Се вакцинирал 90 пати против Ковид-19 за да продава вакцинални пасоши


Шеесетгодишен маж се вакцинирал во Германија десетици пати против Ковид-19 за да продава лажни картички за вакцинација со реални броеви на вакцини на луѓе кои не сакаат самите да се вакцинираат. Германецот од градот Магдебург, чие име не е објавено во согласност со германските правила за приватност, примил до 90 вакцини против Ковид-19 во центрите […]

Макрон бара нови санкции за Русија


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека треба да се воведат дополнителни санкции спрема Русија, откако Украина ги обвини руските сили за убивање цивили во украинскиот град Буча. „Постојат многу јасни индиции за воени злосторства. Во Буча беше руската армија“, изјави Макрон за „Франс Интер“ по откривањето на масовните гробници и стотиците загинати северозападно од […]

Убиена украинска градоначалничка: Ја стрелале нејзе, синот и сопругот и ги фрлиле во јама


  Градоначалничката на Мотижин, кој се наоѓа на 50 км од Киев, убиена е во класична егзекуција со сопругот и синот, рече еден жител за Асошиејтед прес. Олгха Сукенко и нејзиното семејство стрелани се и фрлени во јама во шума зад три куќи во кои спиеле руски војници. Четвртото тело уште не е идентификувано. Било […]

Хјуман рајтс воч документиралe „очигледни воени злосторства“ во Украина


Групата за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч (ХРВ) синоќа соопшти дека документирала „очигледни воени злосторства“ извршени од руските сили врз цивилите во Украина, пренесува Скај њуз. ХРВ соопшти дека открила „неколку случаи“ на воени прекршувања во Чернихив, Харков и Киев. – Случаите што ги документиравме претставуваат неискажлива, намерна суровост и насилство врз украинските […]

Украински државен обвинител: Пронајдени 410 тела во рамки на истрагата за воени злосторства


Вкупно 410 тела се пронајдени во градовите во близина на Киев, како дел од истрагата за можни воени злосторства извршени од страна на Русија, изјави државниот обвинител на Украина. Градоначалникот на Буча, ослободен град на 37 километри северозападно од Киев, соопшти дека 300 жители биле убиени од руските сили додека чеченските борци ја контролирале областа. […]

Зеленски бара да бидат запрени руските „воени злосторства“ по пронајдените масовни гробници во Буча


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање побара да бидат запрени руските „воени злосторства“, јави Би-Би-Си. Москва негира дека руската војска стои зад убиствата на цивилите во Буча. Неговото обраќање дојде по извештаите за десетици тела пронајдени на улиците и масовните гробници во украинскиот град Буча. – Светот веќе виде многу воени злосторства. Во различни […]

Кина испраќа војници и лекари во Шангај за да тестираат 26 милиони луѓе за Ковид-19


Кина испрати војска и илјадници здравствени работници во Шангај, со цел да помогнат во спроведувањето тестови за Ковид-19 за сите 26 милиони жители на градот. Денеска повторно е забележан пораст на бројот на заразени со коронавирус. Над 2.000 лица – медицински персонал од војската, морнарицата и заедничките сили за логистичка поддршка на Шангај, беа испратени […]

Киев: Русија мобилизира уште 60.000 војници


Украинската војска штотуку го објави својот оперативен извештај за 6 часот утринава, тврдејќи дека Русија започнала „скриена мобилизација“ од околу 60.000 војници за да ги надополни единиците по загинатите војници во Украина. „Вооружените сили на Руската Федерација планираат да ангажираат околу 60.000 луѓе за време на мобилизацијата“, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили. Официјални лица […]

Орбан со нова победа, води со 56 отсто од гласовите


По пребројувањето на повеќе од половина од гласовите на унгарските парламентарни избори владеачката партија на премиерот Виктор Орбан, Фидес, води со 56 отсто, што е  сигнал дека проблематичниот лидер во  ЕУ  е уште пред една победа која ќе му обезбеди четврти мандат на чело на унгарската влада.  Второпласирана е опозициската коалиција на Петер Марки Зеј […]

Повеќе од половина милион луѓе се вратиле во Украина


 Повеќе од половина милион луѓе се вратиле во Украина од почетокот на руската инвазија, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи. „Минатата недела 144.000 луѓе ја напуштија Украина, а дојдоа 88.000. Вкупно околу 537.000 наши сонародници се вратија во Украина“, соопшти Министерството, повикувајќи се на податоци од Државната гранична служба. Високиот комесаријат за бегалци на ОН […]

