На Путин му е малку и мораториум на членството на Украина во НАТО


  Мораториум на членството на Украина во НАТО нема да ги реши тензиите меѓу Русија и Западот, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, пренесен од ДПА. Зборувајќи на денешниот состанок на рускиот Совет за безбедност во Москва Путин изјави „ние веруваме дека тоа не е отстапка за нас“. Русија сака да спречи нејзината соседка да се […]

Донесени нови санкции во ЕУ против петмина руски граѓани поради анексијата на Крим


Европската Унија усвои нови санкции против Русија попладнево, соопшти Советот на ЕУ. Станува збор за рестриктивни мерки против дополнителни пет лица инволвирани во изборите на руската Дума во септември 2021 во Крим кој ЕУ го смета за нелегална анексија. Овие пет лица ќе бидат предмет на санкции од страна на ЕУ во рамките на постојниот […]

Нова ерупција на вулканот Етна на Сицилија


Нешто повеќе од една недела од последната голема ерупција, вулканот Етна на Сицилија денеска повторно исфрла лава и пепел, оставајќи огромен облак од пепел на небото. Ерупцијата, од југоисточниот кратер на вулканот, создаде облак од пепел  во височина од 12 километри, објави Националниот институт за геофизика и вулканологија во Катанија. На снимките во живо од […]

Путин ќе ја признае независноста на окупираните територии во Украина


Одлуката за признавање на независноста на Народните републики Доњецк и Луганск (ДПР и ЛПР) ќе биде донесена в понеделник, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, пренесе ДПА. Путин ова го изјави по состанокот на Советот за национална безбедност, што во живо беше пренесуван на државната телевизија. Сите учесници на состанокот, вклучувајќи ги и министерот за […]

Лавров в четврток на средба со Блинкен


 Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска соопшти дека ќе се сретне со американскиот државен секретар Ентони Блинкен в четврток во Женева, во услови кога тензиите се зголемуваат поради стравувањата од руска инвазија на Украина. За време на вонредниот состанок на рускиот Национален Совет за безбедност, Лавров рече дека разговарал со Блинкен за безбедносните […]

НАТО почнаа воени вежби во Полска поради тензиите во Украина


Долго планираните воени вежби на НАТО „Saber Strike 2022“ денеска почнаа во Полска, во моменти на ќор-сокакот во односите меѓу Русија и Западот околу Украина, јави ДПА. Во меѓународните воени вежби учествуваат околу 1.300 полски војници, се наведува во соопштението на полската армија. „Тренинг вежбите како „Sabre Strike 2022“ се планирани однапред и не се […]

Италија ги укинува ковид мерките- Наскоро без пропусници и карантин


На туристите треба да им се дозволи влез во земјава без никакви проблеми кон средината на април. Италијанската влада одлучи да укине некои од мерките, како што се карантинот, зелените пропусници и да дозволи влез на странски туристи во земјата кон средината на април. Споменатиот датум е 17 април, токму кога паѓа католички Божиќ.Се чини […]

Кремљ негира дека има „конкретен“ план за самит на Бајден и Путин


  Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот изјави дека сè уште нема планови за нов самит со американскиот претседател Џо Бајден, што е во спротивност со тврдењата на Елисејската палата и Белата куќа, кои во текот на ноќта соопштија дека лидерите „начелно“ се согласиле да се сретнат под услов Русија да не ја […]

Три бури за една недела: Ветар со бризна од 196 km/h во Велика Британија


  Во текот на ноќта од неделата кон понеделникот трета бура за само една недела помина низ Велика Британија. Со налети на ветрот од 140 километри на час, бурата Френклин го продолжи кошмарот низ земјата. Издадени се вкупно 185 црвени предупредувања за веројатни поплави концентрирани во средиштето и во северниот дел од земјата, како и […]

Голем пожар во станбена зграда во германскиот град Есен


Голем пожар утринава избувна во станбена зграда во градот Есен во западниот дел на Германија, а три лица се префрлени в болница поради труење со чад, соопштија денеска локалните власти. Противпожарната служба соопшти дека од зградата се евакуирани околу 100 луѓе. На местото на инцидентот се испратени околу 150 пожариникари за да го изгаснат пожарот. […]

Над 4.000 домаќинства без струја во Северна Ирска поради силно невреме


Над 4.000 домаќинства се без електрична енергија во време кога доаѓа бурата Франклин, носејќи силни ветрови во Северна Ирска, јави Би-Би-Си. Жолтото предупредување за ветер останува на сила, а ќе трае до 13 часот. Силниот дожд, пред доаѓањето на бурата Франклин, предизвика сериозни поплави во делови од Северна Ирска. Секторот за инфраструктура соопшти дека се […]

Зошто Минск-2 не може да ја реши украинската криза?


