Ниеден цивил не е повреден во Буча, тврди рускиот амбасадор во ОН


  Рускиот амбасадор во ОН инсистираше на тоа дека нема повредени цивили за време на едномесечната руска окупација на украинскиот град Буча – и ја обвини Украина за фабрикување докази. Како што објавија светските медиуми, телата на десетици цивили, како и масовна гробница се пронајдени по повлекувањето на руските трупи. Но, говорејќи на прес-конференција во […]

Ужасите на Буча (галерија)


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го посети градот Буча во близина на Киев, додека продолжуваат да се појавуваат повеќе докази за злосторствата направени од руските инвазиски сили. Тој го разгледа патот на кој руска колона била нападната од заседа и разговараше со локалните жители. Тој повтори дека Русија извршила воени злосторства и геноцид во […]

Германија протера 40 руски дипломати


Германија– Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја објави одлуката за протерување на 40 руски дипломати, вработени во руската амбасада во Берлин, како „персона нон грата“. Германија протера „значителен број“ руски дипломати, што шефицата на германската дипломатија го нарече одговор на „неверојатната бруталност“ што Кремљ ја спроведе во Украина. Овој потег на Германија следува […]

Русија загубила три пати повеќе воена опрема од Украина


  Русија изгубила повеќе од три пати повеќе воен хардвер од Украина во првите 40 дена од војната, според сајтот за воена анализа. Потпирајќи се на видео и фотографски докази за уништена, напуштена или заробена опрема, „Орикс“ откри дека Русија изгубила 2.406 парчиња воена опрема – вклучувајќи тенкови, оклопни возила и воени авиони – во […]

СЗО: Околу 99 отсто од светската популација дише воздух со лош квалитет


Околу 99 отсто од светската популација дише воздух што ги надминува границите за квалитет на воздухот на Светската здравствена организација, а луѓето во земјите со низок и среден приход се најмногу изложени на загадување, покажува најновата база на податоци на агенцијата на ОН. Извештајот на агенцијата вклучува податоци за загадувачите на воздухот, како што се […]

Што вели Русија за убиствата на цивилите околу Киев?


  Се зголемуваат доказите за очигледните руски злосторства во Украина. Киев ги обвини руските војници за „намерен масакр“ откако на улиците во Буча беа пронајдени телата на најмалку 20 лица облечени во цивилна облека. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги опиша наводните злосторства во Буча како „чин“ што бил „инсцениран“ неколку дена по […]

Сведоштва од Буча: Луѓето плачеа кога ќе видеа леб, секој ден некој требаше да биде погребан


  Ако сакате да ја дознаете приказната зад мртвите тела, прочитајте го интервјуто со локалниот жител, Владислав Козловски, што го пренесува истражувачката мрежа „Белингкет“, кој бил очевидец на егзекуциите на локалните жители во Буча и живеел во окупираниот град еден месец. Со нив се криел во засолништето од бомби додека не дошле руските војници и […]

Германија до граѓаните со руско потекло: Не наседнувајте на пропагандата на Кремљ


 Германската влада ги предупреди граѓаните со руско потекло во Германија да не наседнуваат на пропагандата на Кремљ. Владата ги повика граѓаните со руско потекло да се информираат од независни извори за војната во Украина. „Никој не треба да верува во кампањата за дезинформации на руските државни медиуми, кои известуваат цинично и со презир кон жртвите“, […]

Откриена уште една масовна гробница во близина на Киев


  Масовна гробница со тела на најмалку 20 цивили, вклучително и градоначалничката и нејзиното семејство, е откриена во близина на украинскиот главен град Киев како најнов доказ за руските воени злосторства. Јамата е откриена во шума во близина на градот Мотижин, околу 35 километри западно од градот Буча, каде што е пронајдена друга масовна гробница, […]

Кремљ ја осуди намерата на Полска  да дозволи поставување нуклеарно оружје


Кремљ денеска ги осуди коментарите на лидерот на полската владејачка партија Јарослав Качински, кој изјави дека Варшава ќе биде отворена за инсталирање американско нуклеарно оружје на своја територија и го поздрави зголемувањето на бројот на американски војници во Европа за 50 отсто. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков оцени дека таквиот потег само ќе доведе до […]

