Невеста на венчавка во Иран погодена со куршум во главата, паднала во кома, па починала


 

Невеста во Иран убиена е на својата вечавка кога роднина на зетот, во склоп на традицијата пукал, а заталканиот куршум ја погодил невестата во глава.

Махваш Легеи се венчавала во градот Фирузабад кога гостин, за кој се верува дека е родинина на младоженецот, пукал од ловечка пушка за која немал дозвола. Куршумот поминал низ главата на невестата.

Паднала во кома, па починала

Полицајците откриле дека некој пукал од ловечка пушка како штое традиција во номадските народи. Гостинот потоа побегнал, но набрзо е најден заедно со пушката од која пукал.

Полицискиот портпарол рекол дека 24-годишната младенка паднала во кома и дека набрзо починала. Застрелани се и уште двајца други кои не се животно загрозени, пишува Дејли меил. Напаѓачот е идентификуван како 36-годишник, роднина на зетот.

Семејството ги донираше органите
Семејството на невестата одлучи органите да ги донира, а со тоа им помогнаа на тројца други. Нејзиниот чичко вели дека таа била социјална работничка и им помагала на зависници да се опорават и дека пред три месеци одлучила да добие донорска картичка.