За Велика Британија ветувањата на Путин кон Макрон се добредојден знак за Украина


Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ветувањата на рускиот претседател Владимир Путин на неговиот француски колега Емануел Макрон се добредојден знак дека тој сепак е подготвен да се вклучи во изнаоѓање дипломатско решение за украинската криза. Според Даунинг стрит, Џонсон разговарал со Макрон по неговиот вчерашен телефонски разговор со Путин и во соопштение се наведува […]

Си-Ен-Ен: САД имаат нови докази за претстојниот руски напад врз Украина


САД располагаат со разузнавачки информации кои укажуваат дека на руските воени команданти им е наредено да извршат напад врз Украина, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на две официјални лица и трет извор со информации од американското разузнавање. Разузнавањето за наредбите на Кремљ до руските тактички команданти и оперативци е еден од показателите што САД ги следат […]

Вонреден состанок на ОБСЕ поради Украина


Полска свикува вонреден состанок на Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) поради честите гранатирања во Донбас, објави постојаниот претставник на Полска во ОБСЕ, Адам Халачински. „На барање на претставништвото на Украина во ОБСЕ, ќе свикам вонреден состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ“, напиша Халачински на Твитер. Тој ги покани специјалниот […]

САД ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Русија поради опасност од напади


Американската амбасада во Русија предупреди на опасност од терористички напади во Москва, Санкт Петербург и долж границата со Украина, јавија американските медиуми. Дипломатската мисија ги повика Американците во Русија да ја напуштат државата. „Постои опасност од терористички напади врз трговски центри, железнички и метро станици и други места за собири на многу луѓе во големите […]

Земјотрес од 5,6 степени го погоди Нов Зеланд


Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтерова скала го погоди денеска Нов Зеланд. Епицентарот на потресот бил во близина на градот Бленхајм на Јужниот Остров, на длабочина од 30 километри, соопшти сеизмолошката служба. Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета. 

Вежби на армиите на САД и на Полска во близина на границата со Украина


Американските војници кои неодамна пристигнаа во Полска почнаа со вежби во близина на границата со Украина, изјави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак. – Во текот на викендот војниците на 18-та механизирана дивизија на полската армија почнаа заеднички вежби во југоисточниот дел на земјата со американски војници од 82-та воздушно-десантна дивизија, напиша Блашчак на Твитер. […]

Бројот на настрадани во поплавите во Бразил се искачи на 152


  Бројот жртви во поплавите и лизгањето земјиште во брзилскиот град Петрополис по обилните дождови се искачи на 152, соопштија властите. Спасувачите и жителите продолжуваат со потрагата по исчезнатите со бушење во калта, во суровата тишина на градот со 300.000 луѓе на југоистокот на земјата, кој бразилскиот претседател Жаир Болсонаро го опиа како воена зона. […]

Силен земјотрес ги погоди Филипините


Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска филипинскиот остров Минданао, соопшти германскиот Истражувачки центар за геолошки науки (ГФЗ). Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 10 километри. Минданао е вториот по големина остров на Филипините, и воедно најјужниот и […]

САД: Русија има 75 отсто од конвенционалните сили насочени против Украина


 Според најновите проценки на американските разузнавачки служби, Русија сега има речиси 75 отсто од своите конвенционални сили насочени против Украина, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски претставник упатен во разузнавачките податоци. Изворот за Си-Ен-Ен изјавил дека концентрацијата на силите на оддалеченост од која може да биде нападната Украина е многу невообичаена и дека тоа е […]

Германија, од крајот на март, од мерки ќе има само носење маски


По 20 март, во Германија ќе престанат да важат повеќето мерки на ограничување поради корона вирусот, со исклучок на носењето маски. Германија во однос на другите европски земји релативно добро помина низ последниот бран од пандемијата, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц. Тој рече дека релаксацијата на мерите во Германија планирано е да се одвива во […]

Елисејска палата: Макрон и Путин за дипломатско решение


Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот руски колега Владимир Путин денеска се договорија да дозволат во наредните часови да се одржи состанок на работната група со цел да се постигне примирје во Украина, соопшти Елисејската палата. Путин и Макрон во телефонскиот разговор силно се обврзаа да ги преземат сите корисни активности за, како што наведува […]

