Блокирана задолжителната вакцинација на илјадници здравствени работници во 10 американски држави


Федералниот суд вчера ја суспендираше одлуката на американската Влада за наметнување задолжителна вакцинација против Ковид-19 на илјадници здравствени работници во 10 држави, кои беа првите што поднесоа жалба против таквото барање. Во судската одлука се вели дека федералните Центри за медицинска нега и помош немаат експлицитни овластувања од Конгресот да воведат задолжителни вакцини за давателите …

Блокирана задолжителната вакцинација на илјадници здравствени работници во 10 американски држави Read More »

Барбадос прогласен за република, крај на ерата на британската круна


Барбадос, островска држава во Карипското Море, денеска официјално стана република, што значи дека британската кралица Елизабета Втора повеќе ја нема титулата шеф на таа држава. На церемонијата на прогласување, на која присуствуваше и принцот Чарлс, беше симнато знамето на британската монархија, додека генералната гувернерка Сандра Мејсон положи заклетва како прва претседателка на Барбадос. Барбадос во …

Барбадос прогласен за република, крај на ерата на британската круна Read More »

Омикрон го загрижи светот


Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира новиот вид на коронавирусот Омикрон како „многу висок“ глобален ризик. Во документот СЗО нагласува дека научниците сè уште многу малку знаат како Омикрон ќе влијае на текот на пандемијата. – Омикрон имаа мутации чиј број е без преседан, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз развојот на пандемијата. Вкупниот глобален …

Омикрон го загрижи светот Read More »

Бајден: Омикрон е причина за загриженост, но не и за паника


Претседателот на САД Џо Бајден денеска се обрати до нацијата и одговараше на прашања околу новиот вид на Ковид-19. Именуван како Омикрон, вирусот најпрвин беше откриен во Јужна Африка, за потоа да се прошири најмалку во 14 земји. Претседателот рече дека Омикрон е причина за загриженост, но не и за паника, уште еднаш повика на масовна вакцинација …

Бајден: Омикрон е причина за загриженост, но не и за паника Read More »

Андерсон повторно е избрана за премиерка на Шведскa


Шведска- Магдалена Андерсон повторно е избрана за премиерка на Шведска, неколку дена откако помина на функцијата само неколку часа. Пратениците ја поддржаа 54-годишната социјалдемократка со тесна разлика на денешното гласање и таа ќе се обиде да ја води еднопартиската влада до изборите следниот септември. Андерсон во четвртокот првпат беше избрана за премиерка, прва во историјата …

Андерсон повторно е избрана за премиерка на Шведскa Read More »

Нов проект „Европска редакција“ со 16 новински агенции од ЕУ и од Западниот Балкан


Белгија– Од почетокот на идната година треба со работа да почне проектот „Европска редакција“ со 16 новински агенции од ЕУ и од Западниот Балкан, ко-финансиран од Европската Комисија, јавува дописничката на МИА од Брисел. Европската комисија ја официјализираше оваа вест денеска. – Комисијата најавува дека ќе го поддржи развојот на „Европска редакција“ што ќе здружи …

Нов проект „Европска редакција“ со 16 новински агенции од ЕУ и од Западниот Балкан Read More »

Нов ЕУ самит поради сојот Омикрон


Белгија– Се очекува наскоро лидерите на ЕУ да се состанат за вонреден лидерски самит на кој ќе се дискутира за европската стратегија откако се појави новиот сој на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел. Додека земјите членки на ЕУ поединечно почнаа да воведуваат нови рестрикции за слободното движење во Унијата, Европската Комисија денеска ги повика да не го прават тоа …

Нов ЕУ самит поради сојот Омикрон Read More »

„Подароци од срце“ е Божиќната тема на Бајденс во Белата куќа (фото)


САД – „Подароци од срце“ е темата на првиот Божиќ на претседателот Џо Бајден во Белата куќа. Првата дама Џил Бајден ги откри украсите кои одговараат на темата, за кои се вели дека се инспирирани од луѓето што двојката ги запознала додека патувале низ земјата оваа година. „Додека ја прославуваме нашата прва празнична сезона во …

„Подароци од срце“ е Божиќната тема на Бајденс во Белата куќа (фото) Read More »

(Видео) Жена во Австралија го запали хотелот во кој била сместена во карантин


Жена во Австралија е уапсена откако наводно го запалила хотелот во кој била сместена заедно со своите две деца, во задолжителен двонеделен карантин. Огнот во неделата го зафатил горниот кат на хотелот „Пацифик“ во градот Карис на североистокот на земјата, при што 160 луѓе биле евакуирани. Повредени нема, но причинета е голема материјална штета. Властите …

(Видео) Жена во Австралија го запали хотелот во кој била сместена во карантин Read More »

Меркел, Фон дер Лајен и Тедрос: На светот му е потребен нов договор за пандемии


Швајцарија– Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека на Светската здравствена организација и треба сигурно финансирање со поголеми донации од земјите-членки. Таа го поддржа почетокот на преговорите за обврзувачки меѓународен договор за спречување на пандемии. „Катастрофалното влијание на пандемијата Ковид-19 врз здравјето и економијата треба да ни биде лекција“, рече таа во видео пораката на …

Меркел, Фон дер Лајен и Тедрос: На светот му е потребен нов договор за пандемии Read More »

