Над 10.000 Украинци влегле во Франција од почетокот на руската инвазија


Франција– Над 10.000 Украинци влегоа во Франција од почетокот на руската инвазија, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен за францускиот медиум РТЛ. Министерот појасни дека украински државјани може да влезат во Франција без виза. Голем дел од оние кои влегле во државата, продолжиле кон Шпанија. – Сигурно десетици илјади Украинци ќе пристигнат во […]

Баришников: Не е правилно за гревовите на Путин да плаќаат уметниците


Познатиот танчер Михаил Баришников (74) бара луѓето да не ги обвинуваат руските изведувачи за ужасите на војната во Украина. Михаил Баришников се залага за руските уметници и спортисти кои трпат притисоци по разорните напади на претседателот Владимир Путин врз Украина. Познатиот танчер, кој е роден во Советскиот Сојуз а пребегна во Канада во 1974 година, […]

Украинските војници ја одбија руската понуда да се повлечат од Мариупол


ЛВИВ, Украина – Украинските власти пркосно го отфрлија руското барање нивните сили во Мариупол да го положат оружјето и да кренат бели знамиња во понеделник во замена за безбедно поминување од опколеното стратешко пристаниште. Според украинските официјални лица, Русија го опколила јужниот град на Азовското Море, напаѓајќи притоа уметничко училиште во кое се засолниле околу […]

Најголемите жртви на руската инвазија: Во болниците се почесто ранети деца


Украина- Иако поголем број градови во Украина се зафатени од војната, ситуацијата во Мариупол може да се оцени како најтешка доколку се земе во предвид дека руската војска веќе со недели потполно го блокира ова место. Оние кои во секоја војна најмногу страдаат поради „иргите“ на возрасните секако се децата, а новинари на Би-би-си ја […]

Руските трупи заглавија пред Киев, расте бројот на загинати во бомбардирањето врз трговски центар


Најмалку шест лица загинаа во синоќешниот бомбашки напад врз трговски центар во главниот град на Украина, Киев. Шест тела беа положени пред трговскиот центар Ретровил во северозападната област Подилски, јавија агенциите. Нешто пред 23 часот, 10-катницата ја погоди силна експлозија, која уништи возила на паркингот и остави кратер широк неколку метри. Изгорениот трговски центар се […]

Украина го одби рускиот ултиматум за предавање на Мариупол


Поминаа неколку часа од крајниот рок што Русија и го постави на Украина да се откаже од опколениот пристанишен град Мариупол, во кој, според наводите, 300.000 луѓе беа заробени со сè помали резерви на храна и вода. Руската војска во понеделникот (21-ви март) ѝ даде на Украина до пет часа московско време (три часа по […]

Британија: Руските сили постигнаа мал напредок во текот на изминатата недела


Британското Министерство за одбрана извести дека руските сили кои напредуваат од Крим се уште се обидуваат да го заобиколат Миколајев додека се обидуваат да се упатат на запад кон Одеса, додавајќи дека руските сили постигнале мал напредок во текот на изминатата недела. „Блокадата на украинскиот брег веројатно ќе ја влоши хуманитарната ситуација во Украина, спречувајќи […]

Русија и Украина ги продолжуваат мировните преговори


Се очекува денеска да се сретнат делегациите на Украина и Русија на нова рунда преговори, јави ДПА. Двата преговарачки тима сакаат дискусиите, што ќе се водат преку видео врска, да започнат утрово. Според Михаило Подолјак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски „работните групи од двете страни работат интензивно“. Последните украинско-руски разговори на високо ниво се […]

Моментално мала е надежта за мирно решение во Украина, вели амбасадорката на САД во ОН


Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, изјави дека во моментов мала е надежта дека преговорите би можеле да донесат окончување на војната во Украина. Таа смета дека мали се шансите за пресврт. „Ги поддржавме преговорите што Зеленски се обиде да ги одржи со Русија, велам се обиде затоа што се чини преговорите се еднострани, […]

 Бајден ќе ја посети Полска, Белата куќа негира планови за посета на Украина


Американскиот претседател Џозеф Бајден в петок ќе отпатува за Полска на разговори со полскиот претседател Анджеј Дуда посветени на украинската криза, соопштои Белата куќа. Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, рече дека Бајден ќе отпатува во Полска за да разговара за „хуманитарната криза и кризата во човековите права создадени од неоправданата, неиспровоцирана војна на Русија […]

