Нови ковид рекорди во Италија, Британија и Грција


  Италија објави рекордни 170.844 нови случаи на ковид во вторник, во споредба со 68.052 претходниот ден, соопшти Министерството за здравство, додека дневниот биланс на смртни случаи поврзани со коронавирус се искачи на 259 од 140. Италија има регистрирано 138.045 смртни случаи поврзани со вирусот откако се појави неговата епидемија во февруари 2020 година и […]

Омикрон зема замав во Шведска- заразени и кралот и кралицата


Шведска– Шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густаф (75) и кралицата Силвија (78) се позитивни на Ковид-19, се вели во соопштението на палатата во вторникот, во услови на зголемени инфекции во нордиската нација поттикнати од новата варијанта на вирусот Омикрон. Шведска постави нов дневен рекорд за случаи на Ковид-19, покажаа најновите податоци на здравствената агенција во вторникот, […]

За еден месец дури 4,5 милиони вработени дале отказ во САД


Рекордни 4,5 милиони Американци дадоа отказ на работните места во ноември, со што стапката на откази се зголеми на 3 отсто, пренесува Си-Ен-Ен. Вработените ги напуштат работните места во угостителската индустрија, како и во здравството. Зголемен е бројот на откази и во транспортниот сектор, магацините и комуналните дејности. Ако на оваа бројка се додаде и […]

Полските рудари ја блокираа испораката на јаглен, бараат повисоки плати


Рударите вработени во најголемата полска компанија за производство на јаглен денеска ја блокираа испораката на тоа фосилно гориво до државните централи, барајќи повисоки плати. Демонстрантите ги запреа возовите што излегуваа од рудникот Халемба и другите рудници на „Полската група за ископување јаглен“ во Шлезија, регион во јужна Полска. Побараа повисоки плати за викендите и јасни […]

НАТО свика вонредно онлајн заседание на министрите за надворешни работи


Министрите за надворешни работи на НАТО ќе oдржат вонредна седница на 7 јануари, соопшти денеска алијансата. Средбата ќе биде онлајн и се очекува да трае околу два часа, се вели во соопштението. Учесниците ќе разговараат за трупањето воени сили од страна на Русија долж границата со Украина. Во разговорот ќе бидат опфатени и други прашања […]

Индија за увоз на злато потрошила 55,7 милијарди долари


Индија во 2021 година на увоз на злато потрошила рекордни 55,7 милијарди долари, во услови на силно закрепнување на побарувачката на овој благороден метал поттикната од падот на малопродажните цени и укинувањето на забраната за свадби поради пандемијата. Владата лани увезла 1.050 тони злато, многу повеќе од двојно од 2020 година, а во потрошувачката на […]

Кина стави во карантин град од 1,2 милиони жители по само три случаи на ковид


  Три асимптоматски случаи на Ковид-19 беа доволни за кинеските власти да затворат град со 1,2 милиони луѓе во понеделникот, придружувајќи им се на 13 милиони други во затворениот Шијан, каде локалните власти побараа уште повеќе да се заострат ограничувањата. Пекинг се држи до својата стратегија за нулта-ковид пред претстојните Зимски олимписки игри следниот месец, […]

„Северен тек 2“ би можел да добие лиценца за работа кон средина на годината


Гасоводот „Северен тек 2“, што транспортира руски гас во Германија, би можел да добие германска лиценца за работа кон средината на годината, изјави Клаус-Дитер Мајбах, извршен директор на германскиот косопственик на проектот, компанијата „Унипер“. Гасоводот, изграден од концернот предводен од руски „Гаспром“, беше завршен во септември минатата година и се чека конечна дозвола од германскиот […]

Кувајтскиот експерт Хајтам ал-Гаис е нов генерален секретар на ОПЕК


Кувајтскиот експерт за нафтениот пазар Хајтам ал-Гаис во август ќе ја преземе функцијата генерален секретар на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), објави вчера моќниот нафтен картел. Ал-Гаис летово ќе го наследи Нигериецот, Мохамед Сануси Баркинд, кој на чело на ОПЕК е од 2016 година и се повлекува по два мандати. Наследството на Баркинд […]

Еден милион заразени за 24 часа во САД


  Во Соединетите Држави во понеделникот беше надмината границата од еден милион нови случаи за 24 часа. Инфекцијата беше потврдена со 1.003.043 тестови, според Our World in Data и весникот „Њујорк тајмс“. За прв пат една земја идентификуваше повеќе од 1 милион нови инфекции од почетокот на пандемијата пред две години. Како резултат на тоа, […]

