Кинез си ги убил соседите, но многумина се надеваат дека никогаш нема да биде фатен


Оу Џинжонг е во бегство веќе една недела, а е под обвинение дека ги убил своите соседи, а ранил уште тројца други.

Полицијата го бара овој 55-годишен Кинез, додека локалната влада понуди парична награда за информации каде се наоѓа или доказ за неговата смрт.

потрагата заинтригира милиони Кинези, но не затоа што сакаат да го видат зад решетки, туку напротив, многумина отворено се надеваат дека тој нема да биде фатен, пишува Си-ен-ен.

„Вукјо, бегај. Се надевам дека ќе ја пронајдеш среќата на крајот од својот живот“, пишавба меѓу бројните коментари на социјалните кинески мрежи. Изрази на сочувство и поддршка се необични, за наводниот убиец, со оглед на тоа што за неговото злодело во Кина се казнува со смрт.

Според полицијата, Оу е главен осомничен за убиствата извршени на 10 октомври.

Кои се жртвите?

Меѓу жртвите се четири генерации од едно семејство. Убиени се 70-годишник и неговата снаа, а сопругата, 30-годишниот внук и 10-годишниот правнук се ранети.

Во недостаток на официјални информации, кинеските медиуми и јавноста се користат со информации добиени од соседите.

Се користат неговите објави на Веиб (кинески пандан на Твитер) и претходните медиумски извештаи, за да се состави приакзната.

Медиумите тврдат дека Оу бил обичен човек кој бил турнат на раб на очај, поради повеќегодишен станбен спор. Јавното сочувство дополнително нарасна откако се појавија информации дека пред три децении тој спасил момче од давење и два делфина кои заринкале на брегот во 2008 година.

Многумина ја обвинуваат локалната власт и државата затоа што Оу од спасител премина во обвинет за убиство. Други тоа го гледаат како одраз на неуспехот на правниот и бирократксиот систем на земјата, злошувањето на слободата на медиумите и сакатењето на цивилното општество. Некои предупредуваат, ако не се сменат работите, вакви примери следуваат во иднина.

Што претходи на убиствата?

Реќиси пет години Оу и неговата мајка (89) живееле во мала лимена колиба во приморско село. Според објавите на Веибо, Оу повеќепати бил спречен да изгради куќа поради земјишни спорови со својот сосед, кои залудно се обидувал го реши.

Почнало во 2017 година, кога Оу ја урнал својата стара куќа и се обидел да изгради нова. Тој добил дозвола за градба, па ја срушил старата, трошна куќа. Но, неговиот сосед, наводно, го спречувал во градежните работи. Оу барал помош од полицијата, локалните власти, владата медиумите, но проблемот не се решил. Еден локален функционер потврдил дека имало спорови околу земјиштето, но дека никогаш не се решиле.

По години фрустрации последната капка прелеала, на 10 окотовмри, кога тајфун го однел лимениот покрив на колибата која Оу ја изградил за привремено да престојуваат со мајка му додека изгради нова куќа. Скршениот лим паднал во дворот на соседот, а која Оу влегол да го земе ситуацијата ескалирала. Властите не открија детали за наводните убиства и не е јасно што затекнале полицајците на местото кога дошле во куќата.

Кога се проширила веста, не интерент се појавиле фотографии од колибата на Оу, а многумина биле шокирани од нејзината состојба. Исечениот лим открил металенк остур на колибата, и ѕидови обложени со црна пластика за заштита од ветар. Колибата стои сред рушевини, наспроти четирикатната куќа на соседот. Условите во кои живееле Оу и неговата мајка довеле до сочувство кај сите кои гипогледнале фотографиите. Оу во 2019 година ја изградил таа колиба за да има каде да се засолнат со неговата мајка.

Негов роднина тврди дека не бил насилен, ниту имал политички врски. Дека дома имал картонче од кутија цигари со запишани броеви од локалните ограноци на Комунистичката партија, владини институции, државни медиуми и разни телефонски линии на дошепнувачи, пишува „Бежинг њус.“

„Нормално општество не треба да натера граѓанин кој инаку почитува закони да направи злосторство. Ако биле исцрпени сите правни средства и уште не може да ги брани своите легитимни права, нивното решение неизбежно ќе доведе до сеопфатно сочувство“, напиша еден корисник на Веибо.

Фрустрација и очај

Негвоата фрустрација детлано е опишана на неговиот профил на Веибо, кој го отворил на почетокот на годинава со цел да предизвика внимание.

„Зар владата не би требало да ги заштити обичните луше? Зошто богатитње и моќните се арогантни?3, напишал тој, а со тагови ги поврзал сите релевантни институции.

„постојано се случува чесни луѓе да се однесуваат според правилата, но законот никогаш нема да застане на нивна страна. Се надевам дека некој ќе ми каже кому треба да се обратам. Ги посетив сите покраински и општински канцеларии и не добив никаков одговор. Ве молам да ми го поажете патот“, напишал Оу.

Неговите објави предизвикале мало внимание, но по убиствата на 10 октовмри, неговиот случај ги полни насловните страници на сите весници, а по социјалните медиуми се води жестока расправа.


Стотици припадници на екипи за трагање го бараат Оу по околните планини, каде е виден последен пат. На снимки од безбедносни камери се гледа како оди поднаведнат по патот, се додека не се изгупи од видик. На 12 октомври исчезна и неговиот профил на Веибо.

На истата мрежа се појави хаштаг со неговото име, но до 13 и тоа беше тргнато.

Локалните власти ан 13 октомври објавија награда осд 3.100 долари за снимка од Оу или информација која ќе доведе до негово апсење и 7.765 долари за доказ за негова смрт.

„Паричната награда за откривање на телото е поголема од онаа за жив човек? Дали ова навистина е објава на локалните власти?“, се прешува еден корисник на Вичет. „Тоа е затоа што мртво човек не може да зборува.“, му враќа друг.

Судири околу земјиште во руралните делови на Кина не се реткост, а според адвокат кој на многумина им помогнал да ги остварат правта, ова е лекција за локалните власти: ако не обрнат внимание на споровите и тужбите на луѓето, ситуацијата може да ескалира.

„Во случајот на Оу, кое и да е владино тело да му прискокнело во помош, не би завршило со убиства“, вели тој.

Додека потрагата продолжува, некои бараат од него да се предаде, меѓу кои и човекот кој тврди дека Оу го спасил од морето како момче пред 30 години.

„Ме боли што гледам што се случило. мој впечаток е дека Оу е добар и чесен човек. Се надевам дека ќе се врати и ќе се предаде, не е лесно да се живее во планините. Не може засекогаш да се крие3,. вели тој во видео објава.