СМО: Топлотните бранови пред почетокот на летото во Европа се најава за она што следува


Топлотните бранови ќе се случуваат сè порано и сè почесто во иднина, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (СМО), посочувајќи на топлотните бранови кои зафатија делови од Европа оваа година уште пред официјалниот почеток на летото. – За жал, денес сме сведоци како ќе изгледа иднината, рече Клер Нулис, портпаролка на Светската метеоролошка организација. Екстремно високите […]

Украина од ММФ доби заем од 770 милиони долари


Украина доби заем од 770 милиони американски долари по повластени услови од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). – Благодарен сум на канадската вицепремиерка Кристи Фриланд за нејзината поддршка и сеопфатна помош за Украина во борбата против агресорите, напиша на Твитер украинскиот премиер Денис Шмигал. Тоа се првите средства што Украина ги повлекува од специјалната сметка што […]

Украина уништи реморкер кој носел оружје и војска на Змискиот остров (видео)


  Украинската морнарица го уништи рускиот реморкер „Василиј Бек“, кој доставуваше муниција, оружје и воен персонал на окупираниот Змиски остров. Украинската морнарица напиша за ова на својот Фејсбук. На реморкерот бил инсталиран противвоздушен ракетен систем „Тор“, се вели во соопштението на украинската морнарица, но тоа не го спречило бродот да биде погоден. Киев објави дека […]

Украина и Молдавија засега нема да добиваат ИПА фондови 


Белгија– И покрај препораката за кандидатски статус во ЕУ Украина и Молдавија нема да влезат во претпристапните фондови, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова денес го потврдија високи извори во Европската Комисија, по најавата дека се препорачува Украина и Молдавија да станат официјално земји кандидати за членство во ЕУ. – Нема автоматизам тука, претпристапниот […]

Абрамович ја префрлил сопственоста на своите луксузни авиони од 400 милиони долари на своите деца кога Русија ја нападна Украина, тврди ФБИ


САД- Олигархот Роман Абрамович префрлил милиони средства на своите деца истиот месец кога Русија ја нападна Украина, се тврди агент на ФБИ во судските документи поднесени во понеделникот во јужниот округ на Њујорк. Рускиот милијардер ги направи своите деца корисници на два трустови кои ја контролираат мрежата на компании со седиште во Кипар, Џерси и […]

ЕК официјално препорача кандидатски статус за ЕУ на Украина и на Молдавија


Европската Комисија предлага на Украина да ѝ биде доделен статус на кандидат за членство во Европската Унија. Претседателката Урсула фон дер Лајен изјави дека Комисијата предлага „на Украина да ѝ се даде кандидатски статус. Ова, секако, се разбира откако земјата ќе спроведе бројни дополнителни реформи“. Today, the @EU_Commission has adopted its Opinions on the membership […]

Асанж ќе биде испорачан на САД: Британската министерка даде „зелено светло“


  Минситерката за внатрешни работи на Велика Британија, Прити Пател го одобри испорачувањето на соосновачот на „Викиликс3, Џулијан Асанж на САД. Случајот, минатиот месец е проследен до министерот за внатрешни работи откако Врховниот суд одлучи дека нема правни прашања во врска со уверувањата на американските власти за тоа како ќе постапуваат со него. Иако Пател […]

Во Франција веќе не се испорачува природен гас од Русија


 Франција веќе не прима природен гас од Русија преку гасовод од 15 јуни, соопшти денеска мрежниот оператор ГРТгаз, откако рускиот енергетски гигант Газпром оваа недела предупреди дека остро ќе ја намали испораката во Европа. „Газпром“ соопшти дека намалувањето на снабдувањето преку гасоводот „Северен поток“ е резултат на поправка. Сепак, претставниците на ЕУ веруваат дека Москва […]

Латвија ќе руши 300 споменици кои глорифицираат тоталитарни режими


Латвија донесе закон според кој сите споменици и други објекти кои глорифицираат тоталитарни режими треба да се отстраната до 15 ноември. Во уредбата советскиот Споменик на победата во Рига се наведува меѓу оние кои мора да се срушат, што е одобрено и до градското собрание. Во законот се наведени поколу 300 споменици, спомен-плочи и споменични […]

Филмски сцени во Сирија: За седум минути фатен еден од водачите на Исламска држава


Висок лидер на Исламска држава бил фатен во средата вечерта во напад во северна Сирија, според коалициските сили предводени од САД. Хани Ахмед ал Курди беше искусен произведувач на бомби и оперативен модератор, се вели во извештајот на коалицијата. Набљудувачката група соопшти дека војниците заминале со два хеликоптери во близина на турската граница, во селото […]