Заврши гласањето за парламентарните избори во Унгарија


 Во 19 часот официјално заврши гласањето за парламентарните избори во Унгарија. Во Будимпешта се гласаше во 3.154 избирачки места и 23 области, јави агенцијата МТИ. Резултатите од изборите ќе бидат објавени кога ќе се пребројат гласовите во сите изборни единици. Излезноста на парламентарните избори  до 15 часот беше 52,75 отсто од запишаните избирачи, а очекувањата се таа […]

Блинкен: Оние кои ги извршија убиствата во Буча ќе одговараат за воени злосторства


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека фотографиите од големиот број Украинци убиени во Буча се ужасни и дека оние што ги извршиле тие убиства ќе одговараат за воени злосторства. „Не смееме да го нормализираме ова. Ова е реалноста на она што се случува секој ден додека руската бруталност над Украина продолжува“, изјави Блинкен за […]

Бербок: Русија мора да плати за своите воени злосторства


Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок денеска изјави дека Русија мора да плати за своите, како што рече, „воени злосторства“ во украинскиот град Буча, недалеку од главниот град Киев, во форма на построги санкции. „Сликите од Буча се неприфатливи, нескротливото насилство на Путин ги брише невините семејства и не познава граници. Одговорните за овие воени […]

Русија негира дека нејзини војници убиле стотици цивили во Буча


Руското Министерство за одбрана ги отфрли тврдењата на Украина дека стотици цивили биле убиени од руските војници во Буча.Бројните фотографии и видеа објавени од Украина ги нарече провокација, тврдејќи дека сите нејзини единици го напуштиле градот во средата.   Претходно денеска, францускиот претседател Емануел Макрон порача дека руските власти ќе мора да одговараат за овие […]

Песков се теши: Не може да има целосна изолација на Русија


 Кремљ соопшти дека не е можно целосно да се изолира Русија, додека Западот продолжува да наметнува санкции против Москва, пренесуваат странските агенции. „Не може да има целосен вакуум или изолација на Русија, тоа е технолошки невозможно во современиот свет. Светот е многу поголем од Европа. Порано или подоцна ќе треба да изградиме дијалог, без разлика […]

Украинци отруле руски војници со храна


Двајца руски војници загинаа, а 28 се тешко болни откако украински цивили им дадоа отруени колачи, тврди Украинската разузнавачка агенција. Војниците од 3-та руска дивизија  починале веднаш откако ја јаделе храната во Изиум, Харков, објави главната управа за разузнавање на земјата преку објава на Фејсбук. Уште 28 војници се на интензивна нега по труењето, додека […]

Пукање во Калифорнија, шестмина загинати во центарот на Сакраменто


Најмалку шест лица загинаа, а девет се повредени во инцидент со пукање во центарот на Сакраменто, Калифорнија, соопшти полицијата. Полициската управа на Сакраменто соопшти дека пукањето се случило рано утринава. Засега не е познато во каква состојба се повредените. Како што јавуваат медиумите, маж од автомобил отворил оган кон луѓето во близина на ресторанот „Ел […]

Буча како Сребреница: Цивилите врзувани и ликвидирани


 Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко  ја обвини Русија дека во Буча, која штотуку е ослободена од украинските сили, се најдени мртви тела по улиците и масовна гробница со скоро 300 лица.  „Она што се случи во Буча и другите предградија на Киев може да се опише само како геноцид. Тоа е брутално воено злосторство за […]

Никифоров: Руските војници се повлекуваат од Киев и подготвуваат за нова офанзива на исток


Портпаролот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Сергеј Никифоров, денеска повтори дека руските војници го напуштиле регионот на Киев и рече дека Москва ги повлекува своите сили во Белорусија, како и дека се подготвува за нова офанзива во источна Украина. „Тие се повлекуваат од север и ги концентрираат своите напори да нападнат на исток, да ја […]

Анкета: Се намалува разликата помеѓу Макрон и Ле Пен


Се намалува разликата меѓу Емануел Макрон и Марин Ле Пен, додека Жан-Лук Меланшон е на третото место. Пад на рејтингот е забележан и кај претседателските кандидати Ерик Земур и Валери Пекрес, покажуваат резултатите од најновата анкета, јави дописникот на МИА. Според анкетата на Ифоп, изработена за „Журнал ди Диманш“, 27 проценти од испитаниците изјавиле дека […]