Кремљ вели дека е подготвен за разговори со Украина во Белорусија


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков

Руска делегација пристигна во Белорусија на разговори со украинската страна, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Во согласност со договор, руска делегација составена од претставници на Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и други агенции, вклучително и претседателската администрација, пристигна во Белорусија на разговори со Украинците, изјави Песков.

– Ќе бидеме подготвени да ги започнеме овие разговори во Гомел, додаде тој.