Руската опозициска телевизија Дожд ја обнови работата


  Руската ТВ станица Дожд, која беше блокирана во март, бидејќи владата ги отсече независните медиуми по инвазијата на Украина, во понеделникот почна да емитува програма од странство. Во 19 часот по средноевропско време, станицата почна да емитува програма преку својот канал на Јутјуб, водена од Тихон Џјадко, уредник и главен и главен презентер на […]

Путин го разреши Михаил Виноградов од функцијата руски комесар во Европскиот суд за човекови права


Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Михаил Виноградов од функцијата руски комесар во Европскиот суд за човекови права, објавено е денеска на официјалниот портал за правни информации. – Началникот на главниот оддел за меѓународна правна соработка на Генералното обвинителство на Русија, Михаил Владимирович Виноградов е разрешен од должноста овластен претставник на Русија во Европскиот суд […]

ЕУ ќе добива повеќе гас од Азербејџан


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Азербејџан Илхам Алиев денеска во Баку потпишаа Меморандум за разбирање за стратешко партнерство во енергетскиот сектор. Меморандумот предвидува обврска да се удвои капацитетот на гасоводот Јужен гасен коридор со цел до 2027 година да испорачува најмалку 20 милијарди кубни метри гас годишно во ЕУ. […]

Киев: Шестмина мртви при руско гранатирање на источниот град Торецк


Шест лица загинаа во руското гранатирање на Торецк, град во источниот украински регион Донбас, соопшти денеска Украинската државна служба за вонредни состојби. „Една зграда е уништена од граната во Торечко, во напад извршен претпладнето. Спасувачите извлекле пет тела, се вели во соопштението на Службата објавено на Фејсбук проследено со фотографија од урнатините. Од остатоците на […]

Германски министер: Да му се верува на Путин дека ќе го ослободи Црното Море е исто како да веруваш во Дедо Мраз


  Официјални лица во Киев и во Брисел се скептични дека напорите за ослободување на милиони тони украинско жито што се блокирани од Русија ќе бидат ослободени, иако ОН, кои го спонзорираат договорот, бараат напредок. Германскиот министер за земјоделство Џем Оздемир во понеделникот рече дека верувањето во уверувањата на рускиот претседател Владимир Путин е слично […]

Овчар е втора жртва од пожарите во Шпанија


Во пожарите што беснеат во северозападна Шпанија загина овчар, соопштија денеска локалните власти, што е втор смртен случај откако вчера загина пожарникар во истата област. Телото на 69-годишниот маж е пронајдено четири километри западно од Ескобер де Табара во провинцијата Замора, во област која изгоре од шумски пожар што избувна во соседната општина Лосасио, соопшти локалната власт. […]

Германски климатолог предупредува: Земјата се прегрева


  Германскиот климатолог Мохиб латиф вели дека предоцна е за ограничување на глобалното затоплување на најмногу 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустискиот период. Затоа овој стручњак прогнозира мрачно сценарио. Латив порачува дека според сегашното однесување на политиката, целта ограничување на глобалното загревање на 1,5 степени, може да се позтигне дури за 10 години, што […]

ЕУ обезбеди уште 54.000 вакцини против мајмунски сипаници


Европската комисија обезбеди дополнителни 54.000 дози вакцини против мајмунски сипаници, развиени од биотехнолошката мултинационална компанија „Бавариан Нордик“. Дополнителната набавка следи по првиот договор склучен во јуни, кога Европската унија нарача околу 110.000 дози вакцина против мајмунски сипаници од таа компанија. „Загрижена сум поради зголемениот број случаи на мајмунски сипаници во ЕУ“, наведе еврокомесарката за здравство […]

Шојгу им нареди на генералите да ги уништат западните ракетни лансери во Украина


  Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу им нареди на генералите да им дадат приоритет на уништувањето на ракетното и артилериското оружје на Украина со долг дострел, откако оружјето испорачано од Запад беше употребено за удар на руските линии за снабдување. Речиси пет месеци откако претседателот Владимир Путин нареди инвазија на Украина на 24 февруари, […]

Министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија за уште 500 милиони евра воена помош за Украина


Министрите за надворешни работи на Европската Унија се согласија за дополнителни 500 милиони евра воена помош за Украина, информираше денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. „Европа продолжува да испорачува за мир и одбрана на нашите вредности“, напиша тој на Твитер, соопштувајќи ја одлуката. Со оваа одлука, донесена на состанокот на министрите за надворешни работи […]