  Стравот од сеопфатна руска инвазија на Украина повторно ги поттикна обидите на западните престолнини да најдат политичко решение за главниот двигател на кризата – конфликтот во Донбас, кој ги поставува властите во Киев против „Донецката  Народна Република“ (ДНР) и „Народна Република Луганск“ (ЛНР), кои се поддржани од Русија. Конструирана од Русија, оваа војна се […]

Самитот Путин – Бајден нема да се случи пред четврток


Францускиот министер за европски прашања Клемент Бон изјави дека самитот меѓу американскиот и рускиот претседател, Џо Бајден и Владимир Путин, „нема да се случи пред четврток“. Тој ги даде коментарите за француската телевизија LCI. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска треба телефонски да разговара со својот француски колега Жан-Ив Ле Дриан, а в четврток […]

Бајден ќе се сретне со Путин само ако нема инвазија врз Украина


Американскиот претседател Џо Бајден начелно се согласи на средба со рускиот пеф на државата, Владимир Путин се додека Москва не ја нападне Украина, соопшти Белата куќа откако за таква намера првпат беше објавено од Франција. – САД се посветени на дипломатијата до моментот на инвазија. Претседателот Бајден во принцип прифати средба со претседателот Путин… доколку […]

Силен земјотрес на Нов Зеланд, се тресеше главниот град


  Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер го погоди Нов Зеланд денеска, а засега нема извештаи за повредени или за материјална штета. Земјотресот се случил во близина на градот Бленхајм, на длабочина од 30 км, соопшти сеизмолошката служба. Силно ртресење на тлото се почувствувало и во главниот град Велингтон, изјави еден очевидец, за […]

Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ за ситуацијата во Украина


 Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Брисел треба да разговараат за најновите случувања во украинскиот конфликт, по викендот на зголемени тензии во Донбас, каде имаше жртви, пријавени од двете страни, јави ДПА. Зголемениот број на прекршувања на примирјето во источна Украина е предмет на особена загриженост, поради стравувањата дека рускиот претседател Владимир Путин […]

Борел: Ситуацијата во Босна и Херцеговина е критична


Босна и Херцеговина и Украина ќе бидат најгорливите теми на денешниот министерски совет за надворешни работи на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел, пред почетокот на состанокот порача дека Босна и Херцеговина ќе биде една од најважните теми за министрите за надворешни работи на ЕУ денеска. -Босна и […]

Трамп си направи своја социјална мрежа


 Мобилната апликација за пристап до социјалната мрежа „Трут сошл“ (Truth Social), развиена на иницијатива на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, е достапна во „Апстор“ (AppStore) од денеска – 21 февруари. Креаторите на „Трут сошл“ ја лансираат социјална мрежа на националниот празник – Денот на претседателот, кој традиционално се одбележува во третиот понеделник во февруари. Последните […]

Белата куќа „во принцип“ согласна за средба Бајден – Путин, но само „доколку не се случи инвазија“.


Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин начелно се согласија за самит за Украина, со што најверојатно е можен пат за излез од една од најопасните европски кризи во изминатитеите децении. Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон објави во соопштение дека тој им предложил на двајцата лидери самит за „безбедноста и стратешката стабилност […]

Доминиканската Република гради ѕид на границата со Хаити за да спречи нерегулирана миграција и шверц


Доминиканската Влада почна да гради ѕид долг 392 километри што ќе покрива повеќе од половина од границата со Хаити, неговиот единствен копнен сосед, со цел да спречат нерегулирана миграција и шверц на стоки, оружје и дрога. Во првата фаза целта е најдоцна за девет месеци да се изгради ѕид од 164 километри. Бетонскиот ѕид со […]