Норвешка полиција: Убиецот на петмината со лак и стрела користел и убодно оружје


Норвешка– Норвешката полиција соопшти дека данскиот државјанин, кој минатата недела уби пет лица, а повреди тројца, при нападот, покрај лак и стрела, користел и „убодно оружје“.   Полицискиот инспектор Пер Томас Омхолт рече дека 37-годишниот Еспен Андерсен Братен најверојатно прво ги повредил жртвите со стрели, а потоа ги избодел до смрт со ладно оружје.   …

Норвешка полиција: Убиецот на петмината со лак и стрела користел и убодно оружје Read More »

Над 40 австралиски полицајци одбија вакцинација, суспендирани се и им се заканува отказ


Австралија– Во австралиската држава Викторија, повеќе од 40 припадници на полицијата се суспендирани бидејќи одбиле да се вакцинираат против Ковид-19, поради што им се заканува можност за отпуштање од работа. Имено, во таа земја е воведена задолжителна вакцинација за многу државни и приватни дејности. Само оние вработени кои не можат да се имунизираат поради здравствени …

Над 40 австралиски полицајци одбија вакцинација, суспендирани се и им се заканува отказ Read More »

Јужна Африка засега нема да ја одобри руската вакцина „Спутник V“


Јужна Африка – Јужна Африка денеска соопшти дека засега нема да ја одобри руската антиковид вакцина „ Спутник V“ за итна употреба. Јужноафриканската агенција за лекови (Сахпра) соопшти дека употребата на „Спутник В“ во земјата каде што е широко распространет ХИВ вирусот може да го зголеми ризикот од добивање ХИВ кај вакцинираните мажи. Јужна Африка …

Јужна Африка засега нема да ја одобри руската вакцина „Спутник V“ Read More »

Нуклеарниот отпад ќе остане во германските нуклеарни централи најмалку уште 50 години


Радиоактивниот отпад од високо ниво ќе се складира во германските нуклеарни централи најмалку уште 50 години поради недоволен капацитет за трајно складирање, изјави шефот на комисијата за отстранување нуклеарен отпад. Процесот на складирање отпад во последниот склад ќе биде завршен околу 2080 година, а работниот век на привремените складишта истекува многу порано, предупреди Мајкл Сајлер …

Нуклеарниот отпад ќе остане во германските нуклеарни централи најмалку уште 50 години Read More »

Полскиот премиер и држи лекции на ЕУ од демократија


Полскиот премиер Матеуш Моравјецки во писмо што денеска го испрати до европските лидери предупреди дека постои ризик Европската унија да стане „организација што централизирано се управува од институции без никаква демократска контрола“. Тој смета дека тоа е „опасен феномен што ја загрозува иднината на Унијата“, но исто така нагласува дека Полска ќе остане „лојална членка“ …

Полскиот премиер и држи лекции на ЕУ од демократија Read More »

Русија ги прекинува дипломатските односи со НАТО


Русија од следниот месец ќе ги прекине сите дипломатски односи со НАТО, соопшти Министерството за надворешни работи, предводено од Сергеј Лавров. Москва најави дека целосно ќе ги прекине операциите на својата мисија во НАТО, две недели откако блокот предводен од САД протера осум руски дипломати поради наводна „неоткриена шпионажа“ во седиштето во Брисел. Шефот на …

Русија ги прекинува дипломатските односи со НАТО Read More »

Францускиот амбасадор принуден да си замине од Белорусија


Францускиот амбасадор во Белорусија немаше друг избор освен да ги спакува куферите. Никола де Лакост, всушност, ја напушти земјата, во неделата, 17 октомври, по ултиматумот од Минск. „Амбасадорот Никола де Лакост денеска ја напушти Белорусија“, рече портпаролката на амбасадата. Таа не ја објасни причината што ја даде белоруското министерство за надворешни работи за барање за …

Францускиот амбасадор принуден да си замине од Белорусија Read More »

Колин Пауел умре од Ковид-19 на 84 години


Колин Пауел, поранешниот државен секретар на САД, почина од компликации од Ковид-19 на 84-годишна возраст, беше објавено во понеделникот. Пауел, пензиониран генерал со четири ѕвезди, кој беше клучна фигура во изградбата на инвазијата во Ирак во 2003 година и кој служеше како претседател на здружениот генераштаб во раните 1990-ти, беше лекуван од ковид во националната …

Колин Пауел умре од Ковид-19 на 84 години Read More »

Кинез си ги убил соседите, но многумина се надеваат дека никогаш нема да биде фатен


Оу Џинжонг е во бегство веќе една недела, а е под обвинение дека ги убил своите соседи, а ранил уште тројца други. Полицијата го бара овој 55-годишен Кинез, додека локалната влада понуди парична награда за информации каде се наоѓа или доказ за неговата смрт. потрагата заинтригира милиони Кинези, но не затоа што сакаат да го …

Кинез си ги убил соседите, но многумина се надеваат дека никогаш нема да биде фатен Read More »

ЕУ ќе побара поголема транспарентност за вакцините заради борба против дезинформациите


 Европскиот парламент неделава ќе упати повик за поголема транспарентност во врска со развојот, купувањето и дистрибуцијата на вакцините како противмерка на ширењето дезинформации. Ова е на дневен ред на вечерашната седница на европратениците во Стразбур. Во нацрт-резолуцијата се наведува дека досега податоците дадени од Европската комисија, производителите на вакцини и земјите од ЕУ се недоволни. …

ЕУ ќе побара поголема транспарентност за вакцините заради борба против дезинформациите Read More »