И Дедо Мраз засегнат од корона-пандемијата и вакцините


Германија – Многумина во Германија се прашуваат дали Ковид-19 ќе го попречи Дедо Мраз да раздава подароци? Властите велат ако тој има ковид-сертификат – нема да има проблеми. Со ѕвонови и пеење божиќни песни, група мажи и жени облечени како дедомразовци и ангели ги поздравуваат граѓаните и им делат подароци на децата… Многу луѓе во нормални …

И Дедо Мраз засегнат од корона-пандемијата и вакцините Read More »

Австралија го суспендираше повторното отворање на границите поради Омикрон


Австралија- Австралија денеска го одложи планираното повторно отворање на границите за студенти и квалификувани работници, наведувајќи ја неизвесноста за опасностите и преносливоста на новиот сој коронавирус Омикрон. Австралискиот премиер Скот Морисон по вонредната седница рече дека отворањето нема да биде на 1 декември како што беше планирано и дека ќе биде одложено за најмалку две …

Австралија го суспендираше повторното отворање на границите поради Омикрон Read More »

Германски експерт: Омикрон можеби се развил кај пациент со ХИВ


Изненадувачки големиот број мутации во новиот вид на корона вирусот омикрон можел да се случи кај еден пациент кој боледувал од имунодефициенција, на пример ХИВ, тврди генералниот секретар на Германското имунолошко друштво, Карстен Вацл. Вацл вели дека тоа е замисливо и веројатно, бидејќи веќе има истражувања за други случаи кои го докажуваат тоа. Многу пациенти …

Германски експерт: Омикрон можеби се развил кај пациент со ХИВ Read More »

Пластичните бариери нема да Ве заштитат од Ковид-19


Интуицијата ни кажува дека пластичен штит помеѓу двајца луѓе би требало да штити од бактерии, како и од Ковид-19. Но, научниците кои ги проучуваат аеросолите, движењето на воздухот и вентилацијата велат дека таквите бариери само даваат лажно чувство на сигурност. А, понекогаш тие можат да ги влошат работите. Истражувањата покажуваат дека во некои случаи, бариерите …

Пластичните бариери нема да Ве заштитат од Ковид-19 Read More »

СЗО: Сојот Омикрон е „многу висок“ глобален ризик


Австрија – Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира новиот сој на коронавирусот Омикрон како „многу висок“ глобален ризик. Во документот објавен денеска СЗО нагласува дека научниците сè уште многу малку знаат како сојот Омикрон ќе влијае на текот на пандемијата. – Омикрон имаа мутации чиј број е без преседан, од кои некои се загрижувачки поради нивното …

СЗО: Сојот Омикрон е „многу висок“ глобален ризик Read More »

Голем број германски компании планираат зголемување на цените


Голем број компании во Германија, поголеми од кога било досега, планираат да ги зголемат цените во следните три месеци, покажуваат резултатите од истражувањето на минхенскиот институт ИФО. Индексот на очекуваните цени, пресметан од ИФО, во ноември се искачи на 45 поени од октомвриското ниво од 41 поен, што е негово највисоко ниво од почетокот на …

Голем број германски компании планираат зголемување на цените Read More »

Првиот електричен товарен брод го заврши патувањето


Првиот електричен товарен брод број наречен Yara Birkeland го заврши своето прво патување во Норвешка. Yara Birkeland пловеше 14 километри од Порсгрун до пристаништето Бревик, соопшти компанијата Yara. Како производител на ѓубрива, компанијата правеше 40.000 патувања со камиони годишно како дел од транспортот на своите производи до пристаништето Бревик за извоз. Овој товарен брод ќе …

Првиот електричен товарен брод го заврши патувањето Read More »

Омикрон предизвика нови реакции од владите во светот


Откако е откриен во Јужна Африка, најновиот сој на корона вирусот – омикрон, со молскавична брзина се шири по светот, поради што земјите се затвораат за странци. Како што беше објавено минатата недела, се стравува дека омикрон е позаразен од делта сојот кој го предивикз ачетвртиот бран на пандемијата. СЗО не ги потврди овие информации …

Омикрон предизвика нови реакции од владите во светот Read More »

Дали вакцините ќе ја спречат варијантата Омикрон?


Дали вакцините ќе ја спречат варијантата на коронавирусот Омикрон, прашува Њујорк Тајмс. Новата верзија предизвикува нова загриженост, бидејќи ако се покаже дека постоечките вакцини не влијаат на тоа, тие ќе мора да се модифицираат, забележува американското издание. Наспроти позадината на прекинот на воздушните врси со Јужна Африка и стравувањата од нов глобален бран на коронавирус …

Дали вакцините ќе ја спречат варијантата Омикрон? Read More »

Јапонија поради новиот сој Омикрон ги затвора границите за странци


Соочена со новиот сој на коронавирусот, Омикрон, Јапонија од утре ќе ги затвори границите за странци, изјави премиерот Фумио Кишида. – Ќе забраниме секаков прием на странски државјани од целиот свет од 30 ноември, изјави Кишида. Тој додаде дека целта е да се избегне најлошиот тек на настаните, и оти тоа е привремена мерка. – …

Јапонија поради новиот сој Омикрон ги затвора границите за странци Read More »