале вкупно 73.000 ноќевања во хотели или центри за карантин, време  еднакво на 200 години, соопшти авиокомпанијата. Тешки се времињата за авиокомпанијата, која се бори да обезбеди летови и покрај драконските санитарни мерки на властите во Хонг Конг. Претседателот на компанијата, Патрик Хили, во видео […]

Експертка од СЗО: Омикрон варијанта не значи полесна форма на болест


Швајцарија– Американскиот епидемиолог и експертка од Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19, Марија Ван Керхове, истакна дека варијантата Омикрон не значи лесна форма на болест. Во видео клипот објавен на нејзиниот налог на Твитер, Керхове рече дека појавата на Омикрон што циркулира нашироко и кој многу ефикасно се пренесува меѓу луѓето е она што предизвикува […]

Квебек ќе воведе посебен данок за луѓето кои не се вакцинирани против коронавирусот


Властите во канадската провинција Квебек синоќа соопштија дека во наредните недели ќе воведат нов данок наречен „здравствен придонес“, само за граѓаните кои одбиваат да примат вакцина против Ковид-19. – Работиме на нов данок за сите возрасни кои одбиваат да примат вакцина против коронавирусот бидејќи тие претставуваат финансиски товар за сите граѓани, рече премиерот на покраината, […]

Експерти: Ширењето на Омикрон е на пат кон нагло паѓање


Научници гледаат знаци дека алармантниот бран на Омикрон можеби го достигнал својот врв во Британија и САД, по што бројот на новозаразени може да почне нагло да опаѓа. Причината за ова е што Омикрон станал толку многу заразен што можеби нема повеќе луѓе низ кои не поминал, само месец и половина откако беше откриен во Јужна Африка. […]

Ковид губи 90% од способноста да зарази по неколку минути во воздухот


  Корона вирусот губи 90% од способноста да нѐ зарази во рок од 20 минути откако ќе се пренесе во воздухот – а најголемиот дел од загубата се случува во првите пет минути, сугерираат првите светски симулации за тоа како вирусот преживува во издишаниот воздух. Наодите повторно ја нагласуваат важноста на преносот на ковид од […]

Осомничениот за пожар во јужноафриканскиот Парламент обвинет и за тероризам


Обвинението против осомничениот за подметнување пожар во кој беа уништени делови од јужноафриканскиот Парламент денеска беше проширено со обвинение за тероризам. Новото обвинение е додадено на рочиштето во Кејптаун, закажано по повод одредување кауција за осомничениот Зандиле Мафе (49). Мафе претходно беше обвинет за кражба, подметнување пожар и поседување експлозивна направа. Делови од 130-годишниот комплекс […]

Во САД почина милионерот Роберт Дерст осуден на доживотен затвор 


САД – Американскиот милионер Роберт Дерст осуден на доживотен затвор за убиство на познаничка во 2000 година почина синоќа на возраст од 78 години, соопштија медиумите во САД.  Според адвокатот, Дерст починал по срцеви компликации откако есенва боледуваше од Ковид-19 и беше ставен на вентилатор. Смртта била утврдена во болницата во затворот во Калифорнија.   […]

„Фајзер“ прави нова вакцина против омикрон


Вакцината на американската фармацевтска компанија Фајзер против сојот омикрон ќе биде готова во март, а компанијата веќе почнала да произведува дози, откри извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла. Тој рече дека новата верзија на вакцината ќе ги таргетира другите видови на вирусот што циркулираат низ светот. Сепак, тој нагласи дека сѐ уште не е јасно […]

СЗО: Омикрон во следните недели ќе зарази половина од популацијата во Европа


  Предвидувањата велат дека варијантата омикрон ќе зарази повеќе од половина од жителите на Европа во следните шест до осум неделу, вели д-р ханс Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација за Европа. „Влеговме во 2022 година, а земјите од Европа и средна Азија и понатаму се под интензивен притисок од короната“, рече Клуге на […]

Милиони Индијци на ритуално капење во Ганг покрај короната


  Се очекува речиси милион хиндуистички верници да се бањаат во водите на реката ганг овој петок и сабота, покрај галопирачкото ширење на Ковид-19 во земјата, вели надлежен за Ројтерс. Индија во вторникто јави дека има 168.063 новозаразени со Ковид-19, што е 20 пати повеќе од минатиот месец, иако тестирањето е значително под капацитетите. Многу […]