Во Франција откриена нова варијанта на Ковид-19


Научниците се загрижени поради појавата на нова варијанта на корона вирус во јужна Франција. Откритието дојде откако 12 пациенти во истиот регион беа позитивни, а нивните тестови покажаа „нетипична комбинација“. Експертите се сомневаат дека случајот можеби дошол од Камерун, бидејќи првото заразено лице пристигнало од патување од таа земја. Тие рекоа дека идентификувале 46 мутации […]

Расте бројот на новозаразени со корона вирус во Австралија


Се зголемува бројот на новозаразени со корона вирусот во Австралија, со што се зголемува и притисокот врз тамошните болници и центри за тестирање. Во најнаселената сојузна држава на континентот, Нов Јужен Велс, регистрирани се 23.131 нови случаи. Најголемата бројка е регистрирана на последниот ден од старата година, кога 22.577 лица биле позитивни на тестот. Моментално […]

(Видео) До 40 см снег во делови од Америка


  Зимската бура која во понеделникот со силни снежни врнежи и силен ветар зафати делови од источниот брег на САД, донесе и до 40 ссм снег. Поради тоа сојузните служби и училиштата сопреа со работа, а дојде и до одлагање на летови и исклучување струја за голем број домаќинства. Нацуоналната метеоролошка служба најави 12 до […]

Во пад на израелски воен хеликоптер загинаа двајца пилоти


Израел– Израелски воен хеликоптер вчера се урна во морето кај северниот брег на Израел, при што загинаа двајца пилоти, соопшти израелската војска. Третиот член на екипажот е повреден во несреќата и итно е пренесен во болница, соопшти војската   Хеликоптерот се урнал за време на тренажен лет, а командата на израелските воздухопловни сили отворила истрага […]

Обрадор лани од Трамп побарал помилување за Асанж, но не добил одговор


Мексико  – Мексиканскиот претседател, Андрес Мануел Лопез Обрадор, изјави дека минатата година побарал од Доналд Трамп помилување за основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, а тоа се случило пред Трамп да ја напушти Белата куќа. Лопез Обрадор изјави дека побарал помилување за Асанж во писмото што му го испратил на Трамп додека бил претседател на САД, […]

Мексико прими рекордни над 130.000 барања за азил во 2021 година


Мексико – Мексико минатата година прими рекордни 131.448 барања за азил, соопшти вчера мексиканската Национална агенција за заштита на бегалци. – Бројот на апликации речиси двојно го зголеми рекордот поставен во 2019 година, објави на Твитер генералниот координатор на Мексиканската комисија за помош на бегалците (Комар) Андрес Рамирез Силва. Во 2019 година Мексико прими 70.341 […]

Премиерот на Хаити, Ариел Хенри, преживеа обид за атентат


Хаити– Вооружени лица во саботата се обиделе да го убијат премиерот на Хаити, Ариел Хенри, за време на прославите на Денот на независноста на земјата, соопштија официјални лица. Инцидентот се случил кога Хенри присуствувал на церемонија во црква во градот Гонаивес, 150 километри од главниот град Порт-о-Пренс. На видеата објавени на интернет се гледа како […]

Снежната бура го „зароби“ Бајден во авионот


  Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска беше завеан 30 минути во авионот во Вашингтон, поради снежната бура која го зафати главниот град. Бајден се врати во Вашингтон со претседателскиот авион, а излезе од него дури откако персоналот со маки дотурка скали до авионот, поради наврнатиот снег, пишува Индепендент. Камионот ги туркаше скалите со помош […]

Омикрон и снегот го одложија продолжението на учебната година во САД


Во многу училишта ширум САД е одложен почетокот на наставата, додека образовните институции се обидуваат да спроведат тестирање за учениците, и во краен случај се подготвуваат да се вратат на онлајн часови. Исто така, снежното невреме придонесе за одложување на почетокот на вториот дел од учебната година во Вашингтон и околината, јави вечерва Гласот на Америка. Сето ова се случува во време кога во целата […]

Случаите со ковид пораснаа за 948% во Флорида, Омикрон ги преплави САД


  Случаите со Ковид-19 во Флорида се зголемија за 948% за само две недели, додека високо преносливата варијанта Омикрон предизвикува огромен бран инфекции и хоспитализации низ целата територија на САД. Дури и кога д-р Ентони Фаучи – главниот медицински советник на Џо Бајден – ја предупреди јавноста да ги погледа хоспитализациитеа, а не инфекциите со […]