Долги редици во Њујорк за вакцинирање против мајмунски сипаници


Њујорк, град со осум милиони жители, стана епицентар на мајмунски сипаници и неговите жители, главно мажи на возраст меѓу 20 и 40 години, брзаат да се вакцинираат, формирајќи долги редици пред медицинските центри. Во тој град во мај се појавија првите случаи на мајмунски сипаници, а на крајот на минатата недела се евидентирани 461 случај […]

Се судрија два авиони, сите патници загинаа


  САД- Четири лица загинаа во судир на два авиони во воздух на меѓународниот аеродром Хари Рид во Лас Вегас, јави агенцијата АП, повикувајќи се на американските служби за итни случаи.   Според агенцијата, четири лица биле во двeтe лесни летала и сите загинале. Прелиминарната истрага укажува дека авионот „Пајпер ПА-46“ требало да слета кога […]

ЕУ предупредува дека руската блокада врз Украина за житото може да изгладне илјадници


 Руската блокада на украинските пристаништа е закана за снабдувањето со жито за десетици илјади луѓе и мора да биде прекината, предупреди денеска шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел. – Тоа е прашање на живот и смрт за многу човечки суштества. И прашањето е дека Русија мора да деблокира и да дозволи извоз на […]

Вооружен напаѓач уби три лица во трговски центар во Индијана


Вооружен напаѓач уби три лица во ресторан во трговски центар во предградие на Индијанаполис во американската држава Индијана. Напаѓачот е убиен од вооружен случаен минувач, соопшти полицијата. Машкото лице синоќа со пушка влегло во трговскиот центар Гринвуд Парк и почнало да пука во ресторан, појасни шефот на полицијата на Гринвуд, Џим Ајсон. Според Ајсон, две […]

Два случаја на вирусот Марбург во Гана, 90 лица во карантин


Во Гана се откриени два случаја на вирусот Марбург, хеморагична треска смртоносна колку и еболата. Овие случаи се првите во земјата, соопштија здравствените власти. По сомнение за зараза со вирусот Марбург, на 8 јули се земени примероци крв од две лица во регионот Ашанти. „Ова е првпат Гана да потврди присустно на Марбург вирусот“, се […]

Шолц: Нема укинување на санкциите против Русија за диктиран мир


ЕУ нема да ги повлече санкциите воведени кон Русија поради нејзината агресија врз Украина, доколку Москва и Киев потпишат мировен договор под руски услови, нагласи германскиот канцелар Олаф Шолц. „Дел од новата реалност е дека и ЕУ се консолидираше. Таа реагираше прилично едногласно на руската агресија и воведе досега невидени остри казнени мерки. Од самиот […]

Во Британија денеска се очекува најтоплиот ден во историјата


Велика Британија денеска би можела да го има најтоплиот ден во историјата, бидејќи се очекува температурите да достигнат до 41 Целзиусов степен. Метеоролошката служба издаде црвено предупредување за високи температури во многу делови на Англија – од Јорк и Манчестер до Лондон и југоисточниот дел на државата, јави Би-Би-Си. Највисоката температура некогаш забележана во Британија […]

Над 1.000 градоначалници потпишаа петиција за Драги да остане премиер на Италија


Над 1.000 италијански градоначалници потпишаа петиција со што се бара премиерот Марио Драги, кој во четвртокот понуди оставка, да остане на својата должност. „Владата мора да продолжи“ со работа, се тврди во петицијата, а меѓу потпишаните се и градоначалниците на Фиренца, Рим, Венеција. Претседателот Серџо Матарела не ја прифати оставката на Драги и го повика […]

Зеленски издаде наредби за смена на шефот на ДБ и на главната обвинителка


Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа издаде наредби за смена на шефот на украинската Служба за државна безбедност и на главната обвинителка. Наредбите за смена на Иван Баканов, пријател на Зеленски од детството, како и на Ирина Венедиктова, која врши напори за процесуирање руски воени злосторства во Украина, објавени се на официјалната веб страница на […]

Во Шри Ланка прогласена вонредна состојба


Вршителот на должноста претседател на Шри Ланка Ранил Викремесинг прогласи вонредна состојба во државата, додека неговата администрација се обидува да ги смири социјалните немири што произлегуваат од економската криза. „Тоа е со цел, во интерес на јавната безбедност, заштита на јавниот ред и одржување на снабдувањето и услугите од суштинско значење за животот на заедницата“, […]