ЕУ разгледува нови санкции, па и нафтено ембарго кон Москва


Владите на државите-членки на ЕУ ќе ја разгледаат можноста за воведување ембарго на нафта кон Русија поради инвазијата врз Украина. Европските лидери оваа седмица ќе се сретнат со американскиот претседател Џозеф Бајден на серија средби посветени на западните санкции против Москва. ЕУ веќе воведе серија рестриктивни мерки против Москва, вклучително и замрзнување на средствата на […]

Зеленски: Ерусалим е вистинското место за преговори


Украинскиот претседател Володимир Зеленски навести дека преговорите на високо ниво меѓу Москва и Киев може да се одржат во Ерусалим. Зеленски во видео обраќање до граѓаните ги пофали напорите на израелскиот премиер Нафтали Бенет да ја преземе улогата на посредник. Тој изјави дека Израел вложува многу напори за организирање мировни преговори меѓу Русија и Украина. […]

Португалските острови ги погодија 90 земјотреси за 24 часа


Властите на португалските Азорски Острови се во дополнителна готовност, откако 90 помали земјотреси го погодија островот Сао Хорхе во Атлантскиот Океан за 24 часа, иако нема извештаи за причинета материјална штета. Последен пат вулканот Урзелина на Сао Хорхе исфрли лава во 1808 година, а Цивилната заштита на Азорските Острови побара мислење од експерти од регионалниот […]

Русија постави рок за предавање на Мариупол


Русија – Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина има рок до утре во раните утрински часови да даде одговор за предавање на Мариупол, објавија западните медиуми, повикувајќи се на руската агенција РИА Новости. Од 10 до 12 часот по локално време, руската страна предлага да се организира излез на украинските војници и странските платеници без […]

Џонсон вети континуирана воена поддршка за Украина


Англија – Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека ќе ја продолжи воената поддршка за Украина во денешниот телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски. – Премиерот ја истакна тековната посветеност на Велика Британија да работи заедно со меѓународните партнери за да ја координира поддршката за зајакнување на самоодбраната на Украина, се наведува во соопштението на Даунинг […]

Покајнички исповеди на заробени руски војници: „Путин е лажго и измамник“


  Руски војници кои беа заробени од украинските сили го повикаа својот народ да се крене против претседателот Владмир Путин и тврдеа дека нивните убиени колеги војници се закопуваат  во масовни гробници. Група руски војници зборуваа против нивната влада за време на прес-конференцијата со новинската агенција Интерфакс-Украина, велејќи им на сограѓаните да „не гледаат во […]

Дел од работниците ја напуштија нуклеарката Чернобил, ги заменија доброволци


Украина– Дел од работниците на неоперативната нуклеарна централа Чернобил денеска го напуштија објектот по повеќе од три недели, јави Би Би Си. Вкупно 64 работници заминаа дома, а нив ги заменија 46 доброволци. Околу 200 работници и припадници на Украинската национална гарда беа блокирани во нуклеарната централа од 24 февруари, првиот ден од војната, кога […]

Влезот на Финска во НАТО може да ги зголеми тензиите


Финска– Финскиот претседател Саули Нинисто предупреди дека аплицирањето на неговата земја за членство во НАТО би претставувало „голем ризик“ што може да ги зголеми тензиите во Европа и дека Финска бара начини да ја подобри безбедноста по рускиот напад врз Украина. Тој истакна дека членството во НАТО е една од двете главни алтернативи на Финска […]

Човечки бран на тага: 750.000 луѓе на погребот на ултраортодоксен рабин на Израел


  Масовни толпи денеска ги преполнија улиците на еден израелски град за да присуствуваат на погребот на еден од најистакнатите ултраортодоксни рабини во земјата. Рабинот Хаим Каниевски, кој беше еден од највлијателните учители во верската заедница на Израел, почина во петокот на 94-годишна возраст. Рабинот беше погребан на Бнеи Брак, претежно ултраортодоксниот град во близина […]

Нови мерки против Русија доколку употреби хемиско оружје


САД– Русија ќе се соочи со дополнителни мерки од САД доколку употреби хемиско оружје при нападите врз Украина, предупреди денеска американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд. – Русите се тие кои употребувале хемиско оружје и ние сме загрижени дека би можеле да го употребат истото оружје и во Украина. Бевме јасни дека ако ескалираат […]