Олена Зеленска во посета на САД – ќе се обрати пред американскиот Конгрес


 

САД – Првата дама на Украина, Олена Зеленска, во понеделникот се состана со државниот секретар Антони Блинкен, кога ја започна серијата на средби од висок профил во Вашингтон, меѓу нив и со американската колешка Џил Бајден.

Сино-жолтите украински знамиња се вееа заедно со американските на авенијата Пенсилванија додека Зеленска се упати кон нејзиниот прв најавен настан во Соединетите држави, средбата со Блинкен.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс рече дека државниот секретар ја уверил Зеленска за посветеноста на САД кон Украина. Блинкен, исто така, ја пофали за нејзината работа со цивили кои се справуваат со трауми и други штети од војната.

Првата дама во понеделникот се сретна и со Саманта Пауер, шеф на американската агенција за меѓународен развој. Агенцијата даде милијарди долари за поддршка на владата на Украина и за хуманитарните потреби и работи на олеснување на глобалниот недостиг на храна отежнат од војната во Русија.

Стејт департментот објави, а потоа го откажа планираното кратко појавување на Блинкен и Зеленска пред тамошните фотографи.  Зеленска не патува како официјален претставник на владата на нејзиниот сопруг, претседателот Володимир Зеленски.

Зеленска студирала архитектура на колеџ, но работела како сценарист на комедии, вклучително и за Зеленскиј, кој беше комичар со популарно телевизиско шоу пред да ја добие претседателската функција во 2019 година.

За време на војната, Зеленски доби восхит од Украинците и поддржувачите на Украина во странство со тоа што остана во главниот град Киев, откако рускиот претседател Владимир Путин го започна својот напад врз Украина во февруари.

Зеленска во голема мера исчезна со двете деца на двојката во првите месеци по инвазијата. Во интервју за магазинот Тајм овој месец, таа опиша дека војната ја принудила да се засолни од Зеленски од безбедносни причини уште од првите часови на руското бомбардирање. Нивните деца, како и другите Украинци, оттогаш главно го гледаат Зеленски во ноќните видео обраќања што тој ги упатува во земјата.

Зеленска излезе од излолацијата на 8 мај за да ја поздрави Џил Бајден, која беше во ненајавена посета на западна Украина.

Двете први дами потоа се сретнаа во училиште, каде што се гушкаа, разговараа и им се придружија на учениците што правеа мечки од хартија како подарок за Денот на мајката.

Зеленска од таа средба зазеде повисок јавен профил. Тоа вклучува давање повеќе интервјуа во весниците за борбите на Украина и за нејзините проекти за време на конфликтот. Таа промовираше советување за милиони Украинци кои сега се справуваат со тага и траума.

Таа се состана со Џил Бајден во Белата куќа во вторник и ќе зборува во аудиториумот на Конгресот во Капитол пред пратениците во среда. Нејзиниот сопруг доби овации од членовите на конгресот во видео обраќање до пратениците во истата аудиториум претходно во војната. (АП)