Германија да го запре гасоводот ако Русија ја нападне Украина, порачува Блинкен


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја повика Германија да го запре гасоводот Северен поток 2 со Русија доколку Москва ја нападне Украина. „Од наша перспектива, многу е тешко да се види гасот да тече низ тој гасовод, да стане оперативен, доколку Русија ја обнови својата агресија“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со германската министерка […]

Казахстан прогласи вонредна состојба, во нередите загинаа осум полицајци и припадници на националната гарда


Казахстан денеска прогласи вонредна состојба на целата територија, откако протестите  ескалираа во немири.  Локалните медиуми јавија за вонредната состојба повикувајќи се на коминике прикажано на државната телевизија на Казахстан. Претходно беше прогласена локална вонредна состојба во областите кои беа најмногу погодени од протестите: економската престолнина на Казахстан – градот Алмати, регионот Мангистау и главниот град на земјата […]

Сенаторот Тим Кејн заглави 27 часови во сообраќаен метеж  


САД– На сенаторот Тим Кејн кој живее во Ричмонд, му требале 27 часови да стигне на работа во Конгресот во Вашингтон, откако ноќеска заглави во повеќекилометарска колона на автопат во Вирџинија, предизвикана од судир на камиони, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Сенаторот – демократ растојанието од Ричмонд до Вашингтон обично го поминувал за два […]

Ѓоковиќ навел дека прележал ковид, властите во Австралија не веруваат


  Влегувањето на светскиот број 1 во Австралија, Новак Ѓоковиќ, беше во лимбо ситуација во раните часови во четвртокот според австралиско време поради загриженоста на граничните и царинските власти околу доказите што го поддржуваат неговото ослободување од вакцината, како и потенцијално погрешното барање за виза, пишува австралискиот медиум „The Age“. Еве го текстот објавен доцна […]

Драмата во Казахстан: Претседателот се заканува со безмилосен одговор


  Претседателот на Казахстан се закани дека безмилосно ќе ги запре протестите што се во тек низ целата земја, тврдејќи дека немирите довеле до смртни случаи и повреди меѓу службениците за спроведување на законот. „Како шеф на државата… планирам да дејствувам што е можно построго“, рече Касим-Жомарт Токаев во телевизиското обраќање во средата попладне. „Ова […]

Во Израел за еден ден регистрирани речиси 12.000 новозаболени од Ковид-19


Израел – Во Израел денеска е регистриран најголем број новозаразени со Ковид-19, пред сè поради сојот Омикрон, и покрај рестрикциите за патувања и мерките за изолација, соопшти Владата. Во изминатите 24 часа потврдени се 11.978 случаи, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата. Претходниот „црн рекорд“ беше забележан на 2 септември 2021 со […]

Наставничка од Њујорк уапсена оти вакцинирала ученик


Наставничката Лора Русо од Њујорк, САД, е уапсена затоа што вакцинирала ученик против корона вирус и покрај фактот што нема формални медицински квалификации. Според полицијата, Русо вакцинирала 17-годишен ученик во својот дом. Наставничката по биологија, инаку, е уапсена на новогодишната ноќ и доколку биде осудена, ѝ се заканува казна затвор до четири години. Наводно, 17-годишникот […]

Прекината истрагата против поранешниот гувернер на државата Њујорк, Ендру Куомо


Јавниот обвинител на округот Олбани, во државата Њујорк, Дејвид Соарес ја прекина истрагата против поранешниот гувернер Ендру Куомо, кој беше обвинет од негов некогашен соработник за сексуално вознемирување. – Иако подносителот на тужба во овој случај и помогна на истрагата и заслужува доверба, откако ги разгледавме сите достапни докази, дојдовме до заклучок дека нема да […]

Австралискиот здравствен систем е под притисок, расте бројот на заразени со Ковид-19


Австралискиот здравствен систем е под зголемен притисок бидејќи бројот на нови инфекции со коронавирус трет ден по ред ги надминува рекордите, а расте и бројот на хоспитализирани и оние кои сакаат да се тестираат.   Речиси 53.000 нови случаи на зараза со Ковид-19 се пријавени во Нов Јужен Велс и Викторија, најнаселените држави во Австралија, […]

Блумберг: Европа во следните два месеца може да остане без гас


Европа ризикува во следните два месеца да остане без гас поради студеното време и малите резерви од синото гориво, пишува Блумберг. Авторите на написот забележуваат дека предусловите за кризата со горивото се преминот кон обновливите извори на енергија и намалувањето на локалното производство на природен гас. Како резултат на тоа, производството на електрична енергија во […]