Украинскиот претседател Зеленски повика на итен прекин на огнот


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски повика денеска на итен прекин на огнот во источниот дел на земјата, каде во изминатите денови се интензивираа судирите меѓу проруските и украинските сили. Тој, исто така, нагласи дека Украина ги поддржува мировните преговори во рамки на Трилатералната контакт група (ТЦГ), каде Украина учествува заедно со Русија и Организацијата за […]

Полска свикува вонредна седница на Постојаниот совет на ОБСЕ поради Украина


Полска, која моментно претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), денеска најави дека ќе свика вонредна седница на Постојаниот совет на таа организација поради ситуацијата во Украина. Украина побарала седницата да се одржи утре, се наведува во писмото што на Твитер го објави постојаниот претставник на Полска во ОБСЕ, Адам Халачинские. Западните […]

(Видео) Мистериозни ознаки на руските тенкови кај Украина


На руските тенкови на границата со Украина со бела боја испишана е буквата „З“ (Z), забележаа аналитичарите, што доведе до погаѓање што значи тоа и што симболизира. Снимките од пограничните региони прикажуваат мноштво оклопни возила со ознака “Z”, вклучително и конвојот во Шенекин, само осум километри од украинската граница, пренесе Телеграф. „Се чини дека руските […]

Уште една трагедија во семејството на Берни Медоф, организаторот на една од најголемите финансиски пирамиди во светот


САД- Сестрата на покојниот осуден финансиер Берни Медоф починала, заедно со нејзиниот сопруг, во она што се истражува како можно убиство-самоубиство, според извештајот. Сондра Винер имаше 86 години. Таа и нејзиниот сопруг Марвин Винер беа пронајдени мртви во нивниот дом во Флорида во четвртокот и истрагата беше во тек, објави BocaNewsNow.com во саботата вечерта, цитирајќи […]

Луфтханза и АУА ги прекинуваат летовите за Киев и Одеса


Австрија– Австриската авиокомпанија АУА соопшти дека од утре ќе ги прекине летовите кон Киев и Одеса, а одлуката ќе важи до крајот на февруари. Летовите до Лавов ќе продолжат и во моментов АУА лета на таа линија три пати неделно. АУА нагласува дека безбедноста на патниците и вработените е приоритет и оти состојбата во Украина […]

Бајден свика Совет за безбедност поради Украина


САД – Американскиот претседател Џо Бајден за денеска свика состанок на Советот за национална безбедност на Белата куќа поради ситуацијата во Украина, стои во соопштение за печат објавено од портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. – Утре претседателот ќе свика состанок на Советот за национална безбедност за ситуацијата во Украина, информира таа. – Претседателот Бајден […]

Трамп носел доверливи документи од Белата куќа во својата вила на Флорида


САД – Доверливи документи од Белата куќа, спакувани во 15 кутии, се пронајдени во викендичката на поранешниот претседател Доналд Трамп во Мар-а-Лаго во американската држава Флорида, соопшти Националниот архив на САД. Како што јави Гласот на Америка, наведено е дека целиот случај е проследен до Министерството за правда на САД. Писмото од Националниот архив е испратено до Комитетот […]

Најмалку 138 лица загинаа во свлечишта и поплави во Бразил


Бразил – Бразилските спасувачи вчера открија нови тела под купишта кал во југоисточниот град Петрополис, уништен од поплави и свлечишта во кои, според новиот биланс, загинале 138 луѓе, меѓу кои 26 деца. Обилни дождови наврнаа во вторникот во градот со 300.000 жители, кој се наоѓа на 60 километри северно од Рио де Жанеиро, претворајќи ги улиците во порои […]

Столтенберг: Сè укажува дека Русија планира целосен напад на Украина


Германија– Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг синоќа во Минхен изјави дека сè укажува дека „Русија планира целосен напад“ на Украина, пренесе Бета. – Сите се согласуваме дека ризикот од напад е многу голем“, изјави Столтенберг за германската телевизија АРД во Минхен, каде што учествува на Минхенската безбедносна конференција. Неименуван претставник на Алијансата претходно изјавил дека НАТО […]