Русија изгуби супермодерен авион „сухој-35“ вреден 80 милиони долари


  Еден од најмодерните руски борбени авиони, „сухој Су-35“, се урна во близина на Изјум во источна Украина, на околу 120 километри југоисточно од Харков, пишува The Aviationist. Украинците тврдат дека тие го собориле авионот, но оваа информација засега не е потврдена. Пилотот навреме се катапултирал од авионот и набрзо бил заробен од украинските сили. […]

Масакрот во Буча го шокираше светот, се зголемува гневот против Русија


  БУЧА – Русија се соочи со нов бран осуди во понеделникот, откако се појавија докази за намерни убиства на цивили во Украина. Некои западни лидери повикаа на дополнителни санкции како одговор на наводните злосторства, додека Москва продолжи со својата офанзива на истокот на земјата. Германскиот министер за одбрана предложи Европската унија да разговара за […]

ЕУ со помош од 17 милијарди евра за бегалците од Украина


ЕУ донесе одлука да пренасочи дека од своите кохезивни фондови за помош на бегалците од Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Законските измени се усвоени денеска во Советот на ЕУ и ќе овозможат пренасочување на дел од кохезивните фондови на ЕУ и од средствата од Европската помош за најранливите кон лицата кои бегаат од […]

Блинкен и Столтенберг се воздржуваат од означување на акциите на Русија „геноцид“


Високи претставници на САД и НАТО одбија  да ги означат активностите на Русија во Украина како „геноцид“, барем не сè уште.На прашањето дали агресијата на Москва е еднаква на геноцид, државниот секретар Антони Блинкен рече: „Ќе погледнеме добро, ќе документираме сè што ќе видиме“ и „ќе го собереме сето тоа“ за „релевантните институции и организации“. […]

Орбан веќе ја постави сцената за нови битки со ЕУ


  БУДИМПЕШТА – Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе остане на главната маса на ЕУ – што значи повеќе судири околу основните вредности на блокот и поголем притисок за да се заземе цврст став кон Москва. Десничарскиот популистички лидер го освои четвртиот последователен мандат на изборите во неделата, при што неговата владејачка партија Фидес ќе заземе […]

Ходорковски: Путин ќе ги нападне балтичките земји


САД- Протераниот руски олигарх Михаил Ходорковски изјави во интервју за Си-Ен-Ен во неделата дека следниот чекор во војната на Владимир Путин може да биде инвазијата на балтичките земји Естонија, Латвија и Литванија. „Мораме да разбереме дека Путин во неговата глава војува не со Украина. Тој е во војна со САД и НАТО“, рече Ходорковски. „Тој […]

Одеса минатата ноќ била цел на руски напади


Пристанишниот град Одеса на југот на Украина беше цел на руски воздушни напади во текот на ноќта, изјави утринава претставникот на оперативниот штаб на Регионалната воена управа на Одеса, Сергеј Брачук. – Врз еден од окрузите на Одеса беа лансирани неколку проектили, и погоден е еден објект, рече Брачук, пренесува Си-Ен-Ен. Руските сили ракетираа складиште за гориво […]

Захарова: Снимките од Буча се „нарачка“ од САД и НАТО


Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека снимките од загинатите цивили во Буча биле „нарачани“ од САД како дел од заговорот да се обвини Русија, јавува Скај Њуз. – Кои се господарите на провокациите? Се разбира, САД и НАТО, изјави портпаролката на Министерството Марија Захарова во интервју за државната телевизија доцна синоќа. Таа вели дека […]

ЕУ в среда ќе разговара за уште еден пакет санкции против Русија


Европската унија размислува за дополнителни санкции против Русија и релевантните предлози ќе бидат разгледани в среда, објави Фајненшл тајмс. „Понатамошни санкции и поддршка од ЕУ се на пат“, соопшѓти синоќа претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел преку Твитер, како реакција на настаните во Буча. „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека се очекува […]

Орбан го нарече Зеленски „противник“ 


Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кого западните медиуми го квалификуваат како про-Путин, прогласи победа на националните избори во земјата, обезбедувајќи четвр последователен мандат на власт. – Оваа победа треба да се памети, можеби дури и до крајот на нашите животи, затоа што имавме најголем (број на противници] кои требаше да ги совладаме, изјави Орбан, пренесува „Гардијан“. […]