Канада ќе исплати 40 милијарди долари отштета на домородните деца


Канада ќе исплати 40 милијарди канадски долари отштета за домородните деца кои биле одземени од нивните семејства и ставени во системот на социјална помош. Договорот прредвидува  20 милијарди канадски долари (еден канадски долар чини 42,8 денари) за потенцијално стотиците илјади домородни деца кои биле одземени од семејства и немале пристап или имале проблеми да пристапат […]

Владата на Казахстан поднесе оставка по протестите заради цената на горивата


  Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев денеска ја прифати оставката на владата, соопшти неговиот кабинет по протестите против владата, предизвикани од зголемувањето на цените на горивото, а во кои беа повредени речиси стотина полицајци. Полицијата со солзавец и шок бомби доцна синоќа упадна на протест при што од плоштад во Алмати протера стотици демонстранти, а немирите […]

Иванка и Доналд Трамп помладиот одбија да сведочат во истрагата за бизнисот на нивниот татко


Доналд Трамп помладиот и Иванка Трамп, децата на поранешниот американски претседател, одбија да сведочат во истрагата за наводната измама во врска со бизнисот на компанијата на нивниот татко. Целта на истрагата е да се утврди дали компанијата „Организаја Трамп“ манипулирала со проценетите вредности на својот недвижен имот за да добие заеми и даночни олеснувања. Обвинителката […]

САД: Речиси милион случаи на Ковид-19 во еден ден


САД потврдија речиси милион нови случаи на коронавирус во понеделникот, што е најмногу во светот и речиси двојно поголем од бројот постигнат минатата недела, додека високо заразната варијанта омикрон не покажува знаци на забавување.   Бројот на хоспитализирани пациенти е зголемен за речиси 50 отсто во изминатата недела и сега изнесува над 100.000, објавија американските […]

Макрон сака да ги „изнервира“ невакцинираните Французи


Францускиот претседател Емануел Макрон вчера за „Le Parisien“ изјави дека сака да ги изнервира Французите кои не се вакцинирани против Ковид-19 и да го ограничи нивниот пристап до социјалниот живот што е можно повеќе. -Сакам да ги нервирам невакцинираните. Ќе продолжиме да го правиме тоа, до крај. Тоа е стратегијата, рече Макрон, додека во парламентот […]

Бајден ќе ја каже вистината за нападот на Конгресот, Трамп ја откажа прес-конференцијата


САД – Американскиот претседател Џо Бајден со говор ќе ја одбележи годишнината од нападот на Капитол Хил извршен на 6 јануари 2021 од страна на поддржувачите на поранешниот шеф на државата Доналд Трамп, предупредувајќи на заканите за демократијата. Трамп ја откажа прес-конференцијата најавена за утре, повторно напаѓајќи ги демократите и медиумите. Белата куќа соопшти дека Бајден […]

Бајден ги повика Американците да се вакцинираат против Ковид-19


САД – Претседателот на САД, Џо Бајден упати апел до Американците да се вакцинираат против Ковид-19 бидејќи се очекува дополнително зголемување на бројот на новозаболени поради позаразниот сој Омикрон. Тој истакна дека сојот Омикрон е „многу позаразен“ но оти граѓаните можат да се заштитат. – Вакцинирајте се. Примете дополнителна доза. Носете маска во јавност, истакна Бајден. […]

Казахстан зафатен од големи протести поради поскапувањето на горивото


  Големи протести во Казахстан против поскапувањето на пропан-бутанот, главното гориво за автомобилите на многумина во земјата, ја преплавија целата земја, а вечерва дојде до судири со полицијата која употребила шок гранати. Новинарите известуваат дека почнал да се исклучува интернетот и дека биле блокирани независни медиуми Од почетокот на годината цената на гасот се удвои […]

Поланд: Не можеме да го вакцинираме целиот свет на секои шест месеци


Не можеме да ја вакцинираме целата планета на секои шест месеци, тоа не е одржливо, предупреди проф. Ендрју Поланд, претседател на британското JCVI (национално тело за вакцинација и имунизација) во интервју за Телеграф. Поланд верува дека за четвртата доза од вакцината треба да се почека „додека не се појават повеќе докази“ и повика приоритет во […]

Омикрон: „Вирус со најбрзо ширење во историјата“


  Омикрон е вирусот со најбрзо распространување што му е познат на човештвото. Едвај еден месец по неговото откривање во јужна Африка, новата варијанта на корона вирусот веќе е доминантна во земјите ширум светот, со повеќе случаи од кога било досега. „Тоа е неверојатно брзо ширење“, рече лекарот Роби Бхатачарја, експерт за заразни болести во […]