Црна статистика: Во Полска над 100.000 лица починаа од Ковид


Вкупниот број на починати од коронавирус во Полска денеска надмина 100.000, изјави полскиот министер за здравство Адам Неѓелски, во време кога земјата се бори со четвртиот бран на пандемијата. – Денеска можеме да кажеме дека е уште еден тажен ден, но особено затоа што го надминавме нивото од 100.000 смртни случаи од Ковид, рече Неѓелски […]

Шефот на данската разузнавачка служба е во притвор поради протекување информации


Шефот на данската контраразузнавачка служба Ларс Финдсен е задржан во притвор поради неговата вмешаност во случај со протекување на „многу доверливи“ информации, јави државната телевизија ДР. Четворица сегашни и поранешни вработени во две дански разузнавачки служби беа уапсени во декември поради објавување на многу доверливи информации. Финдсен е единствениот кој останува во притвор додека трае […]

Америка ги предупредува своите државјани да не патуваат во Канада поради Ковид-19


Американските центри за контрола и превенција на болести издадоа предупредување до Американците да не патуваат во Канада поради зголемениот број на нови случаи на заразени со Ковид-19 во државата. Центрите го зголемија своето предупредување да не се патува на „Ниво четири: многу високо“ за Канада, советувајќи ги Американците да не патуваат во соседната земја. ЦКПБ […]

Почина претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли


Претседателот на Европскиот парламент, италијанскиот социјалдемократ Давид Сасоли, почина ноќта од понеделник кон вторник во Италија на 65-годишна возраст, соопшти неговиот портпарол. „Давид Сасоли почина на 11 јануари во 1:15 часот во Онколошкиот центар во Авијано, Италија (северно од Венеција), каде што беше хоспитализиран“ од крајот на декември“, соопшти на Твитер, Роберто Куило, портпарол на […]

Француските ученици сами ќе се тестираат за Ковид-19


Француските ученици ќе можат да се самотестираат наместо да прават ПЦР тестови, изјави францускиот премиер Жан Кастекс и додаде дека причината за тоа е што зголемувањето на случаите на Ковид-19 ги направи здравствените мерки во образовниот сектор премногу гломазни. -Ова ќе ги намали редиците пред аптеките, рече тој во интервју за телевизијата Франс 2. Франција пријави најголем скок на […]

Чиле ќе администрира четврта доза анти-ковид вакцина


Чиле, една од водечките земји во светот по вакцинација против Ковид-19, започна кампања за четврта доза на луѓе со нарушен имунитет. Земјата го прави тоа за првпат во регионот, а причината за започнување на кампањата е зголемувањето на случаите поради брзото ширење на сојот Омикрон. – Вакцината, оваа четврта доза или втора засилена доза, ќе […]

Повлекувањето на трупите на ОДКБ од Казахстан ќе почне за два дена


За два дена ќе започне повлекувањето на војниците на контингентот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) од Казахстан, изјави денеска претседателот на Казахстан Касам-Жомарт Токаев. -Обидот за државен удар не успеа, ситуацијата во сите региони на земјата е стабилна, главната мисија на ОДКБ е завршена, рече Токаев. Претседателот го назначи Алихан Смаилов за […]

Во САД за 24 часа регистрирани 1,13 милиони новозаразени од Ковид-19, најмногу во светот до сега


САД регистрираа најмалку 1,13 милиони нови случаи на Ковид-19 за 24 часа и тоа е апсолутен светски рекорд во време кога ширењето на високо заразниот сој на коронавирусот Омикрон не покажува знаци на ремисија. Претходниот негативен рекорд беше 1,03 милиони, на 3 јануари. Секој понеделник во САД се пријавуваат голем број случаи, бидејќи многу држави […]

Во Германија повеќе од 25.000 новозаразени


Германија регистрираше 25.255 нови случаи на инфекција со корона вирусот во изминатите 24 часа, соопшти Институтот за заразни болести Роберт Кох. Вкупниот број на потврдени случаи на инфекција достигна 7.535.691. Во последните 24 часа германските здравствени власти регистрираа и 52 нови смртни случаи поврзани со Ковид-19. Вкупниот број на починати од Ковид е 114.029.