Шестоодделенец пукаше во училиште во Русија


Ученик на возраст од 12 години, утрово пукаше во училиште во градот перм во Русија, но медиумите велат дека бил злоупотребуван. Четири недели по пукањето на Универзитетот во рускиот град Перм на Урал, ученик во шесто одделение во основно училиште почна да пука во училница, во истиот регион. Тој истрелал два куршуми во таванот и …

Шестоодделенец пукаше во училиште во Русија Read More »

(Видео) Во поплавите на југот на Индија загинаа најмалку 24 лица


  Најмалку 24 луѓе загинаа во поплавите на југот на Индија. Подрачјето го погодија силни дождови, што предизвикаизлевање на реките. Меѓ загинатите има и пет деца, а се стравува дека бројот ан смртни случаи може да расте со оглед на тоа што многумина се бводат како исчезнати. #HADROps #KeralaFloods Indian Air Force medium lift helicopters …

(Видео) Во поплавите на југот на Индија загинаа најмалку 24 лица Read More »

Строгите рестриктивни мерки во Оукленд остануваат во сила уште две недели


Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн соопшти дека заклучувањето во најголемиот град во земјата, Оукленд, ќе остане во сила уште две недели. – Нема да има промени во рестриктивните мерки воведени во Оукленд пред повеќе од два месеци, рече Ардерн на прес-конференција и нагласи дека рестриктивните мерки во Оукленд се најстрогите меѓу земјите на Организацијата …

Строгите рестриктивни мерки во Оукленд остануваат во сила уште две недели Read More »

Кина тестирала нова хиперсонична ракета


Кина во август тестирала нова хиперсонична ракета, јави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неколку извори. Ракетата со нуклеарен капацитет кружела над Земјата во ниска орбита пред да забрза кон својата цел, „демонстрирајќи напредни вселенски способности што ги изненадија САД“, велат изворите. Три извори запознаени со разузнавачки извештаи за Фајненшл Тајмс изјавиле дека ракетата ја промашила …

Кина тестирала нова хиперсонична ракета Read More »

Во Португалија, практично, не остана никој за вакцинирање


Португалскиот здравствен систем беше пред колапс. Болниците во главниот град Лисабон беа преполни, а властите апелираа до сите што може да се лекуваат дома. Во последната недела од јануари, речиси 2.000 луѓе починаа во нов бран на коронавирусот. Програмата за вакцинација во оваа земја беше скоро непостоечка, па владата се обрати до вицеадмиралот Енрике Гувеја …

Во Португалија, практично, не остана никој за вакцинирање Read More »

Од почетокот на пандемијата со корона вирусот се заразиле повеќе од 240 милиони луѓе ширум светот


Најмалку 4.891.684 луѓе починале од корона вирусот, а 240.314.450 се заразиле од почетокот на пандемијата на Ковид-19. Според Универзитетот Џонс Хопкинс, САД се најтешко погодената земја по бројот на смртни случаи и заразени со 724.153 смртни случаи и 44.916.462 заразени. По САД, најтешко погодени земји се Бразил со 603.152 смртни случаи и 21.638.726 заразени, Индија со 452.124 смртни случаи …

Од почетокот на пандемијата со корона вирусот се заразиле повеќе од 240 милиони луѓе ширум светот Read More »

Скандинавски авиокомпании укинуваат задолжително носење маски на летови меѓу Данска, Норвешка и Шведска


Четири скандинавски авиокомпании од денеска го укинаа барањето за носење маски за време на летовите меѓу Данска, Норвешка и Шведска, јави ДПА, истакнувајќи дека нивото на вакцинација во земјите од регионот е меѓу највисоките во светот. Скандинавските авиокомпании (SAS), Norwegian, Flyr и Wideroe ги укинуваат своите строги барања за носење маски за време на летовите. …

Скандинавски авиокомпании укинуваат задолжително носење маски на летови меѓу Данска, Норвешка и Шведска Read More »

Во ново пукање на универзитет во Луизијана, едно лице е убиено, а седум се повредени


Едно лице е убиено, а седум други се повредени во пукање на Универзитетот Грамблинг во Луизијана. Тоа е втор таков фатален инцидент во кампусот за помалку од една недела, соопшти универзитетот. Еден од повредените е студент на универзитет, додека другите не се, објави универзитетот на Твитер. Пукањето се случи вчера, околу еден часот по полноќ. …

Во ново пукање на универзитет во Луизијана, едно лице е убиено, а седум се повредени Read More »

Фумио Кишида: Отстранувањето на отпадните води од нуклеарната централа Фукушима не може да се одложи


Новиот јапонски премиер Фумио Кишида рече дека отстранувањето на отпадните води од нуклеарната централа Фукушима, оштетена во 2011 година за време на земјотрес и цунами, не може да се одложи и покрај загриженоста на локалното население. Во говорот за време на неговата прва посета на објектот откако ја презеде функцијата, премиерот Кишида рече дека неговата …

Фумио Кишида: Отстранувањето на отпадните води од нуклеарната централа Фукушима не може да се одложи Read More »

Три лица загинаа во САД, полицаец се бранел од напад со нож


Најмлаку тројца се убиени во инцидент во Арканзас, САД, кога полицаец пукал бранејќи се од напад со нож, соопшти Полицијата. Меѓутоа, тие не изнесоа повеќе детали за тоа што точно се случило, ниту за начинот на кој луѓето се убиени и што довело до тоа полицаец од Форт Смит да пука од пиштол, пренесе АП. …

Три лица загинаа во САД, полицаец се бранел од напад со нож Read More »