Две жртви при пукање во црква во Алабама


Две лица загинаа, а едно е повредено при пукање во црква во американската држава Алабама. Напаѓачот е уапсен, соопштија денеска властите. Пукањето се случило за време на собир на мала група луѓе во епископската црква „Свети Стефан“ во Веставија Хилс, град со околу 34.000 жители. Уапсениот влегол во црквата и пукал, при што повредени се […]

СЗО бара глобална промена во грижата за менталното здравје


Светската здравствена организација (СЗО) повика на глобална промена во грижата за менталното здравје, наведувајќи го наглиот пораст на проблемите поврзани со ова прашање од почетокот на пандемијата, јави ДПА. Депресијата и анксиозноста се зголемени за 25 отсто само во првата година од пандемијата од Ковид-19, информира организацијата. Во 2019 година, пред да започне пандемијата, околу […]

Мексиканските власти пронајдоа камион со 377 мигранти од 14 земји


Мексиканските имиграциски власти соопштија дека пронашле вистински обединети нации од мигранти во камион. Националниот институт за имиграција на Мексико соопшти дека камионот превезувал мигранти од Бангладеш, Индија, Непал, Јемен, Узбекистан и Јужна Африка. Во него имало и луѓе од Куба, Доминиканската Република, Еквадор, Гватемала, Хондурас, Никарагва, Ел Салвадор и Венецуела. Агентите го пронајдоа камионот паркиран […]

Бајден: Рецесијата во САД не е неизбежна и има причини за оптимизам


Рецесијата во САД не е неизбежна и има причини за оптимизам, истакна денеска американскиот претседател Џо Бајден. Тој коментираше предупредувања на економисти за можен пат на САД кон рецесија. Според Бајден, американскиот народ е „многу, многу депресивен“ по две бурни години со пандемијата од Ковид-19, економската нестабилност и најновиот раст на цените на горивото што […]

УНИЦЕФ предупредува на рекордно висок број на деца бегалци ширум светот


До крајот на 2021 година, повеќе деца отколку кога било од Втората светска војна се нашле во бегство поради конфликти, насилство и други кризи ширум светот, соопшти УНИЦЕФ. Според УНИЦЕФ, околу 36,5 милиони деца биле принудени да ги напуштат своите домови, а речиси 22,8 милиони се раселени како резултат на конфликти и насилство. Бројките претставуваат […]

Благ пораст на бројот на починати од Ковид-19 во светот


По пет недели во кои бројот на починати од Ковид-19 во светот се намалуваше, ситуацијата се менува, па во последната седмица бројот на починати е за четири отсто поголем од една недела претходно, покажуваат податоците на Светската здравствена организација. Според овие податоци, во светот од 6 до 15 јуни починале 8.700 луѓе. Во исто време, […]

Европските лидери во Киев ветија повеќе оружје и пат кон ЕУ за Украина


  КИЕВ – Четворица европски лидери ја изразија својата поддршка за Украина во четвртокот кога се состанаа со претседателот Володимир Зеленски, ветувајќи дека ќе ја поддржат кандидатурата на Киев за евентуално пристапување во Европската унија и нудејќи повеќе оружје за да ја одбрани руската инвазија. Францускиот претседател Емануел Макрон ѝ вети на Украина уште шест […]

Новиот топлотен бран донесе шумски пожари, кои ја опустошуваат Каталонија


 Три шумски пожари, кои од вчера ја зафатија источна Шпанија, уништија 1.600 хектари борова шума и ниска вегетација, а топлотен бран донесе рекордно високи температури, соопштија денеска регионалните пожарникари. Стотици пожарникари се на терен и се борат со пожарите со 120 камиони и 19 канадери во близина на градовите Балдомар, Корбера д’Ебре и Кастелар Рибера, […]

Холандија спречи руски шпион да се инфилтрира во Меѓународниот кривичен суд


  Холандското разузнавање откри дека шпион кој работел за руската воена разузнавачка служба, ГРУ, користел лажен бразилски идентитет за да патува од Бразил во Холандија. Шпионот требаше да започне стажирање во Меѓународниот кривичен суд, што би значело дека ќе има пристап до зградата и системите на МКС. Тој беше приведен по пристигнувањето во Холандија и […]

Рекордни горештини во САД – предупредување до граѓаните да не излегуваат надвор


САД– Властите во Соединетите Американски Држави апелираа до повеќе од 100 милиони Американци да не излегуваат надвор поради рекордните топлотни бранови, а експертите предупредуваат дека таквите температури може да станат вообичаени во услови на климатските промени. Според Гардијан, од вчера, дури 107,5 милиони луѓе, што е повеќе од една третина од населението, се предупредени да останат […]